ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

Despot

ВОЈВОДА
Член од
25 септември 2008
Мислења
500
Поени од реакции
282
Само неколкумина на форумов ја увидоа позадината на актуелните случувања, мнозинството се заплеткаа во пајажините на дневно-политичките препукувања.
Ајде да завршиме со нив.

Единствено нешто позитивно од бомбите на Заев е тоа што владеачката елита си доби убави шамари, кои ги заслужија, затоа што почнаа да забегуваат.
Иако на ниво на трач, Заев доби статус на херој, на Грујо повеќе ќе му се исплатеше гол да шета пред камери, отколку цела Македонија да го збори.
И сето тоа ќе беше забавно, ако не беше геополитичката војна помеѓу САД и Русија, која се води меѓудругото и на Македонска територија.
Да, Македонија немала вакво значење за светската политика уште од времето на Втората Светска Војна.
-Сорос/СДСМ
СДСМ е киднапирана и инфилтрирана партија од страна на милијардерот Џорџ Сорос, чија цел не е создавање на т.н. "отворено општество" , туку туркање на неговите антихумани и психопатски идеи, и притоа - профитирање. По неговите планови, Македонија веќе требаше да биде со друго име, народот пацифициран, збунет, подложен на манипулација, а вложените пари да се повратат со профит.
Но, овде во Македонија тој наиде на тврд орев, проблемот го лоцира во Владата и народот кој гласа за неа, па затоа реши да почне битка на два фронта,
еден против Македонската Влада - со оцрнување на секој нејзин потег, особено кон политиките околу името,
а другиот против Македонскиот Народ - со обиди од луѓе со развиена национална свест, да ги претвори во аморфна, анационална, самопрезирачка мулти-култи пацифистичка маса, која ќе биде лесна за обликување како пластелин, во рацете на Сорос и неговото отворено општество.
Во оваа битка тој вложи и изгуби десетици милиони евра, фрлени на т.н. експерти како Милчин, Геровски, Биљали итн. Но секаде каде што има акција, има и реакција.
Како контратежа, Владата ангажира свои т.н. експерти и стави под своја капа добар дел од македонските медиуми, и имаше одличен успех во контрапропагандата.
Занесени од победата, и немајки вистински непријател, почнаа да ги користат овие медиуми за своите партиски потреби, каде во последно време
станаа толку прозирни, што медиумите на Сорос во МК повторно земаа замав, овојпат координирани со медиумите на Сорос во Србија
(пласирање на лаги, шпекулации, како на пр. дека имало војна во тетово, а всушност акцијата беше во Куманово, дека Мијалков бил главен командант на УЧК, Американски специјалци ги елиминирале терористите, прекумерна употреба на сила, итн.)
- САД/Нафтени компании
Интересот на нафтените компании е да го зголемат својот удел на транспорт и испорака на нафтени деривати ширум светот, со цел - поголем профит.
Тие Американски компании се поврзани како свински црева со Американската влада и лобира кај истата да врши притисок врз легитимно избрани влади, како би потпишале договор со нив.
Интересот на Американската влада се поклопува со оној на нафтените компании. Прво поради даноците, второ затоа што ќе го истисне својот непријател - Русија.
Значи, САД ќе направи се, само за да Русија не го реализира проектот со Турскиот поток. Земете ја за пример Сирија и Украина.
Сценариото е исто.

-На Македонија и одговара Рускиот проект. Зошто?
- 3 пати!!! поевтин гас од Американскиот, а со тоа
- Поевтин транспорт
- Поевтина храна
- Помали сметки за ел. енергија.
- Државата ќе има константен прилив во Буџетот како транзитна земја
- Развој на економијата
- Поконкурентни производи.

Ова не е терање некаков инает на Америка, или пак Русофилство, туку здрав разум.
На мене како граѓанин ми одговара да плаќам пониска цена, веќе кога имам избор.

Некои велат дека ако сакаат Американците ќе не решеле со 2 шамара.
Ок, првиот шамар од Американците беа бомбите на Заев, кој самиот по себе е потрошен материјал.
Вториот шамар беше Куманово, и гласна порака, на ден кога нашиот претседател отиде на воена парада кај нивниот најголем непријател.
Како што гледам, сеуште стоиме на нозе, и на мое изненадување, не сме биле банана држава толку колку што сметав дека сме.

Поради ова, спремен сум да го простам аздисувањето на Владата и да им прогледам низ прсти(а имам толку многу гнев насобрано)
само доколку покажат декa имаат муда, и дека ќе го истуркаат проектот со рускиот гасовод до крај, во корист на сите Македонски граѓани.
Да се реазлизират гасоводот би било премногу добро, али не е се така розево. Ние сме колатерална штета од ладната војна која водат Америка и Русија. Ниту на Русија ниту на Америка и е гајле за Македонскиот народ и држава. Тие си водат шаховска битка на сите можни светски полиња. Нажалост ние сме само едно од тие црно-бели полиња.
Знајме шо е најдобро за нас, али немаме моќ да го оствариме. Мојме само немо да гледаме, не смејме ниту да навиваме. Историски гледано, Русија никогаш не и помагала на Македонија, или ако некогаш за нешто не подржавале, многу брзо се откажвеле од нас или ги подржавале тие шо биле против македонскиот народ (читај турско ропство, балкански војни и прва светска војна).

Од друга страна Американциве не се откажвет од ништо и одат до крај, дури одат до неверојатни крајности да си го остварат зацртаното.
Како и да е, со ниедна од страниве не добиваме добро. Ако сме на руска страна ризикуваме војна, многу жртви, пад на економија и многу други сценарија која Америка ги спроведвит низ светов. (Украина, Сирија, Египет, Либија.....) . Ако останиме на Америчка страна продолжвит агонијата, млади луѓе ја напуштет државава, здравството ќе се приватизират па не дај боже да требит да ојш на лекар за било шо, прехрамбрена индустрија и се останато ќе поскапит, платите исти. Ќе останиме најефтина работна рака во европа. Ќе тапкаме во место ко од 90та па навака.

Немаме политичари кои би седнале и би напрајле сериозна насока на каде би требело да се движит државава во наредниве 50 години. И да излезет такви одма се корумпирет на еден или на друг начин.

Вака ќе е се дури не станит свесен македонскиот народ дека сите работиме за иста кауза. Груевски ко се погледнит во огледало да го гледат Заев и обратно Заев ко ќе се гледат во огледало да го гледат Груевски. Ова е метафора за то дека македонските партии требат да имат иста агенда ко ќе е во прашање државноста.
Ама сме многу далеку од то. Едно 30-50 години минимум со оглед на работиве шо ни се дешавет сега. Се надевам внуците наши ќе можат да се гордеат дека се Македонци, нормално ако не се испоубиеме и исподелиме до тогаш....
 
Член од
23 март 2005
Мислења
284
Поени од реакции
133
Тука дефинитивно мислат мнозинството единствено со срцето за партијата , а не со паметот и објективноста. Какви црни истоци , какви бакрачи...

Само да ве потсетам , како ВМРО-ДПМНЕ доаѓаше на власт во 1998 год. , а се сеќавате ли на говорите на Љубчо Георгиевски пред да дојде на власт и спремноста да се оди на револуција ако затреба и чив човек беше Борис Трајковски....... ? А како стана претседател ?!?

А кога Никола Груевски доаѓаше на власт од кој имаше подршка или во ваш стил со симболика да ви нацртам, која беше партиска боја кога доаѓаше Никола Груевски на власт, портокаловата не беше ли ?

Зошто тогаш не ви сметаше УС реалната политика ?

Излезете од партиските стеги на вашиот ментален склоп. Ако некогаш имала шанси Русија да го сопре продирањето на Америка кон исток тоа беше во 1998 ... Од тогаш до сега се случија толку многу работи и картите толку добро веќе се наместени во корист на УСА, да лудничаво е некој и да помислува , а не па да зборува и шири лузерство дека Македонија требала да се заврти кон источниот блок. Тоа е буквално потпишување на смртна пресуда за државата, а инатење во тој правец и прифаќање на тапкањето рамо од Русија за отворање на балкански фронт фактички во нејзина корист води најпрво до страшна ескалација.

Тоа е реалноста.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.848
Поени од реакции
26.444
Тука дефинитивно мислат мнозинството единствено со срцето за партијата , а не со паметот и објективноста. Какви црни истоци , какви бакрачи...

Само да ве потсетам , како ВМРО-ДПМНЕ доаѓаше на власт во 1998 год. , а се сеќавате ли на говорите на Љубчо Георгиевски пред да дојде на власт и спремноста да се оди на револуција ако затреба и чив човек беше Борис Трајковски....... ? А како стана претседател ?!?

А кога Никола Груевски доаѓаше на власт од кој имаше подршка или во ваш стил со симболика да ви нацртам, која беше партиска боја кога доаѓаше Никола Груевски на власт, портокаловата не беше ли ?

Зошто тогаш не ви сметаше УС реалната политика ?

Излезете од партиските стеги на вашиот ментален склоп. Ако некогаш имала шанси Русија да го сопре продирањето на Америка кон исток тоа беше во 1998 ... Од тогаш до сега се случија толку многу работи и картите толку добро веќе се наместени во корист на УСА, да лудничаво е некој и да помислува , а не па да зборува и шири лузерство дека Македонија требала да се заврти кон источниот блок. Тоа е буквално потпишување на смртна пресуда за државата, а инатење во тој правец и прифаќање на тапкањето рамо од Русија за отворање на балкански фронт фактички во нејзина корист води најпрво до страшна ескалација.

Тоа е реалноста.
Не одиме ние кај Русија, туку Русија доаѓа кај нас. Тоа е нештото што го испушташ.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
24.658
Поени од реакции
40.734
Не одиме ние кај Русија, туку Русија доаѓа кај нас. Тоа е нештото што го испушташ.
како? украина и ние не сме исто, немаат русите тука никакво влијание
Da, kako shto Grcija ima mokj da ja vrti cela EU. Treba da ucime od komshiite.
разликата меѓу грција и нас е огромна
 
Член од
23 март 2005
Мислења
284
Поени од реакции
133
Не одиме ние кај Русија, туку Русија доаѓа кај нас. Тоа е нештото што го испушташ.
Смешно е бидејќи навистина го мислиш тоа... со неколку милиончиња што ги фрлија тука да си купат подршка , да го истоветуваш со тоа како дошла Русија тука...
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.848
Поени од реакции
26.444
Смешно е бидејќи навистина го мислиш тоа... со неколку милиончиња што ги фрлија тука да си купат подршка , да го истоветуваш со тоа како дошла Русија тука...
Не реков дека дошла, туку дека иде.
 
Член од
23 март 2005
Мислења
284
Поени од реакции
133
затоа што не постои и нема никакво доаѓање , тие се сега заглавени во Донбас.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.848
Поени од реакции
26.444
затоа што не постои и нема никакво доаѓање , тие се сега заглавени во Донбас.
Можда, можда, не викам не. Мада мене ми се чини поинаку. А гледам во твојата изјава доста сигурност, од кај си толку сигурен ти? Можеш да образложиш?
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.496
Поени од реакции
12.305
Можда, можда, не викам не. Мада мене ми се чини поинаку. А гледам во твојата изјава доста сигурност, од кај си толку сигурен ти? Можеш да образложиш?


Аман бе па со Перун најдовте да се објаснувате за Русија?
Па отворија темата во туризам за Русија и ќе го најдеш мислењето на Перун за Русија.
Како тоа Русите се апокалиптично племе, кое живее во добата на орките во време на комунизамот. Се има изјаснето дотичниот многу јасно како гледа на Русија, и што се мисли преку неговата генерилизација за рускиот народ. Од тоа дека се расипани пијаници со милиони од нафта и гас, до расипништвото во поглед на семејните вредности и високото ниво на проституција, па се до таму завршувајќи со ниските семејни вредности и вредности на жените чии што деца биле со непознат родител или со еден збор висок процент на копилиња меѓу руската популација. Филувај го тоа со експертските анализи на Дарданија којшто ескивира последниов период да ја критикува Русија во поглед на економијата,која што област е дел од неговата широк опсег на познавање патем на истата тема Макроекономија на Русија има и научен магистарски труд, додај го Врабецот и ИГОРЧЕ кои што молчат со тезите дека Русија има сили во ДОнбас и го добиваш клубот русофоби на форумов.
 
Последно уредено:

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Неколку работи не ми се јасни мене, но еве со страв што отприлика согледувам.

Во недела е најавен опозициски протест. Сите дипломати најавија дека ќе присуствуваат на протестот(дипломати од друга земја ќе протестираат :eek:). Заев вели не си одиме додека не си даде оставка Груевски.

Луѓе толку беше играчката. Нема веќе сакам нејќам. Или нека си даде Груевски оставка, или западњациве ќе ни направат Мајдан во центар на Скопје.

Значи ако сакаат слоновите Русија и УСА да не изгазат нас тревата... тогаш нека си најдат друг терен, овде се знае дека УСА ќе победи, ради медиуми, фондови,невладини и сл.

Нека поработат русите во наредните 20 години на овој терен, па нема да може овака на копче да ни се случуваат немири. До тогаш чичко Сем ќе биде нашиот "заштитник".
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Да имаше луѓе со морал немаше да има потреба од никакви обоени револуции и триста чуда теории кои ги пишуваш.
Фатен си во тежок криминал и зло, даваш оставка.

Ние не сакаме држава налик на Русија во која се убиваат на улица неистомисленици, каде државата труе политичари, и тепа со камшик активисти само затоа што се против Путин.

Ние не сакаме МВР да штити убиец само затоа што е полицаец или само затоа што убиените се албанци или од друга партија или неутралци.

Не сакаме судии да се избират со еден телефонски повик, во стилот: Ајде честито од понеделник почнуваш со работа.

Не сакаме министри нази-фашисти, кои малцинствата ги именуваат со цигани и Албанци.

Не сакаме институции кои луѓето ги местат на криминал, туку институции кои криминалците ги местат во затвор.

Не сакаме деца на функсионери да се пуштаат на граница како да се дипломати. (дали и тие се пуштаат така?)

Не сакаме функсионери кои се закануваат дека цело семејство во ендек ќе летне.

Не сакаме да се бараат провизии, да се менуваат ГУПови и ДУПови по барање на еден човек, не сакаме насила да им се кренат на луѓето згради пред прозор.

Гледаш ли во кој правец е носена државата, какво сценарио е ова? Украинско или Северно Корејско или Чаушесковско.

И Чаушеску во последниот негов говор зборувал дека Странските служби се виновни .... и тој во последниот говор им нудеше на граѓаните зголемување на плати, пензии, социјална помош, детски додаток ... се што му текнуваше. Денес Романија е во ЕУ и НАТО, не го изгуби суверенитетот и територијалниот интегритет, иако Чаушеску му викаше на народот дека тоа го посакуваат странските служби.










Разбирам дека од 9 години седење на власт се станува зависен, и имаат потреба сеуште да конзумираат власт, моќ .... ама претерано е, западната демократија им дава можност пак да учествуваат на избори, не дај боже да има руска демократија, има да остане една партија во следните 50 години.
Isto taka nie ne sakame teroristicki grupi,iliridi,podmetnuvanje na bombi vo drzavni i civilni objekti ,isto taka ne sakame raznesuvanje na kameni most so golem broj na zrtvi,ne sakame nastani kako smilkovsko ezero,mnogu raboti ne sakame ,ama se desavaat!Zosto,vo ime na sto?Ili tvojata objektivnost zavrsuva som se spomnat ovie raboti?
 
V

viktora

Гостин
Многу им е кратка меморијата. Ај помладиве во тоа време се запишувале во средно школо, али постариве да не паметат од кој шешир беше извлечен Грујо и Борис баш ми се смешни. А само да се навратам во времето на бугарот Лубчо неможе ни да ми текне кој лик беше Грујо во тој политички ешалон. Никој и ништо. Али по некоја случајност за мене несфатлива во тоа време стана лидер. Исто беше и Борис.

Но ете сега им сметаат дипломатите. Токму денес они решиле прв пат во историјата на нашата земја да поддржат „нов премиер“. Дури алот претходно што напиша дека ќе било мртва партија за него онаа што ќе им дозволела присуство ме засркна од смеа. Алот или заборава дека е стар член на форумов и дека многу добро знаеме од која партија доаѓа или се прави наудрен. Па сите мислења да му ги извадам до сега како жилаво се бори за груевизмот и овој пост како вовед да му го ставам би било една убава приказна.



Грујо сеуште нема поднесено оставка?
Колку што памтам Грујо беше министер за финансии во тоа време.Исто памтам дека многу светски економисти го скапаа фалеќи како ја води економијата на земјата која беше среде војна.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.848
Поени од реакции
26.444
Нека поработат русите во наредните 20 години на овој терен, па нема да може овака на копче да ни се случуваат немири. До тогаш чичко Сем ќе биде нашиот "заштитник".
Да им кажам сега или да почекаме недела да дојде?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom