- Член од
- 21 ноември 2012
- Мислења
- 1.174
- Поени од реакции
- 744
Кој му е крив за ова?
Лидерот на СДСМ Зоран Заев во телевизиско интервју веќе изнесе детали за она што се расправало зад затворени врати на Советот заа безбедност. Тој го стори ова и покрај тоа што потпишал сертификат за доверливост, а дури и потврди дека знаел за терор
Нов скандал на Заев. Издаде државна тајна и кажа дека одамна знаел дека терористите се во следени,а не пријавил. Во телевизиско интервју рече дека на последниот состанок на Советот за безбедност од надлежните бил информиран за тоа дека терористичката група била следена осум месеци иако според неговите информации се работи за подолг период.
"Дел од одговорите беа „истрагата ќе покаже“ и дел ме излажаа. Ме излажаа затоа што прашав „Колку време ја следеле оваа криминална терористичка група“, рекоа 8 месеци. Јас имам докази дека е една година и 8 месеци", изјави Заев.
На ова реагираше и кабинетот на претседателот Иванов. Од таму велат дека Заев иако обвинет во случајот Пуч почитувајќи ја презумпцијата на невиност бил поканет да присуствува, но потпишал сертификат со кој се обврзал да не изнесува информации во јавност. Дополнително скандалозна е изјавата на Заев дека тој и можеби и поранешниот лидер на СДСМ Бранко Црвенковски дека терористичката група била следена од Септември 2013 или пред тоа. Во јавноста се поставуваат прашањата зошто, ако имале докази за тоа дека терористите кои убија осум и ранија 37 полицајци се присутни на наша територија од тогаш зошто не пријавиле. Дали СДСМ има паралелна безбедносна структура со која ја подрива државата.
"Ние сме СДСМ, ние сме тие што поседуваат докази и ги споделуваме со јавноста. Следењето на оваа група од септември 2013-та, јас имам докази кај мене, а станав непосредно претседател. Можеби поранешниот претседател на СДСМ имал докази и пред септември 2013-та. Но од септември согласно сите наши безбедносни комисии служби кои постојат во партијата, имаме докази дека година и 8 месеци минимум се следела таа група со сите нејзини активности", изјави Заев.
Однесувањето на Заев станува уште по скандалозно со сликите од Дива населба во Куманово на кои тој позира со поддржувачи и доушници на терористите. На некои од нив и со поздравот кој го користи УЧК. На ден на жалост за убиените осум полицајци Заев насмеан позираше на селфи фотографии со Беким Алиу кој додека траеше полициската акција на Фејсбук објавуваше слики од локациите на полицајците и со тоа им помагаше на терористите. Во една од неговите објави на Фејсбук Алиу пишува дека 50 полицајци се наоѓаат пред локален маркет.