ОКУЛАРНА МИГРЕНА-ТИВКА МИГРЕНА СО АУРА

Член од
17 јануари 2019
Мислења
1
Поени од реакции
0
Јас имам окуларна мигрена, симптомите се накратко:
Појавување на аура( осветлување) која што трае 15-20 минути.
Празен период 20 минути.
Главоболка со различен интензитет секој пат, во траење од 2 до 4 часа.
Првпат имав страшна мигрена на 15 (1997) години. Од тогаш до 2014 ништо. Во 2014 и 2015 еднаш месечно, кога слаби кога јаки манифестации... последната во август 2015 со повраќање.
Бев на компјутерска и на магнетна, се утврди калцификација на мозокот, докторот упорно тврде дека нема поврзаност... во меѓувреме читам по форуми и барам. Јуни 2015 најдов форум со полно сведоштва којшто цврсто ја поврзуваат калцификацијата со мигрените. Прекинувам да јадам : сирење, кисело млеко, кашкавал, магданос, домати, зелка, рибина конзерва, брокула, салами ... и се друго што има калциум.
Од август 2015 до јануару 2019 вчера не сум имал мигрена. Изгледа сум се отпуштил за празниците со калциумот и се потсетив на мизеријата...
 

Despot

ВОЈВОДА
Член од
25 септември 2008
Мислења
497
Поени од реакции
280
Јас имам акутна мигрена со аура, болките првиот ден се толку јаки шо едноставно губиш осет за време и простор. Вториот ден се осеќам ко прегазен од камион, со кратки отсечни болки. Ја имам веке 20 години али сеа за сеа успешно се справувам. Доктор ми препорача да се напијам аспирин од 500 ко ќе ги осетам првите симптоми - заслепеност во мојот случај, грч на екстремитети.... Во комбинација со нив земам и апчиња за болки некој појаки. Досега многу пати сум ја спречил на време или барем драстично сум ги намалил симптомите и болките. Без аспирин 500 никаде не одам :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom