Ова е неточно, мислам, законот гласи така и тоа стои, но има отстапки, знам од лично искуство.
Кога беа оние избори за председател кога се кандидираше Фрчко воедно беа и локални истовремено, јас имав наполнето 18 години и тоа уште 4 месеци пред тоа, а во избирачкиот список ме немаше никаде.
Бевме после тоа со татко ми да видиме на друго избирачко место во близина на местото каде што сум родена, ме немаше и таму. Точно се сеќавам дека бев матурантка таа година, утредента во школо зборуваа и други што им се случило така. А луѓе што после мене наполниле 18 ги имало во избирачкиот список, се регуларно.
Ме немаше на избирачкиот список и во вториот круг на изборите.
Зошто е тоа така, незнам. Не дека јас ќе сменев нешто, туку чисто ќеф ми беше дека прв пат ќе гласам.
Во твојот случај е направена грешка во изборниот список. Изборниот список во суштина си се надополнува автоматски, не треба ти сама да одиш да се бркаш и запишуваш во него, тоа е работа на ДИК. Е сега кај тебе е направен превид, што значи дека нема отстапки од законот, туку кај тебе е направен пропуст и прекршок, затоа што е кривица на ДИК. Ти си требала веднаш да составиш приговор до ДИК затоа што те нема.
Јас кога наполнив 18, и кога се запишав на факс, уште немаше избори, ама сама си се проверив дали ме има во избирачки список. Ме имаше. После пред секои избори си проверувам со време дали ме има, за во случај да ме нема, да можам веднаш да реагирам.
ДИК ќе реагираат доколку реагираш порано, а на денот на самото гласање можеш само да поднесеш пријава.
Нема отстапки во Уставот, туку тебе ти било повредено правото на гласање, заради (претпоставувам) бирократки техникалии или неспособност на тие кои ажурираат.
Се случува некогаш, но не знам зошто нашиот народ нема навика да поднесува пријави до ДИК и суд, а го имаат тоа право. Ако ништо друго ќе им отвориш работа затоа што МОРААТ да го разгледаат случајот.
Не е Устав или Закон, а бе така е, ама не е така.
Штом со 18 години не си можела да гласаш, бил нарушен законот, Уставот и твоето избирачко право.[DOUBLEPOST=1423822548][/DOUBLEPOST]
А ти да поднесеше ( под претпоставка дека не си ни професор, ни асистент, ниту јавно лице) ти мислиш Уставниот суд ќе ти го усвои предлогот за одредба ? ^_^ Нема, тоа ми е зборот највеќе. Ја хејтам госпожата !!!!!! Се насетуваат избори инаку, така ми мириса.... ахм ахм ахм.
Во ред е, твое си е дали е хејташ или не, ама немој да мешаш баби и жаби. Нормално дека јавни личности добиваат повеќе внимание де, посебно ако се професори или експерти, тоа е секаде во свет, јас да поднесам приговор, кому ќе бидам интересна? Никому. А медиумите се лепат за сензационалност. Тоа не значи дека во случајов не била во право. И каков предлог за одредба, се слушаш ли бе? Ок, хејтај што сакаш, ама барем за трошка информирај се за процедурите. Не поднесуваш предлог до Уставен суд, туку
оспоруваш веќе постоечка одредба. И ако падне, се враќа старата одредба.
Проблемот со народов е што не знае да се оддалечи од некое мислење за особа, па се што е поврзано ќе го хејта. Дневна политика ви го има поматено објективното расудување.
Се гледа рационално и аргументот, не се гледа кој го прави.
Тоа правило беше противуставно, падна на Уставен ко што требаше да падне.
Ич не е битно дали Каракамишева, ти или јас сме го поднеле тоа.
Хејтај на друго место, не во темава.
И нека има избори, демек нешто ново, на секои две години/година и пол има избори, не треба да си Ајнштајн да претпоставиш или да се изненадиш ако има пак.