Прикажете си го тоа така и сторијата за Аполо може да звучи многу добро - “наместена работа”.
Но, зошто да веруваме на овие приказни? Какви докази постојат, навистина, дека Аполо програмата однесе луѓе на Месечината и ги врати безбедно назад на Земјата?
Фил Плејт (Phil Plait), астроном на универзитетот Сонома во Калифорнија, и еден од креаторите на “BadAstronomy.com”, ги кажува неговите причини.
“Ако се трудам да ги наместам фотографиите, јас сигурно би ставил ѕвезди на позадината” - изјави тој за поборниците кои велат дека на фотографиите од Аполо им фалат ѕвезди. “Ако сето тоа било превидено, тогаш е неверојатно глупава работа за да се заборави, сметајќи на големината на потфатот. Да не споменувам дека на начинот на кој што работат фотоапаратите, фотографирањето на ѕвезди под тие услови би било скоро невозможно. Ако се разбирате од физика и фотографија, ќе сфатите дека сите овие аргументи се смешни” - дополни Плејт.
Тогаш, зошто луѓето за ваквите идеи секогаш имаат и второ мислење? “Не сум сигурен, но имаме една вродена маана во нашите мозоци, а тоа е секогаш да веруваме во нешто во зависност од тоа колку е корисно за нас” - вели тој.
Политичката реалност во тоа време во светот значеше дека скоро е невозможно да се изведе измама од ваков размер.
“Ние отидовме на Месечината за да ги победиме Советите. Ако тие се сомневаа дека ние сме ги измамиле со овие мисии на било кој начин, тие ќе викаа на цел глас дека ова не е точно, сé додека не го потврдеа тоа”.
Сега следуваат 10 теории според кои се потврдува стапнувањето на човекот на Месечината!
Број 1: Вселената е исполнета со ѕвезди!
"Вселената е исполнета со мали точки од светлина (ѕвезди). Зошто тие не се забележуваат на фотографиите?"
Ако некогаш направите фотографија ноќе (надвор), ќе забележите дека бледите далечни објекти не се забележуваат. Тоа не е затоа што воздухот ги блокира, тоа е затоа што светлината од светлите објекти во нашата близина го осветлуваат филмот. Всушност, ако стоевте на страната на Месечината каде што е ден, ќе моравте некако да ја покриете нејзината површина, за вашите очи доволно да се адаптираат и да забележите ѕвезди.
Број 2: Големите ровери
"Нема шанси големото баги кое го возеа на Месечината да го собере во малиот модул со кој слетаа!"
Роверот беше многу умешно конструиран, направен од многу лесни материјали, и можеше да се склопи во волумен колку еден поголем кофер.
Број 3: Фантомски камерман
"Како е можно една од снимките на LEM-от како ја напушта површината, да биде следен од камера нагоре кон небото? Кој снимаше со камерата?"
Сигурно дека фотографот Ед Фендел (Ed Fendell) ќе беше далеку посреќен доколку беше на месечевата површина, наместо на неговото место во контролата на мисијата. Тој навистина беше во Хјустон и далечински ја контролираше телевизиската камера на лунарниот ровер (кој остана на површината).
Број 4: Нема кратери на местото на слетување
"Кога LEM-от слета, неговиот моќен мотор не направи длабок кратер на прашливата површина."
Под слојот од прашина, Месечината е направена од цврсти карпи. Прашината и песокот кој беше таму беше “отфрлена” како што кажуваат астронаутите, и како што се гледа на филмот од слетувањето.
Број 5: Смрт од метеор
"Вселената е преполна со супер-брзи микрометеори кои ќе пробијат низ леталото и ќе ги убијат астронаутите."
Вселената е неверојатно голема. Секако дека има непроценливо голем број на мали парчиња, кои патуваат низ Сончевиот систем со брзини и од околу 190 000 km/h, но волуменот на Вселената прави нивната густина да е многу мала. Шансата да видите како поминува микрометеор во еден кубен метар од Вселената е скоро нула. А како дополнително, скафандерите имаат еден слој на кевлар, кој треба да ги заштити од таквите мали парчиња со кои можат да се соочат.
Број 6: Течна вода на Месечината
"За да оставиш стапка, потребно е да има влага во почвата, нели?"
Не секогаш. Ако земете малку сув, добро иситнет песок како прав, многу е лесно да направите стапки на него и да ги задржите нивните форми. Честичките си ја задржуваат својата форма поради триењето меѓу нив.
Број 7: Испечен филм
"На Сонце, температурата на Месечината може да достигне вредности при кои филмот (покрај другите работи) би се стопил."
Никој не оставал незаштитен филм на топлата површина на Месечината. Целиот материјал се чувал во соодветно заштитени канистри. Во времето кога слетале мисиите Аполо, било или мугра или зора на Месечината. Како резултат на тоа, температурата била лесно поднослива.
Број 8: Повеќекратни сенки
"Сенки од повеќе агли се гледаат на сликите од Месечината. Дали имаше повеќе од еден извор на светлина, како што е голем студиски рефлектор?"
Астронаутите ги правеле нивните фотографии на ридест, добро осветлен дел од површината, додека Сонцето било близу до хоризонтот. Замислете да правите фотографија од некого на брдовито поле со снег, кое се движи за време на полна Месечина, која пак е близу до хоризонтот. Контурите на земјата ќе предизвикаат сенки во многу различни должини.
Број 9: Астронаути кои светат во темно
"Ако астронаутите ја напуштат безбедноста на Ван Аленовите појаси, зрачењето ќе ги убие."
Ван Аленовите појаси се создаваат од земјиното магнетно поле, и ја заштитуваат нашата планета од опасното сончево зрачење. Појасите ја собираат оваа радијација и ја заробуваат во појас околу Земјата. Само ако намерно се однесе вселенското летало да лебди низ овој појас многу денови, тогаш зрачењето ќе биде над опасното ниво. Астронаутите од Аполо поминаа низ овој појас за помалку од четири часа за време на целото патување. Тоа не е нешто посериозно од тоа да направиш скенирање на градите. Надвор од појасот, зрачењето многу опаѓа и е опасно само при многу долги временски периоди.
Број 10: Знамето кое се вее
"Американското знаме изгледа како да се вее на “месечевиот ветер”."
Ако погледнете подобро, ќе забележите дека краевите на знамето се затегнати цврсто. Овој ефект, кој е направен намерно за да не се дозволи знамето да стои право, е направен со вметнување на цврста жица внатре во материјалот. Ефектот на веење се направил кога астронаутите намерно искривиле дел од знамето, за подобар впечаток.
Превземено од astronomija.com.mk
Линк -
http://astronomija.com.mk/vest.asp?id=443
Сме слетале на Месечината, и на Марс ќе слетаме !!!