Обама:„Ново летало до 2025, а до 2030 и луѓе во орбитата на Марс“

  • Креатор на темата Borg_Drone
  • Време на започнување

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.435
Поени од реакции
5.128
Браво, темава заврши во подфорумот „Авијација“ зошто не знаете да се држите до неа.
Ете ви ја, јас се повлекувам.
Според тоа што се дискутираше можи требаше да заврши во Мистерии, ама мислам дека ваква тема е за во Наука.
 

Polar Bear

Absolute Predator
Член од
22 април 2010
Мислења
51
Поени од реакции
2
Обама:„Ново летало до 2025, а до 2030 и луѓе во орбитата на Марс“

Најверојатно е дека Обама ќе лета за три години...
 
Член од
26 август 2008
Мислења
2.165
Поени од реакции
58
Имаш гугл, па прогуглај малце да видиш дека знамето има вградено метална жица за да седи исправено. Евети едно видео за да видиш како се однесува знамето во вакум.

pa zatoa i zboram,proguglav i vidov kako e objasneto,"a be ne e od veterot,ZIMI MAJKA ima vgradeno zica,ako ne veruvate idete pa videte
 
?

..........

Гостин
pa zatoa i zboram,proguglav i vidov kako e objasneto,"a be ne e od veterot,ZIMI MAJKA ima vgradeno zica,ako ne veruvate idete pa videte
Повторно ке кажам, извини дечко али твојава логика е најглупа на свет, значи јас ја немам видено ајфеловата кула со свои очи никогаш не сум бил во Парис и нејзиното постоење е на “жими мајка“ ти напоменав и претходно, земи телескоп разгледај по месечината ќе го видиш и знамето и стапките кај што стапмале астронаутите сеуште стојат, ете ти здрав и веродостоен доказ,, да се убедиш со твои очи, оти со инка не се сипува а’кл..
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.435
Поени од реакции
5.128
Обама:„Ново летало до 2025, а до 2030 и луѓе во орбитата на Марс“

Најверојатно е дека Обама ќе лета за три години...
:vozbud:
Хахаха, колку иронично кажано!

И може да биди вистина....
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Повторно ке кажам, извини дечко али твојава логика е најглупа на свет, значи јас ја немам видено ајфеловата кула со свои очи никогаш не сум бил во Парис и нејзиното постоење е на “жими мајка“ ти напоменав и претходно, земи телескоп разгледај по месечината ќе го видиш и знамето и стапките кај што стапмале астронаутите сеуште стојат, ете ти здрав и веродостоен доказ,, да се убедиш со твои очи, оти со инка не се сипува а’кл..
се гледаат стапките??? тогаш нема проблем за бустерите на орлите, а и џипот???? има ли некоја фотографија низ телескоп....негде на интернет????
 
Член од
26 август 2008
Мислења
2.165
Поени од реакции
58
Повторно ке кажам, извини дечко али твојава логика е најглупа на свет, значи јас ја немам видено ајфеловата кула со свои очи никогаш не сум бил во Парис и нејзиното постоење е на “жими мајка“ ти напоменав и претходно, земи телескоп разгледај по месечината ќе го видиш и знамето и стапките кај што стапмале астронаутите сеуште стојат, ете ти здрав и веродостоен доказ,, да се убедиш со твои очи, оти со инка не се сипува а’кл..
hehhee bash isto e
ajfelovata kula ja videle milijardi lugje,a sletuvanjeto na mesecinata samo nekolkumina vo zivo,i aj kazi od kaj moze da odam i preku teleskop da go vidam i znameto na mesecinata?a i kazi molim te kako moze da vidam deka e toa postaveno od lugje,a ne od nekoj robot?
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.435
Поени од реакции
5.128
hehhee bash isto e
ajfelovata kula ja videle milijardi lugje,a sletuvanjeto na mesecinata samo nekolkumina vo zivo,i aj kazi od kaj moze da odam i preku teleskop da go vidam i znameto na mesecinata?a i kazi molim te kako moze da vidam deka e toa postaveno od lugje,a ne od nekoj robot?
Според твоиве теории, ништо не е вистина.

И ај сега, од каде знаеш дека Ајфеловата кула е градена од луѓе, од каде знаеш дека Обама не е рептил и сл. глупости?
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Повторно ке кажам, извини дечко али твојава логика е најглупа на свет, значи јас ја немам видено ајфеловата кула со свои очи никогаш не сум бил во Парис и нејзиното постоење е на “жими мајка“ ти напоменав и претходно, земи телескоп разгледај по месечината ќе го видиш и знамето и стапките кај што стапмале астронаутите сеуште стојат, ете ти здрав и веродостоен доказ,, да се убедиш со твои очи, оти со инка не се сипува а’кл..
Ајфелова Кула е реална.Јас и уште неколку стотици милиони луѓе ја имаме видено.
Него дај кажи бато со кој тоа телескоп може да се види американското знаме на месечината па и стапките од пред 40 г.???
 
Член од
6 август 2009
Мислења
19
Поени од реакции
3
Прикажете си го тоа така и сторијата за Аполо може да звучи многу добро - “наместена работа”.

Но, зошто да веруваме на овие приказни? Какви докази постојат, навистина, дека Аполо програмата однесе луѓе на Месечината и ги врати безбедно назад на Земјата?

Фил Плејт (Phil Plait), астроном на универзитетот Сонома во Калифорнија, и еден од креаторите на “BadAstronomy.com”, ги кажува неговите причини.
“Ако се трудам да ги наместам фотографиите, јас сигурно би ставил ѕвезди на позадината” - изјави тој за поборниците кои велат дека на фотографиите од Аполо им фалат ѕвезди. “Ако сето тоа било превидено, тогаш е неверојатно глупава работа за да се заборави, сметајќи на големината на потфатот. Да не споменувам дека на начинот на кој што работат фотоапаратите, фотографирањето на ѕвезди под тие услови би било скоро невозможно. Ако се разбирате од физика и фотографија, ќе сфатите дека сите овие аргументи се смешни” - дополни Плејт.

Тогаш, зошто луѓето за ваквите идеи секогаш имаат и второ мислење? “Не сум сигурен, но имаме една вродена маана во нашите мозоци, а тоа е секогаш да веруваме во нешто во зависност од тоа колку е корисно за нас” - вели тој.

Политичката реалност во тоа време во светот значеше дека скоро е невозможно да се изведе измама од ваков размер.

“Ние отидовме на Месечината за да ги победиме Советите. Ако тие се сомневаа дека ние сме ги измамиле со овие мисии на било кој начин, тие ќе викаа на цел глас дека ова не е точно, сé додека не го потврдеа тоа”.

Сега следуваат 10 теории според кои се потврдува стапнувањето на човекот на Месечината!

Број 1: Вселената е исполнета со ѕвезди!
"Вселената е исполнета со мали точки од светлина (ѕвезди). Зошто тие не се забележуваат на фотографиите?"
Ако некогаш направите фотографија ноќе (надвор), ќе забележите дека бледите далечни објекти не се забележуваат. Тоа не е затоа што воздухот ги блокира, тоа е затоа што светлината од светлите објекти во нашата близина го осветлуваат филмот. Всушност, ако стоевте на страната на Месечината каде што е ден, ќе моравте некако да ја покриете нејзината површина, за вашите очи доволно да се адаптираат и да забележите ѕвезди.


Број 2: Големите ровери
"Нема шанси големото баги кое го возеа на Месечината да го собере во малиот модул со кој слетаа!"
Роверот беше многу умешно конструиран, направен од многу лесни материјали, и можеше да се склопи во волумен колку еден поголем кофер.


Број 3: Фантомски камерман
"Како е можно една од снимките на LEM-от како ја напушта површината, да биде следен од камера нагоре кон небото? Кој снимаше со камерата?"
Сигурно дека фотографот Ед Фендел (Ed Fendell) ќе беше далеку посреќен доколку беше на месечевата површина, наместо на неговото место во контролата на мисијата. Тој навистина беше во Хјустон и далечински ја контролираше телевизиската камера на лунарниот ровер (кој остана на површината).


Број 4: Нема кратери на местото на слетување
"Кога LEM-от слета, неговиот моќен мотор не направи длабок кратер на прашливата површина."
Под слојот од прашина, Месечината е направена од цврсти карпи. Прашината и песокот кој беше таму беше “отфрлена” како што кажуваат астронаутите, и како што се гледа на филмот од слетувањето.


Број 5: Смрт од метеор
"Вселената е преполна со супер-брзи микрометеори кои ќе пробијат низ леталото и ќе ги убијат астронаутите."
Вселената е неверојатно голема. Секако дека има непроценливо голем број на мали парчиња, кои патуваат низ Сончевиот систем со брзини и од околу 190 000 km/h, но волуменот на Вселената прави нивната густина да е многу мала. Шансата да видите како поминува микрометеор во еден кубен метар од Вселената е скоро нула. А како дополнително, скафандерите имаат еден слој на кевлар, кој треба да ги заштити од таквите мали парчиња со кои можат да се соочат.


Број 6: Течна вода на Месечината
"За да оставиш стапка, потребно е да има влага во почвата, нели?"
Не секогаш. Ако земете малку сув, добро иситнет песок како прав, многу е лесно да направите стапки на него и да ги задржите нивните форми. Честичките си ја задржуваат својата форма поради триењето меѓу нив.


Број 7: Испечен филм
"На Сонце, температурата на Месечината може да достигне вредности при кои филмот (покрај другите работи) би се стопил."
Никој не оставал незаштитен филм на топлата површина на Месечината. Целиот материјал се чувал во соодветно заштитени канистри. Во времето кога слетале мисиите Аполо, било или мугра или зора на Месечината. Како резултат на тоа, температурата била лесно поднослива.


Број 8: Повеќекратни сенки
"Сенки од повеќе агли се гледаат на сликите од Месечината. Дали имаше повеќе од еден извор на светлина, како што е голем студиски рефлектор?"
Астронаутите ги правеле нивните фотографии на ридест, добро осветлен дел од површината, додека Сонцето било близу до хоризонтот. Замислете да правите фотографија од некого на брдовито поле со снег, кое се движи за време на полна Месечина, која пак е близу до хоризонтот. Контурите на земјата ќе предизвикаат сенки во многу различни должини.


Број 9: Астронаути кои светат во темно
"Ако астронаутите ја напуштат безбедноста на Ван Аленовите појаси, зрачењето ќе ги убие."
Ван Аленовите појаси се создаваат од земјиното магнетно поле, и ја заштитуваат нашата планета од опасното сончево зрачење. Појасите ја собираат оваа радијација и ја заробуваат во појас околу Земјата. Само ако намерно се однесе вселенското летало да лебди низ овој појас многу денови, тогаш зрачењето ќе биде над опасното ниво. Астронаутите од Аполо поминаа низ овој појас за помалку од четири часа за време на целото патување. Тоа не е нешто посериозно од тоа да направиш скенирање на градите. Надвор од појасот, зрачењето многу опаѓа и е опасно само при многу долги временски периоди.


Број 10: Знамето кое се вее
"Американското знаме изгледа како да се вее на “месечевиот ветер”."
Ако погледнете подобро, ќе забележите дека краевите на знамето се затегнати цврсто. Овој ефект, кој е направен намерно за да не се дозволи знамето да стои право, е направен со вметнување на цврста жица внатре во материјалот. Ефектот на веење се направил кога астронаутите намерно искривиле дел од знамето, за подобар впечаток.


Превземено од astronomija.com.mk
Линк - http://astronomija.com.mk/vest.asp?id=443

Сме слетале на Месечината, и на Марс ќе слетаме !!!
:oeoeoe:
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.435
Поени од реакции
5.128
Ајфелова Кула е реална.Јас и уште неколку стотици милиони луѓе ја имаме видено.
Него дај кажи бато со кој тоа телескоп може да се види американското знаме на месечината па и стапките од пред 40 г.???
Хабл во вселената без проблем би можел да забележи ѓубрето што го оставиле астронаутите во Аполо мисиите, но е доста комплицирана работа.
Исто така, околу Месечината кружат доста сателити од кои некои ги имаат фотографирано остатоците (изгледаат како точки, а и немам линк од тие слики) од Аполо мисиите.

Сме слетале на Месечината, и на Марс ќе слетаме !!!
:oeoeoe:
Точно, точно, точно. цел пост, а и линкот што јас доста го постирав. :)

Ај сега, кога сме кај темата...
Слетувањето на Марс до 2030 според САД, т.е. според новиов план. Според претходниот (Констелејшн = Constelation) САД требаше да спуштат човек на Марс до 2025 година. Единствено добро во новиов план е спуштањето на човек на астероид, малото зголемување на буџетот на НАСА, и отворањето за соработка со приватни компании.

Јас колку што знам и Русите имаат сличен план за спуштање на човек на Марс до 2025-2030 година. Само што Русите веќе почнаа со подготовки и експерименти.
 
Член од
6 август 2009
Мислења
19
Поени од реакции
3
Хабл во вселената без проблем би можел да забележи ѓубрето што го оставиле астронаутите во Аполо мисиите, но е доста комплицирана работа.
Исто така, околу Месечината кружат доста сателити од кои некои ги имаат фотографирано остатоците (изгледаат како точки, а и немам линк од тие слики) од Аполо мисиите.
Да точно е дека е комплицирана работата Хабл да ги фати остатоците од мисиите на Месечината, го читав тоа на некој странски сајт сега го барам тоа, финтата било со резолуцијата и косиот агол на слетување на мисиите, поставувањето на знамето и други остатоци т.е. било некоја оптичка измама за огледалата на телескопите и затоа се гледале точки.
 

Ептен

Џомба
Член од
30 јуни 2006
Мислења
97
Поени од реакции
15
aj da vidam koga toa Rusija ,Kina i slicnite priznale oficijalno deka SAD sletale na mesecinata
Во 1969.

Кина, среде „културната револуција“ објавила статија во сите весници. А Русите од „Ѕвездениот град“ официјално им честитале на своите американски колеги.

Инаку, една анегдота поврзана со Баз Олдрин, вториот човек на Месечината: во некоја пригода, на некоја конференција, некој новинар - застапник на теоријата дека човек никогаш не слетал на месечината - почнал пред сите да му збори дека е лажго, дека сето тоа е измислица и сл. Баз Олдрин, дедо на седумдесет и кусур години, не му одговорил со зборови - со прецизен и одмерен удар му го распукал носот.
 

Nemorosus

Маршал Изет Фазлиновић
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.598
Поени од реакции
624
Јас до 2025-30, веќе ќе откривам други цивилизации :)
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Јас до 2025-30, веќе ќе откривам други цивилизации :)
хе,хе..биди сигурен, моите Клингтонци се најавени за 2017.., до 2025 сигурно ќе научиш да леташ подпросторно... :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom