Од тоа не го плаши се доведовме до тука, не ти е ништо и слични глупости - се причината што илјадници луѓе умираат секоја година, недоволно пратење на новите сознанија, практики и промени на параметрите во медицината убиваат безброј луѓе, секоја година, поготово кај нас! Лично ми кажа пријател мој, дека со 2.8 триглицериди, и 7-ца холестерол докторка му кажала дека не му е ништо,така да те молам поштеди не.
... па и други се косат со твое мислење па ти велат „да ги поштедиш“ ама ти продолжуваш да пишуваш по темиве на форумов, нели? и тоа е добро, оти за дебата треба повеќе членови, а не само еден со сопствен доказ да мавка давајќи некој линк и сега сите треба да ќутиме!? остави и други да кажат свое мислење!
...за првото ќе ти кажам дека такво глобално размислување не можеш да го спредуваш со секоја ситуација тука на форум, паниката е страшна работа ако ја преминува границата на нормално човечко чувство, читај страв, практитката и параметрите во медицината ги гледаш како идеален патоказ СЕГА ? јас ќе ти ја кажам и другата страна...
на пример, замисли дека сега сме во едно минато каде лечењето нели? е базирано според медицински докази, клинички испитување и разни параметри, како велиш Ти - тоа држи нели? ОК држи - НО треба секогаш со резерва, а не 100% зашто? ете во период пред повеќе од десет години сите алергични појави со познато или непознато потекло ги лечеле скоро со висок процент со антисхистаминик ( хистамин Х1 рецептор антагонист втора генерација) - Астемизол откриен од Janssen Pharmaceutica во 1977 год, ...и сега замисли јас ( како да сум сега пред 10 год) ќе коментирам во обратен правец во смисол да не се користи поради различни причини, а ти ќе настапиш вака пишувајќи дека ,,недоволно пратење на нови сознанија и слични глупости“ и ќе ме демантираш со уште некој линк од клинички испитување со медицински докази за ефикасноста на АСТЕМИЗОЛОТ и слично, што рака на срце ти држи доказот во ова минато од пред десет години... е сега идеме малку во иднина т.е.- Денес, и ќе ти речам, што се случува со тие илјадници луѓе што пиеле Астемизол како лек против симптомите на алергија тогаш со твоја 100% потврда и доказ дека е во ред (со право оти така медицината тогаш кажуваше нели?) денес дали тоа би важело ? НЕ ! зошто? - Затоа што е исфрлено од употреба кога несакани ефекти беа само благи споредни како зголемување на телесната тежина поради зголемен апетит и ништо друго? малтене идеален лек на векот и така беше...ај сега ? дали некој го пие лекот? - ЈОК ! знаеш зошто? оти тогаш можеби лечеа моментално симптоми на алергија, ама закачија такви срцеви проблеми што до ден денес тие кои често го применувале мака мачат со срцето уште од тогаш? кого да осудат овие пациенти? кој е крив да одговара? прашањето е тука во медицината никогаш не е 1+1 = 2, така да, изи бој
@Psyside пристапот секогаш е со мала резерва...
тоа што ти го кажал пријателот може да биде дискутабилно,не го земај тоа здраво за готово, па и глобално, прашање дали е тоа вистина, оти пријателот ти го кажува тоа, а ти не си бил присутен како прво, прашање како твојот пријател ја разбра поентата на докторката ако таа навистина му рекла ,,дека не му е ништо,, а потоа можеби му дала совет за промена на лошите навики или пак лекарства да пие што на пријателот не му одговара па не ги спомнал, и како трето никој не може да каже дека тие параметри се точни ако не се примени правило на 12 ч нејадење за испитување на липидниот статус и 24 ч само лесна храна, дали пациентот пуши? колку години има? и нели доколку е машко параметрите му дозволува повисоко одколку на жена што кај нас се става во ист кош ! .. односно со повторно мерење на тие параметри по извесен период со што ако се повторат би рекле дека има проблем не мора од исхрана туку од пореметен метаболизам во самиот организам...
и пази ако земаш параметрите не многу одамна на вкупен холестерол си беше референтна вредност 6,8 што не е толку страшно ако тој сега има 7 нели? ригурозната медицина само ги спушта границите на референтни вредности ( денес дури 5,2 за вкупен холестерол) за да може повеќе да се води контрола , но холестеролот ни е потребен за функционирање на сите клетки ( во создавање на хормони Вит Д, Е, А) и добро знаеш дека лошиот холестерол ЛДЛ прави „беља“ во организмот, а не вкупниот кој може да биде пресметан погрешно според формулата на други параметри на липидниот статус (зошто не ги кажа сите вредности на липидниот статус туку само холестеролот и триглицеридите ? ) секогаш соодносот се гледа на вкупен холестерол со „добриот холестерол“ ХДЛ... ај ќе бидиме оф топик на темава која не е за холестеролот!
[DOUBLEPOST=1517667859][/DOUBLEPOST]
значи една од работите што ме нервира кај нас во нашето здравство, навистина мислам
кога пациент кој скоро неухранет, слаб, или со идеална тежина со високи параметри на холестерол му се укаже да држи „диета“ бог да чува, зарем покаченото ниво на холестерол е од исхрана? леле, па тоа е сосема мал процент што игра улога - до 20% така нешто, све друго е поради дисбалансот на метаболизмот во органзимот, човекот може ништо да не јаде со месеци на вода да е и да има до плафон холестерол,а неговиот комшија со 180 кг да јаде два сендвича со пола кило мајонез и да има нормални вредности на липидниот статус т.е. вкупен холестерол...
и јас сум директен противник за користење на лекови и тие од група на статини при такви релативни вредности на покачен холестерол, напротив статини само при кардиоваскуларни пореметувања со оправданост од друга природа, а не од холестеролот...ај да идеме во тема за холестерол дечки?