ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238

Зашо не ги сомелат ова говедава стварно не ми е јасно..
ги апсат ти ебам.. у УЧК униформа.. абре марш
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Па и од нив не се очекува секој ден да се ставаат во ситуации со екстремно висок ризик за погинување или инвалидитет. Во обични денови, обична плата - во екстра ризични денови, тогаш има и екстра голема плата.

Ако на мајка ти не и е доволна платата на тоа работно место што сега го има во МВР, нека конкурира за ЕБР/Тигри. Можеш и ти да се обидеш. Ти посакувам среќа, да успееш да се вработиш таму и ако некогаш учествуваш во акција како таа на 9ти Мај во Куманово - дефинитивно кажи после дали е преголема платата (ако се вратиш жив и здрав).
За што и да е ако ја завршиш дадената работа успешно може да следат бонуси за успешно завршената работа али не ми текнува да сум видел бонус кој е х10,х12 од платата за толкав број на вработени.Али веќе ако има државава пари да дава за разни глупости тогаш нека им дадат толкави бонуси и на учесниците во акцијата.
При самото влегување во ЕБР и Тигри они си се свесни за пропорционалноста помеѓу платата и ризикот од таа работа и сами си се впуштаат во тоа.Ретки се ваквите опасни акции али една треба да ти го сјебе животот целосно.На некој му се исплати тој ризик на некој за жал не.
 
?

..........

Гостин
http://www.telma.com.mk/vesti/pukale-vo-policijata-bile-vraboteni-vo-mvr
Пукале во полицијата, а биле вработени во МВР
Вториот уапсен е Арсим Бајрами кој само два дена пред кумановската битка бил командир на граничната полициска станица Белановце. Таа караула се граничи со територијата под контрола на граничната станица Гошинце која беше нападната пред 4 недели.

Бајрами тогаш бил командир на Белановце, а според полициски извори во средата- два дена пред да почне акцијата против кумановската група тој бил прераспореден на работа на преминот Пелинце.

Бајрами од 2002-ра работел во полицијата, а е во сродство со семејството Тучи од Ваксинце каде и живеел, велат изворите на Телма.

Кој ке сноси одговорност за ова? сорос? ленка? солидарност? средношколците? студентите?
Успешната дпмнеофска акција на векот!!! :tapp: отвори се земјо!!

Нема да успее ова да помине, бидете сигурни, грујо и братучетму заедно со другарчето од учк ке одговарат за креирање и спроведување на криминално тереористички акции, за загрозување на стабилноста безбедноста и животот на граганите, само и само да си го спасат гзот.
 
W

wicked_1

Гостин
Нелегално обавено прислушкување, не нелегално добиени докази. За да прислушкуваш некого потребно ти е пишана наредба, за да имаш причина за таа пишана наредба потребно е тоа лице да е закана за домашната безбедност.

Судот не прифаќа докази како видео снимки или аудио снимки без пишана наредба....
Брат, незнам колку си запознаен со правото и судската пракса да не прејудицирам однапред, ама снимките за кои збориш не се третираат на начинот на кој што имаш претходно напишано. А тоа е поради тоа што од нивната содржина се утврдува јавен/државен интерес. Така да у вакви случаеви се исклучува начелото т.е правилото кое ти го напиша, интензитетот на делото и релевантноста на содржината ги прави снимките од ваков вид адмисабилни како докази.Ова е судска пракса, за која постојат многу случаи, а е дел од праксата на ЕСЧП у Стразбур, па дури и на америчко тло.
Ние како потписници на Конвенцијата, ја имаме сета слобода да го практикуваме тоа начело, без никаков проблем и со меѓународна подршка. Претходно у друга тема ги дадов примерите т.е случаите за кои се има пресудувано во исти случаи на протечен телефонски разговори, но членот со кој дебатиравме, од партиско/идеолошки причини не ги препознаваше фактите.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.362
Поени од реакции
18.477
Точно, не се семоќни - посебно не во последниве години.
Иран е добар пример, ете го пред договор се со ОН - и за дозвола за развивање технологија за изградба на нулеарни централи, и за целосно тргање на санкциите.
За нас се,причините ги дадов у постот.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.342
Поени од реакции
21.700
http://www.telma.com.mk/vesti/pukale-vo-policijata-bile-vraboteni-vo-mvr
Пукале во полицијата, а биле вработени во МВР

Кој ке сноси одговорност за ова? сорос? ленка? солидарност? средношколците? студентите?
Успешната дпмнеофска акција на векот!!! :tapp: отвори се земјо!!

Нема да успее ова да помине, бидете сигурни, грујо и братучетму заедно со другарчето од учк ке одговарат за креирање и спроведување на криминално тереористички акции, за загрозување на стабилноста безбедноста и животот на граганите, само и само да си го спасат гзот.
Ти друже, покрај тоа што си заостанат во паметот, не си во тек ни со настаните. Дури и колегите твои, штабските билбоарди и куропушачи, сменија теза и се фокусираа на "Две години имале инфо за терористите, зошто не ги спречиле!?".

Би те советувал да тркнеш до штаб, да направиш update и наредниов период да се фокусираш на теоретизирање за пропустите на специјалците, постирање анонимни писма од загрижени специјалци и прва рука dojave iz kluba, како и SMS и Facebook пораки во кои локалниот комитет ги повикува своите членови да се наоружаат со палки, шипки и бе-пет-еден, и да почнат со насилни протести и ликвидација на клетите комуњари. :D
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
@Кирца

Не си во право, и не ти држи вода воопшто сето тоа што го пишуваш. И мислам да го зборуваш ова во живо со некои луѓе кои знаат да ја ценат храброста од 5 пати барем 3 пати в чело ќе бидеш плукнат. ;)
Јас не реков дека не ја ценам нивната храброст,баш напротив треба да им се симне капа за таа храброст што влегоа таму.В чело треба да биде плукнат тој што ќе ги користи нив и овие награди во изборна кампања.Башка ако така гледаме оваа Влада ја има потценето храброста на специјалците во претходните акции(сигурно во оваа акција има специјалци кои првпат влегуваат во сериозна акција) со тоа што тие не добиле награди за учество во акција a исто така биле високоризични.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Западните медиуми почнаа со кампањата и се спремаат за конфликтот кој ни го местат нивните служби.

„Шарли ебдо“ го нападнале терористи, а Македонија вооружена група: Еве кој аршин го прават светските медиуми!

Речиси ниту еден европски и светски медиум, нападот во Куманово не го окарактеризира како терористички напад.

Масакрот на новинарите во сатиричниот магазин „Шарли ебдо“, медиумите го окарактеризираа како терористички напад! На подмолниот напад на албанските терористи, меѓудругото е друг аршин! Речиси ниту еден европски и светски медиум, нападот во Куманово не го окарактеризира како терористички напад.

Во нападот на албанските терористи животот го загубија осум македонски полицајци, а уште 37 се повредени. Полицијата ликвидираше 14 терористи.

Американската CNN пренесува дека во Куманово дојде до судир на „полицијата со вооружени напаѓачи“, а слични објави имаа и британските BBC, како и Daily Mail.

На ист начин известуваа и германските медиуми. Конзервативниот весник “Velt” пишува „најнестабилната земја во Европа“ се наоѓа пред нова војна, притоа наведувајќи дека дошло до престрелка меѓу „полицијата и герилски борци на северот во Македонија“, настрадале околу 40 лица, предупредувајќи дека се заканува „конфликт помеѓу Словените и Албанците“ како во 2001 година.

Овој медиум во текстот со наслов „Најнестабилната земја во Европа пред нова војна“ неведува дека и Русија игра една улога во сето ова. Печатот пишува дека „според познавачите на ситуацијата во Приштина“, повеќето Албанци кој македонската полиција ги уапси, во затворот биле „тешко злоставувани и делумно повредени“, исто така наведува дека биле апсени цивили, помеѓу другото и една фамилија со три деца.
Не само тоа, туку СНН го прашува Никола Димитров следново: “Опозицијата обвинува за диктатура. Дали е време за интервенција на ЕУ во Македонија?“

http://edition.cnn.com/videos/world/2015/05/11/exp-macedonia-unrest-leaves-22-dead.cnn

Македонската влада ризикува распад на државата - Франц Лотар Алтман.

„Кај албанското малцинство би можеле да зајакнат тенденциите кон сепаратизам за разлика од досега. Неразбирливо е зошто актуелната конзервативна влада ризикува натамошен распад на општеството и на самата држава. Тврдите интерпретации од страна на владата на обвинувањата кои се однесуваат на очигледни повреди на основните човекови права не наоѓаат на никакво разбирање ниту прифаќање во странство“, вели Алтман.

http://www.dw.de/македонската-влада-ризикува-распад-на-државата/a-18438667

Другиот настан е шамарот, ама навистина жестокиот шамар што го јаде вчера Груевски на средбата со амбасодорите. На него му беше дадена листа на работи кои мора да ги спроведе, како што се потребни, го цитирам Бејли, соодветни политички и правни мерки за одговорните со цел да се постапи по слабостите на институциите кои се видливи од прислушувањето. Бараме Владата да размисли за специфични реформи, вклучувајќи го интегритетот на изборниот систем, слободата на медиумите, независноста на судството, слободата на говорот и заштита за тн. „протекувачи на информации.

Болдираниот навод е посебно значаен, затоа што тука заминуваат соништата на Груевски за циркуско судење пратено со линч за оние кои ги доставија снимките до Заев. Маневарскиот простор на Груевски сега му е намален на тоа да размислува на кој начин да го изврши политичкото самоубиство.
Заштита на “Протекувачи на информации“ значи амнестирање на ШПЈУНИТЕ. Кратко и јасно.

Овој директен притисок за амнестирање на ШПЈУНИТЕ во ДБК може да се објасни само како превенција во случај да се обелодени вмешаност на странски служби.
Знам дека не сакаш ова да го слушнеш ама се работи токму за ова.
Исто кога не притискаа да ги евакуираат терористите од Арачиново.

А бидејќи им ликуваш на ваквите притисоци, се надевам земаш во обѕир дека евентуалното согласување со овие притисоци ќе означува легализирање на сите прислушкувања во иднина, вклучително и нова власт. Имав впечаток дека не сакаме вакво нешто...можеби грешам.

---

Во врска со Турскиот Тек, српскиот претседател Николич за време на посетата во Москва изјави дека “Србија не била повеќе заинтересирана за негова изградба“ :rolleyes:
Сигурно само коинциденција со настаните во Македонија...

Мислим да је реализација Турског тока (на територији Србије) немогућа и из тог правца нећемо добијати гас", рекао је Николић.
http://www.novosti.rs/вести/насловна/политика.393.html:547014-Николић-Изградња-Турског-тока-преко-Србије-није-могућа
 
Последно уредено:
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.320
Поени од реакции
2.846
Што ми го спомнуваш Грујо, ако има памет народов на следите избори тој нема повеќе да биде на чело на државава. Знам целосно нелогично нешто кажав, пошто да има разум народов нема ни за Зајко ни за Грујо да гласа.


Епа ако не се обидеш некогаш, тогаш како?
Затоа те прашав, каде е твојата граница на трпење - после која ќе се обидеш?
Неможем да те сватим што бараш од мене граница за трпење кога веќе отидена е границата според мене. И кој се условите и лимитите е прашањето за да бирам. Јас бирам да не одиме подолу од ова а изборот според тебе да го одбереме гасоводот е подоле од сега иако сега е дното (јас не би го сакал оваа економска ситуација но дојдени сме од многу причини кој ако ги разглобуваме ќе нам крај), значи ти велиш дека ако го одбереме гасоводот ќе биде подобро, само негледам како ќе е подобро кога тоа може да значи и конфедерација или непостоење на државава. Би ја свиткал кичмата кога би ми гарантирало тоа на народот сигурна држава.

А и кој ми се опциите во моментот зависи сега јас може да пишам дека и на Солун ќе одам ама колку е тоа реално и остварливо... Сепа потребно е и малку соочување со реалноста, а не како овие патриоти кој не гледаат подалеку од носот и мислат дека ако се прогласуваат како патриот државата ќе оди напред. Значи има една работа која се вика политика пазарење а не удирање во гради дека сме патриоти. Поентата на еден политичар е да ја води напред државата нели со сплетки тактизирање и кога не си способен за да покажеш заби на некого не ги покажувај. Објасни ми ти мене што ќе добиеме ако и покажеме заби на америка па јас ќе ти објаснам што губиме па тогаш треба да се стават на кантар работите кои се подобри.

И според мене покажувањето на заби на америка е насока која води кон конфедерација или пропаѓање на државата а не неприфаќањето на гасоводот.
 
Член од
12 мај 2015
Мислења
112
Поени од реакции
172
Да не се пρавиме на чуκнати, пρво и основно не може за толκу κρатκо вρеме да се спρоведе тој план, сити мол, полицисκи станици, κамен мост.. (не игρаме κантеρ)... тоа е подолго планиρано, месеци се во пρашање (може и повеќе) .. оρужјето κаκо го донеле за толκу κρатоκ ρоκ?! Се ρаботи за огρомен бρој бомби итн. Пρеκу ноќ?! Хах.. ΚУЌИТЕ СЕ ИЗНАЈМЕНИ ЗА 5000 ЕВΡА, за два дена 5000 евρа?! :// κолκу нелогични ρаботи.. дај неκа пρестане овој ГЛУПАВ НАΡОД ДА СЕ ДЕЛИ УШТЕ ПАΡТИСΚИ, ДАЈТЕ ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ И ДА НЕ ДОЗВОЛУВАМЕ ВАΚВИ ΡАБОТИ, САМО ΡАДИ НАС ВАΚВИ ΡАБОТИ СЕ СЛУЧУВАА.. ГЛУПАВИОТ МАΚЕДОНСΚИ НАΡОД! До κаде ваκа луѓе?! Саκате да бидеме "Ρепублиκа Илиρида" ?! Аκо толκу саκате пρодолжете да се делите паρтисκи и да се плуκате и κе станеме, ве увеρувам.. НЕ СЕ ОБВИНУВАЈТЕ НИ ВИЕ ГОСПОДИНЕ ГΡУЕВСΚИ А НИ ВИЕ ГОСПОДИНЕ ЗАЕВ, МАΚЕДОНИЈА САΚА МИΡЕН ЖИВОТ, ЗАЛУДНО СЕ ТΡУДИТЕ ДА СИ ГИ ОЦΡНУВАТЕ ОБΡАЗИТЕ, ВЕ ЗНАЕМЕ ДОВОЛНО ДОБΡО .. !
 
Член од
23 март 2005
Мислења
284
Поени од реакции
133
Прашањето и конфликтот во Македонија е глобален. Колку пати тоа го повторив.....

Русија почнува се појавно да завзема страна за оние кои работат во нејзин интерес тука кај нас...

http://www.mn.mk/aktuelno/10438-Rusija-zastana-pozadi-Makedonija-i-ovaa-Vlada-i-dobi-poddrska-od-poveke-od-polovina-svet

Конфликтот ќе продолжи и ќе ескалира....
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.409
Поени од реакции
35.081
...оваа Влада ја има потценето храброста на специјалците во претходните акции(сигурно во оваа акција има специјалци кои првпат влегуваат во сериозна акција) со тоа што тие не добиле награди за учество во акција a исто така биле високоризични.
Горнава изјава е приличен напредок во однос на претходните. „Чуму“ промената во ставот?
И само онака од љубопитноста да прашам... да не си политичар, или да не студираш нешо политички науки?


Ахемм’... дихтомијата на Кирца:
;)
5000-10000 евра за учесниците во акцијата?Годишна и повеќе плата за нешто што се смета како дел од редовното работење на овие лица?
...тие лица никој ги нема натерано на сила да ја изберат оваа професија.Нека бидат наградени со една или две месечни плати али 5000 и 10000 евра?
Мајка ми за тоа што работи 20 години веќе во МВР не и беше ништо дадено.
 
Член од
23 март 2005
Мислења
284
Поени од реакции
133
Не, во Македонија сите што не се со власта се комуњари.
мислам дека секогаш и секоја власт во Македонија се понашала комуњарски, исто и оваа , фактичи секоја власт во Мкд била комуњарска.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Прашањето и конфликтот во Македонија е глобален. Колку пати тоа го повторив.....

Русија почнува се појавно да завзема страна за оние кои работат во нејзин интерес тука кај нас...

http://www.mn.mk/aktuelno/10438-Rusija-zastana-pozadi-Makedonija-i-ovaa-Vlada-i-dobi-poddrska-od-poveke-od-polovina-svet

Конфликтот ќе продолжи и ќе ескалира....
Јас мислам дека русија и удба од србија стои позади оваа група. Се надевам дека еден ден ќе има докази за ова.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom