Ја ти кажав што кажа Стојанче....Зашто не кажал кој плаќал и дали тоа не го кажал, зашто не го кажал банкарскиот рачун на кој легнале парите, дали он имал вошки и спиел на таван, е друга работа и не е у сфера на факти.
Сеа збориме за факти.
Не. Ти зборуваш само за тоа што сакаш да го слушнеш.
Кога треба да процениш веродостојност на нешто, прво гледаш фактички докази, а потоа и веродостојност на кажувачот. Затоа во отсуство на било какви физички докази целата работа останува во тоа
дали Стојанче има вошки и дали спие на таван. Какво значение имаат инаку неговите зборови, ако не кажува НИКАКВИ релевантни податоци освен наводната сума... Или поедноставно кажано, какво значение имаат тие наводни 2 милиона, ако ликот лаже?
А ти лично, пак не објасни што тоа побогу е важна сумата (наспроти докази идентитетот на плаќачите)? Да не се отвара нешто како берза на трудот, за воени платеници?
Некој така може да напише и дека одредена министерка навечер (се) „работи“ за 500-тче. Но нејзиното МВР може да постапи по пријава за проституција само ако се каже дека (на пример) се работи конкретно за министерката Гоца, и дека наведеното дело се случува (на пример) позади МРТВ. Правиш дистинкција помеѓу двата случаи
@Beric Dondarrion?
Не се ова факти ова е твое мислење (кое е делумно точно).
Мое мислење е дека Америте сакаат да го тргнат Груевски и сакаат да се прекине работата на гасоводот.
Мило ми е што се согласуваме дека (барем овде) правиш разлика меѓу мислење и факти.
Иначе колку за записникот, ме боли мене онаквиот за Груевски - се додека Македонија си го добие гасоводот. Kраткорочно гледано, најмногу тоа и ме интересира.
Тука веќе флагрантно ја игнорираш објективноста и здравото расудување. И ова добро покажува дека зад твојата објективност можеби се крие нешто друго и за некого тоа би било е доволно да сфати на која страна дуваш. Оттука некој би си помислил дека можеби е излишно да се прават обиди за сериозна дискусија со тебе. Исто како со Ireal, мкд влада и другите билбоарди со кои е невозможна двонасочна размена на информации, пошто нели, билбоарди се тоа. За еднонасочен проток на информации.
Што би рекле, ја користиш надтактиката на власта - да се праиш на удрен.
Ти бе мене ме нарекуваш билборд? А каква е содржината на билбордот?
- Критика на власта, и опозицијата, и празноглавите заслепени тапачи како тебе?
Проблемот со тебе, а тоа го имам видено на повеќе теми - е тоа што од дрвата не ја гледаш шумата.
Во случајов и самиот си се нафатил да бидеш... дрво.
Зборуваме за факти. Факт е дека конгресот у Куманово беше закажан за 9-ти мај (има вест од 18 март). Преместен е една недела порано. Тоа е факт.
Од тоа, ти ако можеш да вадиш поврзаност со било што, бујрум.
Не знам бе, можеби добиле попуст на просторот за тој датум? ЖенАтаму на Грујо на 3ти Мај сакала да ја носат на одмор во хотелот на Субрата? Вемеро подготвувале фолс флаг операција во Куманово на 9ти мај?
Која од овие (и други) причини е можна? Една? Сите?
Еве, не коментирам повеќе за ова додека ти не коментираш зошто Заев ја испратил женАтаму надвор од државата - токму пред настаниве. Да го истражиме и тоа, можеби Зајко знаел за нападите, можеби самиот ги организирал, исто толку докази имаме како и за тоа што ти го пишуваш.
Како подобро да ти илустрирам дека мислиш дека си открил топла вода а трачариш банални шпекулации, како тетка во фризерница? Не сакам да коментирам жолта штампа.
Па, како што реков, факт е дека неброено многу пати е потенцирана разликата во спремноста и обученоста на сегашните безбедносни сили со истата кај оние од 2001-ва. Тоа непрестајно потенцирање е факт.
А тоа дека борбата е ваква или таква, е мое согледување. Твое е дека ова личи на Арачиново и за тоа ти давам право. Ќе повторам мене ова ми личи на местенка, која може само одвнатре да се направи. Тоа е шпекулација, моја. Не е факт.
Ти мислиш Албанциве од внатре наместиле. Ја викам и Албанци и Македонци се у спрега тука, за местенкава.
За релативно нерелевантни работи зборуваш. Важниот момент е мојата теза дека многу работи изгледаат дека НЕКОЈ САКАЛ ДА НАПРАВИ НОВО АРАЧИНОВО И СО ТОА УСЛОВИ ЗА НОВ РАКМКОВЕН ДОГОВОР.
Тебе ти се допаѓа идејата за Македонија како конфедерација?
Овие се според тебе исламски фундаменталисти кои работат за ИСИС или слична кауза?
Тука повторно се правиш на удрен и повторно некој би го добил погорниот заклучок во врска со тебе.
Некој овде дефинитивно се прави удрен. Нашле 2 милиончиња во џебовите на убиените терористи (или кај уапсените)?
ОК, имаш теза... како ќе ја аргументираш - со 2та милиона на Стојанче?
Ни ти не си затуцан, нити глуп, само се повеќе некој би добил впечаток дека си одработувач на нечии болни амбиции газот да го задржи у фотеља, макар и со жртви.
Уште една теза, ама заснована врз основа на што?
Знаеш ли како изгледате вие што плукате исклучиво по едната страна? - За мене не сте ништо подобри од овие што ја бранат владата.
Најпосле, прави разлика дека стануваш слеп за 66% од тоа што го пишувам. Ги гледаш само 33те% од напишаното, каде интересите на владата се поклопуваат со интересите на државата и на нацијата. Не може бе да си дозволиш заради заслепувачка омраза кон гарнитурата на власт, да не го гледаш интересот на државата. Државата и нацијата ПРЕД СЕ ДРУГО!!!
На крају краева, ако толку си заинтересиран за моја партиска определеност, еве јас те поканувам на следните избори (сеедно дали редовни или вондредни) заедно да го прекршиме законот со едно групно гласање, и да повелиш да видиш каков
ПАТЛАК цртам на гласачкот ливче. После можеш да проверуваш и дали ме има во партиски листи.
Прашањето е дали ти си партиски определен? (иако и тоа изгледа е релативно јасно)
Генерално, се сложувам со твојот геополитички поглед, во врска со новата студена војна енд стаф, но тоа што избегнуваш да ги согледаш (- ова е благо кажано) ургентните приоритети на внатрешно-политички план, прилично доста те компромитира во мои очи. Но што сум јас, јас сум само еден човек, а не цел народ. Моето мислење е небитно, али како и да е, ќе си го кажам.
Но токму за тоа цело време зборуваме. За „ургентните приоритети на внатрешно-политички план„.
Ајде обиди се, љубезно те замолувам, да ги артикулираш кои се приоритетите на Македонија - во овој момент на локалните случувања и светски превирања!
За да не мислиш дека на готовс чекам да критикувам нешто, еве ги моите гледања за приоритетите: уште пред три месеци сум напишал што се приоритетите:
...
Прва и основна работа, собирање на целото нелегално оружје во државата и отклонување (или за многу намалување) на факторот „албански вооружени немири„ кој по потреба си го нарачуваат и го активираат однадвор. Во ова спаѓа и зајакнување на армијата и полицијата, и многу построга контрола на границите (посебно тие на север и на запад).
Второ, развој и економска стабилност, и правење инфраструктурни услови (законски, и извршни) за главното што следува: Ре-евалуација на приватизацијата и справување со олигархиската криминална структура која е секогаш интегрирана во сите структури кои досега биле и се на власт во модерната македонска држава.
До исполнување на овие внатрешни цели, одолговлекување на сите процеси за интеграција во НАТО или ЕУ. По извршувањето на внатрешните цели, дури тогаш може да зборуваме за некаква реална надворешна политика.