ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

Член од
25 март 2012
Мислења
8.449
Поени од реакции
4.937
Набргу волшебно ќе се преобразат и ќе бидат обесправени борци за човекови права.
Па им се смени раководството, имаа јасни барања и цели, не бараа територии или поделби.
 
Член од
21 ноември 2012
Мислења
1.174
Поени од реакции
744
Четириесетчлената криминална група која минатиот вторник ја нападна полициската станица кај Гошинце на државната граница со Косово, полицијата ја гони за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Групата е во бегство, повлекувајќи се од Гошинце, дел од оружјето украдено од полициската станица го оставиле во селото Брест. Специјалци на МВР вчера го пребаруваа теренот, во куќа на 55 годишен жител од Брест, полицијата пронашла автоматски пушки, снајпери, пиштоли, куршуми, радио станици како и униформи со ознака на УЧК. Вештачењето на оружјето покажало дека е украденото од полициската станица кај Гошинце. Постојат сомнежи дека и жителот на Брест бил вмешан во нападот.
- Продолжува потрагата по него, како и по останатите членови на групата која ја нападна полициската станица. Со вчерашниот претрес се потврдија сознанијата кои полицијата ги имаше, како и индициите за лицата вклучени во нападот – изјави Гордана Јанкулоска министер за внатрешни работи на МВР.
Специјалците вчера го пребаруваа теренот и во Брњарци, на неколку локации вршеа претреси, оружје не беше најдено. Во меѓувреме преку социјалните мрежи според објавите на некои медиуми се огласи Мирсад Ндрецај алијас командант НАТО, кој презеде одговорност за Гошинце. Од МВР потврдија дека постојат сомнежи дека и тој бил инволвиран во нападот. Според истрагата дел од групата е и од косовско Гњилане. Македонската полиција уште минатата недела ги запознала косовските колеги за сознанијата кои ги има за нападот.
-Беа разменети сознанија, индициите за лицата за кои се сомневаме дека се можни сторители или можни инволвирани , но и други аспекти кои сметавме дека во соработка со косовската полиција доколку заеднички делуваме може ќе дадат резултати во откривање на сторителите и нивно лишување од слобода- додаде Јанкулоска
Четиресетчлена група според МВР во вторникот во раните утрински часови ја нападна граничната полција кај Гошинце. На малтретираните полицајци им порачале дека не го признаваат Охридскиот договор и сакаат сопствена држава, информираа од МВР.
 
?

..........

Гостин
Според она што јас го знам Груевски веќе изјавува наоколу дека ќе одат до крај, мислам дека влегоа во сценарио кога даваат сигнали дека се решени да применат сила, подвлече новинарот и политички аналитичар, Сашо Ордановски, на денешната отворена дебата во Гем клуб. Според него, Македонија допрва ја чека ескалација на политичката криза и климакс до кој двете политички партии се способни да ја доведат.

Ордановски смета дека и во вакви услови владејачката партија добро ја одигрува својата позиција така што го подига влогот и на аферите со прислушувањето одговара со дефокусирање на јавноста преку случаи како Гошинце.



- Власта се наоѓа во една силна дефанзива, си ја спасува кожата и игра онака како што добри советници би ја советувале, ги подига влоговите на стравот, но маневарскиот простор за преговори им се намалува. Тие се обидуваат да ја вратат офанзивата во свои раце, мора да го дигнат влогот, да ја сменат темата и да го диктираат темпото – вели Ордановски.

Владините функционери, додава, се обидуваат да ги сменат тезите и на тој начин да купат време преку пропагандната машинерија. Пример за тоа, вели, е вчерашната изјава на министерката за внатрешни работи дека таа е жртва во коруптивните афери во кои наводно е вмешана. Тоа може да делува патетично и глупаво, вели Ордановски, кога рационално се посматраат настаните, но не и кога јавноста се наоѓа во кома поради пропагандната машинерија.

По изјавата на германската амбасадорка, меѓународната заедница суштински ја менува страната, смета Ордановски.

- До пред три-четири недели беа сојузници на Владата и заговараа враќање во институциите. Но се повеќе со Груевски ќе се разговара како со еден класичен диктатор. Тоа нема да бидат лесни разговори. И покрај сите спротивставувања и тактики Груевски само го одлага решението, а при тоа му ослабнува преговарачката позиција, но со тоа се дига цената по која на крај ќе мора да ја напушти власта. Клучно прашање е дали ќе може тоа да го направи без сила и дали власта е решена да примени сила – додава тој.
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Зошто калашите не се кинески како што наликува на една вистинска УЧК ?
Затоа што како што кажува МВР,тоа се оружјата од караулата,кои ги земале и ги сокриле.Србски се овие,а дали се тие од караулата може лесно да сеп ровери бидејќи секоја пушка си има своја бројка,како кола што има број на каросерија,така и пушките/пиштолите имаат.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.668
Поени од реакции
8.126
Затоа што како што кажува МВР,тоа се оружјата од караулата,кои ги земале и ги сокриле.Србски се овие,а дали се тие од караулата може лесно да сеп ровери бидејќи секоја пушка си има своја бројка,како кола што има број на каросерија,така и пушките/пиштолите имаат.
Ама види сеа овие терористи отишле во караулата со ноктарица им им ја вериле на нашите полицајци кои се уплашиле, предале и им го предале оружјето на терористите.
Нема никакво кинеско оружје овде, друго што е интересно е полицајскиот чин на РМ на терористичка униформа :cautious:

А у осталом која е целта на терористиве е нејасна. Ако навистина ги имаат целите за кои се зборува, нивните епизоди ни се веќе гледани така да знаеме дека овака не постапуваат.
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Ама види сеа овие терористи отишле во караулата со ноктарица им им ја вериле на нашите полицајци кои се уплашиле, предале и им го предале оружјето на терористите.
Нема никакво кинеско оружје овде, друго што е интересно е полицајскиот чин на РМ на терористичка униформа :cautious:
абе не си толку глуп верувам...ова во Брест беше дека е фатено(запленето) украденото оружје од караулата.Чинот веројатно им е земен од самите џандари,како понижување.ДЕЛ од оружјето,кое било украдено од караулата,било запленето во Брест,тоа од акцијата.Има и голем број на пиштоли ТТ,кои се стандардни во тие делови на МК,такви носат по западна Македонија.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.337
Поени од реакции
5.475
Лидерот на опозицијата изјави дека според неговите сознанија, случајот во Гошинце е нешто друго, некој злонамерен план.
 
C

cige

Гостин
Досега полицијата осомничи еден 55 годишен жител на Брест во чија куќа беше пронајдено оружјето, а по кој се уште се трага. Откако на Фејсбук извесен Мирсад Ндрецај самиот ја презема одговорноста за нападот, министерката Јанкулоска потврди дека истиот е осмничен.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Некој се измори од ова сценарио, да се немало кондиција бреј.... :ROFLMAO:
 
Член од
21 ноември 2012
Мислења
1.174
Поени од реакции
744
Зад нападот на караулата кај Гошинце стојат војници и команден кадар од поранешната 113 бригада на УЧК екслузивно пишува весникот „Вечер“ во утрешното издание.
За мотивите засега никој не може да потврди дали станува збор за борба за превласт меѓу политичкото и военото крило во партијата или пак има исклучиво финансиска позадина.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети, во понеделникот, при посетата на Приштина доставил список на кој имало 50 лица кои учествувале во нападот на караулата кај Гошинце или пак биле нивна логистика. Вечер пишува дека тој побарал од косовските власти тие да бидат лоцирани и уапсени.
На средбата со косовскиот вицепремиер Хашим Тачи и претседателот на Собранието и поранешен шеф на ШИК на Косово- Кадри Весељи, според официјалните информации дебатирале за билатералните односи меѓу двете држави , моменталната безбедносна состојба и положбата на албанското население.
Според тамошните медиуми средбата имала и „затворен дел“. Садула Дураку кој според информации на Вечер, на своја рака допатувал во Приштина на средбата за лично да бара гаранции за својата безбедност.
За средбата приштинскиот весник „БОТАСОТ“ пишува дека Ахмети ги убедувал косовските власти дека зад нападот на караулата стои командант Хоџа иако тој јавно се оградил од инцидентот.Овие информации се целосно демантирани од шефот на кабинетот на Ахмети , Артан Груби.
-Пишувањата на „БотаСот“ се тешка клевета. На состанокот не е доставен никаков список -изјавил Груби за „Вечер“.
Нејасно е како ДУИ официјално нема информации кои се мотивите и кој учествувал во инцидентот , а од друга страна како што пишува Вечер, има листа поранешни членови на УЧК кои стојат зад нападот.
- Ние сме политичка партија а не полиција, кусо одговорил Груби
„Вечер“ објави имиња на дел од водачите на групата а меѓу нив се Мирсад Ндрецај кој самиот ја презеде одговорноста, Мухамед Красниќи познат како командант Малишева. За време на конфликтот во 2001 двајцата се дел од редовите на 113та бригада на УЧК каде на чело беше командант Сами Ушкини. Вечер пишува дека токму тие двајца стојат и зад заканите упатени кон Дураку кој во конфликтот соработувал и им помагал.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.218
Поени од реакции
25.979
Али конечно научил како се гради меѓусебна доверба и како се стига до позиција претседателски кандидат Албанец да биде прифатлива опција. (y)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom