Despot
ВОЈВОДА
- Член од
- 25 септември 2008
- Мислења
- 504
- Поени од реакции
- 286
Да се реазлизират гасоводот би било премногу добро, али не е се така розево. Ние сме колатерална штета од ладната војна која водат Америка и Русија. Ниту на Русија ниту на Америка и е гајле за Македонскиот народ и држава. Тие си водат шаховска битка на сите можни светски полиња. Нажалост ние сме само едно од тие црно-бели полиња.Само неколкумина на форумов ја увидоа позадината на актуелните случувања, мнозинството се заплеткаа во пајажините на дневно-политичките препукувања.
Ајде да завршиме со нив.
Единствено нешто позитивно од бомбите на Заев е тоа што владеачката елита си доби убави шамари, кои ги заслужија, затоа што почнаа да забегуваат.
Иако на ниво на трач, Заев доби статус на херој, на Грујо повеќе ќе му се исплатеше гол да шета пред камери, отколку цела Македонија да го збори.
И сето тоа ќе беше забавно, ако не беше геополитичката војна помеѓу САД и Русија, која се води меѓудругото и на Македонска територија.
Да, Македонија немала вакво значење за светската политика уште од времето на Втората Светска Војна.
-Сорос/СДСМ
СДСМ е киднапирана и инфилтрирана партија од страна на милијардерот Џорџ Сорос, чија цел не е создавање на т.н. "отворено општество" , туку туркање на неговите антихумани и психопатски идеи, и притоа - профитирање. По неговите планови, Македонија веќе требаше да биде со друго име, народот пацифициран, збунет, подложен на манипулација, а вложените пари да се повратат со профит.
Но, овде во Македонија тој наиде на тврд орев, проблемот го лоцира во Владата и народот кој гласа за неа, па затоа реши да почне битка на два фронта,
еден против Македонската Влада - со оцрнување на секој нејзин потег, особено кон политиките околу името,
а другиот против Македонскиот Народ - со обиди од луѓе со развиена национална свест, да ги претвори во аморфна, анационална, самопрезирачка мулти-култи пацифистичка маса, која ќе биде лесна за обликување како пластелин, во рацете на Сорос и неговото отворено општество.
Во оваа битка тој вложи и изгуби десетици милиони евра, фрлени на т.н. експерти како Милчин, Геровски, Биљали итн. Но секаде каде што има акција, има и реакција.
Како контратежа, Владата ангажира свои т.н. експерти и стави под своја капа добар дел од македонските медиуми, и имаше одличен успех во контрапропагандата.
Занесени од победата, и немајки вистински непријател, почнаа да ги користат овие медиуми за своите партиски потреби, каде во последно време
станаа толку прозирни, што медиумите на Сорос во МК повторно земаа замав, овојпат координирани со медиумите на Сорос во Србија
(пласирање на лаги, шпекулации, како на пр. дека имало војна во тетово, а всушност акцијата беше во Куманово, дека Мијалков бил главен командант на УЧК, Американски специјалци ги елиминирале терористите, прекумерна употреба на сила, итн.)
- САД/Нафтени компании
Интересот на нафтените компании е да го зголемат својот удел на транспорт и испорака на нафтени деривати ширум светот, со цел - поголем профит.
Тие Американски компании се поврзани како свински црева со Американската влада и лобира кај истата да врши притисок врз легитимно избрани влади, како би потпишале договор со нив.
Интересот на Американската влада се поклопува со оној на нафтените компании. Прво поради даноците, второ затоа што ќе го истисне својот непријател - Русија.
Значи, САД ќе направи се, само за да Русија не го реализира проектот со Турскиот поток. Земете ја за пример Сирија и Украина.
Сценариото е исто.
-На Македонија и одговара Рускиот проект. Зошто?
- 3 пати!!! поевтин гас од Американскиот, а со тоа
- Поевтин транспорт
- Поевтина храна
- Помали сметки за ел. енергија.
- Државата ќе има константен прилив во Буџетот како транзитна земја
- Развој на економијата
- Поконкурентни производи.
Ова не е терање некаков инает на Америка, или пак Русофилство, туку здрав разум.
На мене како граѓанин ми одговара да плаќам пониска цена, веќе кога имам избор.
Некои велат дека ако сакаат Американците ќе не решеле со 2 шамара.
Ок, првиот шамар од Американците беа бомбите на Заев, кој самиот по себе е потрошен материјал.
Вториот шамар беше Куманово, и гласна порака, на ден кога нашиот претседател отиде на воена парада кај нивниот најголем непријател.
Како што гледам, сеуште стоиме на нозе, и на мое изненадување, не сме биле банана држава толку колку што сметав дека сме.
Поради ова, спремен сум да го простам аздисувањето на Владата и да им прогледам низ прсти(а имам толку многу гнев насобрано)
само доколку покажат декa имаат муда, и дека ќе го истуркаат проектот со рускиот гасовод до крај, во корист на сите Македонски граѓани.
Знајме шо е најдобро за нас, али немаме моќ да го оствариме. Мојме само немо да гледаме, не смејме ниту да навиваме. Историски гледано, Русија никогаш не и помагала на Македонија, или ако некогаш за нешто не подржавале, многу брзо се откажвеле од нас или ги подржавале тие шо биле против македонскиот народ (читај турско ропство, балкански војни и прва светска војна).
Од друга страна Американциве не се откажвет од ништо и одат до крај, дури одат до неверојатни крајности да си го остварат зацртаното.
Како и да е, со ниедна од страниве не добиваме добро. Ако сме на руска страна ризикуваме војна, многу жртви, пад на економија и многу други сценарија која Америка ги спроведвит низ светов. (Украина, Сирија, Египет, Либија.....) . Ако останиме на Америчка страна продолжвит агонијата, млади луѓе ја напуштет државава, здравството ќе се приватизират па не дај боже да требит да ојш на лекар за било шо, прехрамбрена индустрија и се останато ќе поскапит, платите исти. Ќе останиме најефтина работна рака во европа. Ќе тапкаме во место ко од 90та па навака.
Немаме политичари кои би седнале и би напрајле сериозна насока на каде би требело да се движит државава во наредниве 50 години. И да излезет такви одма се корумпирет на еден или на друг начин.
Вака ќе е се дури не станит свесен македонскиот народ дека сите работиме за иста кауза. Груевски ко се погледнит во огледало да го гледат Заев и обратно Заев ко ќе се гледат во огледало да го гледат Груевски. Ова е метафора за то дека македонските партии требат да имат иста агенда ко ќе е во прашање државноста.
Ама сме многу далеку од то. Едно 30-50 години минимум со оглед на работиве шо ни се дешавет сега. Се надевам внуците наши ќе можат да се гордеат дека се Македонци, нормално ако не се испоубиеме и исподелиме до тогаш....