Стоп за македонскиот шовинизам а.

Значи, група на меѓународно познати терористи-ветерани, кои се инфилтрираа во вториот по големина град во една територија, отворено признаваа дека подготвуваат терористички напади на национална основа на таа територија, убија 10-на припадници на легитимните институции за безбедност на таа територија, се предадоа и им беше дадена можност да се бранат во судска постапка пред институциите на истата територија, (луксуз што во најголем дел од државите не би го имале), која сега ќе треба да одвојува средства за да издржува дел од нив до крајот на животот, е пример за шовинизам. Циркус.
Ова трае веќе неколку години, ама Албанците веќе се опасно тргнати по патот на тоа што беа Србите пред некоја деценија и тоа што секој балкански народ минимум еднаш бил во модерната историја, а тоа е влагање во филмот на националистичка екстаза. Прават почетничка грешка што сите ја повторуваат, ги мешаат нивната способност како народ со околностите во меѓународната политика во даден период. Историски, за секој народ, таквата глупавост има цена. Очигледно не се доволно паметни за да сфатат дека, историски, секој народ на Балканот имал своја употребна вредност и дека таа употребна вредност е причината за подобрата или полошата позиција што некој балкански народ го има во даден временски период , а не способноста на нивното “национално ткиво“. Неразбирањето на тој факт ја намалува нивната употребна вредност и порано или подоцна некој доаѓа да ги врати на своето место. Да се попаметни, би се оградувале како народ од изливи на национализам, ама не се, никој балкански народ никогаш не бил.