ОБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА ПАЛЕЦОТ ПАДНА НА УСТАВЕН

Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Ова е неточно, мислам, законот гласи така и тоа стои, но има отстапки, знам од лично искуство.
Кога беа оние избори за председател кога се кандидираше Фрчко воедно беа и локални истовремено, јас имав наполнето 18 години и тоа уште 4 месеци пред тоа, а во избирачкиот список ме немаше никаде.
Бевме после тоа со татко ми да видиме на друго избирачко место во близина на местото каде што сум родена, ме немаше и таму. Точно се сеќавам дека бев матурантка таа година, утредента во школо зборуваа и други што им се случило така. А луѓе што после мене наполниле 18 ги имало во избирачкиот список, се регуларно.
Ме немаше на избирачкиот список и во вториот круг на изборите.
Зошто е тоа така, незнам. Не дека јас ќе сменев нешто, туку чисто ќеф ми беше дека прв пат ќе гласам.
Овде веќе ни ставаш до знаење и за кого си сакала да гласаш :) Избирачкиот список го има на увид месец два пред изборите затоа треба тогаш да се провериш и ако има проблем ќе го решат. На пример, јас кога наполнив 18, месец дена пред избори отидов да проверам во општина (т.е. во подрачна единица на мин за правда) и после 5 минути се враќа теткицата ми ја враќа личната карта и вика ваква лична карта не постои (!?). Како?? Па ти фали една бројка во матичниот број :) ми ја сменија во мвр се вратив и ме додадоа на список.
 
M

Moon Child

Гостин

Полесно ми е да пишам Фрчко него првиот пат кога Хорхе се кандидираше.
Мал оф топик.:X3:
 
K

Kacar

Гостин
Што има да поднесува, штом паѓа таа одредба, значи дека (најверојатно) ќе си остане спрејот ко и порано. Се поништува новото, си останува старото. Не гледам ниту една добра причина зошто би се заменил спрејот. Не е поентата само да биде нов предлог без врска, кога стариот сосема добро си функционираше.
Ти поднесуваш закон или негова одредба пред Уставен, не значи дека при поднесување имаш должност да поднесеш нов предлог. И јас ко граѓанин, и ти, и сите останати имаме право да оспориме закон или член на закон пред Уставен, не значи дека мораме да поднесеме нов предлог. Туку само го оспоруваме постоечкиот. И ако падне, се враќа претходната одредба.
Не знам што туку мешате сега баби и жаби.
А ти да поднесеше ( под претпоставка дека не си ни професор, ни асистент, ниту јавно лице) ти мислиш Уставниот суд ќе ти го усвои предлогот за одредба ? ^_^ Нема, тоа ми е зборот највеќе. Ја хејтам госпожата !!!!!! Се насетуваат избори инаку, така ми мириса.... ахм ахм ахм.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ова е неточно, мислам, законот гласи така и тоа стои, но има отстапки, знам од лично искуство.
Кога беа оние избори за председател кога се кандидираше Фрчко воедно беа и локални истовремено, јас имав наполнето 18 години и тоа уште 4 месеци пред тоа, а во избирачкиот список ме немаше никаде.
Бевме после тоа со татко ми да видиме на друго избирачко место во близина на местото каде што сум родена, ме немаше и таму. Точно се сеќавам дека бев матурантка таа година, утредента во школо зборуваа и други што им се случило така. А луѓе што после мене наполниле 18 ги имало во избирачкиот список, се регуларно.
Ме немаше на избирачкиот список и во вториот круг на изборите.
Зошто е тоа така, незнам. Не дека јас ќе сменев нешто, туку чисто ќеф ми беше дека прв пат ќе гласам.
Во твојот случај е направена грешка во изборниот список. Изборниот список во суштина си се надополнува автоматски, не треба ти сама да одиш да се бркаш и запишуваш во него, тоа е работа на ДИК. Е сега кај тебе е направен превид, што значи дека нема отстапки од законот, туку кај тебе е направен пропуст и прекршок, затоа што е кривица на ДИК. Ти си требала веднаш да составиш приговор до ДИК затоа што те нема.
Јас кога наполнив 18, и кога се запишав на факс, уште немаше избори, ама сама си се проверив дали ме има во избирачки список. Ме имаше. После пред секои избори си проверувам со време дали ме има, за во случај да ме нема, да можам веднаш да реагирам.
ДИК ќе реагираат доколку реагираш порано, а на денот на самото гласање можеш само да поднесеш пријава.

Нема отстапки во Уставот, туку тебе ти било повредено правото на гласање, заради (претпоставувам) бирократки техникалии или неспособност на тие кои ажурираат. :)
Се случува некогаш, но не знам зошто нашиот народ нема навика да поднесува пријави до ДИК и суд, а го имаат тоа право. Ако ништо друго ќе им отвориш работа затоа што МОРААТ да го разгледаат случајот.

Не е Устав или Закон, а бе така е, ама не е така.
Штом со 18 години не си можела да гласаш, бил нарушен законот, Уставот и твоето избирачко право.[DOUBLEPOST=1423822548][/DOUBLEPOST]
А ти да поднесеше ( под претпоставка дека не си ни професор, ни асистент, ниту јавно лице) ти мислиш Уставниот суд ќе ти го усвои предлогот за одредба ? ^_^ Нема, тоа ми е зборот највеќе. Ја хејтам госпожата !!!!!! Се насетуваат избори инаку, така ми мириса.... ахм ахм ахм.
Во ред е, твое си е дали е хејташ или не, ама немој да мешаш баби и жаби. Нормално дека јавни личности добиваат повеќе внимание де, посебно ако се професори или експерти, тоа е секаде во свет, јас да поднесам приговор, кому ќе бидам интересна? Никому. А медиумите се лепат за сензационалност. Тоа не значи дека во случајов не била во право. И каков предлог за одредба, се слушаш ли бе? Ок, хејтај што сакаш, ама барем за трошка информирај се за процедурите. Не поднесуваш предлог до Уставен суд, туку оспоруваш веќе постоечка одредба. И ако падне, се враќа старата одредба.
Проблемот со народов е што не знае да се оддалечи од некое мислење за особа, па се што е поврзано ќе го хејта. Дневна политика ви го има поматено објективното расудување.
Се гледа рационално и аргументот, не се гледа кој го прави.
Тоа правило беше противуставно, падна на Уставен ко што требаше да падне.
Ич не е битно дали Каракамишева, ти или јас сме го поднеле тоа.
Хејтај на друго место, не во темава.
И нека има избори, демек нешто ново, на секои две години/година и пол има избори, не треба да си Ајнштајн да претпоставиш или да се изненадиш ако има пак.
 
Последно уредено:
Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
@Brutus Многу смешно ми падна, партиските војници од сдсм можеле да гласаат повеќе пати, пф дај не ме јеби ти се вика ова. Знам многу луѓе членови и од сдсм и од вмро, за тие од вмро државата е мајка и за тие од сдсм маќеа.
Најмногу администрација дека било запослено во времето на сдсм, ова е некој твој факт или од вмро ти пратија...
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.623
Поени од реакции
7.654
На пример, јас кога наполнив 18, месец дена пред избори отидов да проверам во општина (т.е. во подрачна единица на мин за правда) и после 5 минути се враќа теткицата ми ја враќа личната карта и вика ваква лична карта не постои (!?). Како?? Па ти фали една бројка во матичниот број :) ми ја сменија во мвр се вратив и ме додадоа на список.
Како може да ти фали бројка во матичниот број? Како? Единствениот матичен број на граѓанинот СЕКОГАШ има 13 бројки без ниту еден исклучок. Очигледно тие што биле задолжени за изготвување на списоците не го знаеле ова. Оттука и самиот можеш да донесеш заклучок колку компетентен кадар се партиските послушници.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Како може да ти фали бројка во матичниот број? Како? Единствениот матичен број на граѓанинот СЕКОГАШ има 13 бројки без ниту еден исклучок. Очигледно тие што биле задолжени за изготвување на списоците не го знаеле ова. Оттука и самиот можеш да донесеш заклучок колку компетентен кадар се партиските послушници.
Ми фалеше бројка во самата лична карта. Имав 12 броеви од МВР испуштиле еден неам поим како. Отидов за еден ден ми ја поправија. Оние старите лични карти и се гледаше како избришани неколку бројки и една вметната помеѓу :) A иначе ова се случи на крај на 90тите :)
 
Juve-Fan

campione d'italia 36
Член од
23 март 2010
Мислења
841
Поени од реакции
1.469
Ќе падне нормално, од сеа овакви ќе ставаат.
000_Was1104546.jpg
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.391
Со обележување со маркер, ти како индивидуа си јавно обележан дека си гласал, што е недозволиво. Твое право е дали ќе кажеш дали си излегол или не, но апсолутно не смее да бидеш обележан со маркер и другите да знаат по автоматизам кој гласал или не.
...
Невидливиот спреј си беше одлична варијанта и немаше потреба да се менува. Толку од мене.
Во што е спрејот подобар освен што е видлив само под UV светло? Естетика?
Ако имаш некоја инстанца која сака да провери дали си гласала, секако ќе имаат UV која можеш да ја купиш насекаде за евтини пари. Од друга страна маркерот можеш и сама да го чкртнеш со 10ден маркер, а хемикалија видлива само под UV не можеш.

На крај, таа хемикалија го прелева целиот палец и потоа градуално со недели полека механички се отстранува преку секојдневни активности... меѓу кои и јадење или спремање храна. Затоа ако веќе мора да ме означуваат, преферирам маркер.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.579
Незнам дали има некоја тема, не за законите на самите избори (изборен молк) туку и за изборните кампањи ?... гледам секојдневно има препукувања дека некој добил мала минутажа во некој медиум, а пази, не е ни изборна кампања !!
Сакам да потсетам, еден наш председателски кандидат на минатите избори успеа да издејствува од Фејсбук , при одлогирање од профилот на сите корисници во Р.Македонија да се отвара неговата веб страна... сега беа председателски во Хрватска, зборев со еден пријател, не може да поверува дека до толку сме банана држава што дозволивме Фејсбук да форсира еден кандидат, т.е. легално е да има икона од страна за сите кандидати кој пријават... но кај нас и се врзани рацете на државата од страна на разни потплатени организации кој директно се мешаат во нашите внатрешни работи...
 
Не те разбирам каква врска има нашата држава со тоа што фејсбук дозволил да има таква платена политичка кампања? Сакаш да кажеш дека тоа е недозволено според нашиот изборен законик?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.663
Поени од реакции
12.059
Во што е спрејот подобар освен што е видлив само под UV светло? Естетика?
Ако имаш некоја инстанца која сака да провери дали си гласала, секако ќе имаат UV која можеш да ја купиш насекаде за евтини пари. Од друга страна маркерот можеш и сама да го чкртнеш со 10ден маркер, а хемикалија видлива само под UV не можеш.

На крај, таа хемикалија го прелева целиот палец и потоа градуално со недели полека механички се отстранува преку секојдневни активности... меѓу кои и јадење или спремање храна. Затоа ако веќе мора да ме означуваат, преферирам маркер.
Кај некои, маркерот се брише веднаш. На една жена пред мене и се избриша мастилото. Од друга страна, тука се и многу пари за вакво нефункционално бележење.
Еве за споредба колку чини 1 маркер (минимална количина 5000) на Алибаба 0.07 долари, 0.06 евра.
Според овие информации, еден маркер бил набавен за 460 денари 7.5 евра, со што сите 15.000 маркери чинеле 112.000 евра. Според проверката на новинарите, истите можеле да се набават и за 40-200 денари најскапите. Наспроти ова, 10.000 шишиња спреј чинеле 35.000 евра, а еден спреј чинел 3.5 евра. УВ ламбите се купуваат еднаш и траат долго време. Според други/трети информации, поефтина варијанта, спрејот требало да чини уште помалку, 1.5 евро што за 9-10.000 шишиња би чинело негде 13.500 евра, а заедно со УВ ламбите и батериите би чинело сенасе 61-62.000 евра. Тоа значи за полоша варијатна со маркер, дадени се 2-3 пати повеќе пари, за сега да се увиди дека има проблем кај некои гласачи па повторно да се прават нови набавки.
А пред тоа користевме гласачки легитимации, за чија подготовка и печатење исто беа потребни многу пари.
Башка сигурно знаеш како ова јавно бележење влијае посебно во помалите места.
И башка што како што вели првиот пост, според Уставен ова бележење е во спротивност со Уставот.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.391
Сега ти зборуваш од аспект на штедење, и економска исплатливост... На жалост тоа спомнато во иста реченица со македонските влади, формира оксиморон.
Јас зборував за тоа дека со маркер само ноктот ми е контаминиран со хемикалија, наспроти тоа што со „невидливиот„ спреј ми се контаминира целиот прст.

Од аспект на тоа дали некој може неовластено да има увид во тоа дали си гласал или не, исти ташак е... пошто и во едниот и во вториот случај секој што сака има увид дали некој гласал или не. Разликата е само во тоа дали ќе треба да светне со УВ ламба или не.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.579
Не те разбирам каква врска има нашата држава со тоа што фејсбук дозволил да има таква платена политичка кампања? Сакаш да кажеш дека тоа е недозволено според нашиот изборен законик?
незнам дали има посебен закон за водење на кампања, но има казни за медиуми ако не бидат рамноправни кон сите кандидати, т.е не може да форсира еден во однос на друг... сега и не е никаква кампања па секој дневно се бунат мала била минутажата на интервју и слично..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom