Нуклеарен инцидент во Кршко?

  • Креатор на темата A__
  • Време на започнување

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.033
Поени од реакции
11.055
Случајно вртев низ програмите и слушнав дека имало некој инцидент во Кршко, но немаше ништо детално...

АБЦ, ај јави се кај колегите, дај повеќе информации. :)
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Абц е веќе таму, бара откуп на тутун од страна на словенците, во замена за складирање на радиоактивен отпад во Мариово.

Им истекла де вода радиоактивна ко што беше во Јапонија пред некоја година.И сега европа срипа одма.
http://www.dw-world.de/dw/article/0,2144,3389375,00.html
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Мистичен стави го ова на насловна!

ЕУ издала соопштение за Radiation Alert на целата територија на ЕУ.

BRUSSELS (Thomson Financial) - The European Commission issued an EU-wide radiation alert late on Wednesday after Slovenia began shutting down a nuclear power plant following a problem with the cooling system.

'A loss of coolant has occurred in the primary cooling system of the Krško nuclear power plant,' in the southwest, the commission said in a statement.


'The nuclear power plant is proceeding to the safe shut-down procedure,' it added.

http://www.hemscott.com/news/latest-news/item.do?newsId=64497524231157
 
Член од
1 мај 2005
Мислења
2.612
Поени од реакции
32
Инцидент во Кршко!?

само шо прочитав дека имало хаварија во Атомската Централа Кршко во Словенија...

Низ Западниов дел на Европска Унија е прогласен „атомски аларм“, податоци за тоа дали и колкава радиоактивност - НЕМА засега :)

АБЦ, како бе не ги научи Словенците како се ракува безопасно со нуклеарна техника :(
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
CNN

"There has been no impact on the environment and none is expected" following the Wednesday afternoon leak, the statement said. "The event did not affect employees, the nearby population or the environment."

Тоа што Европејциве мобилизирале тим од атомски техничари и експерти е за секој случај.. премногу паника за џабе.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.033
Поени од реакции
11.055
Добро што не сме во Унијата, инаку и за нас ќе важеше радиоактивната тревога. :)
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Алармирање треба да има и мора да има, ама во овој случај е реагирано ептен на време и нема потреба од никаква паника.
 
Член од
1 мај 2005
Мислења
2.612
Поени од реакции
32
bljagodarim za premestaj, od uzbudjenje i hitrenje rekov da otvoram tema pred abc :pos:

inace, makar se cini deka ne e pogolema havarija...

ne bi dale alarm europe-wide, ako nema nikakva opasnost ;)
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.033
Поени од реакции
11.055
Го исклучиле реакторот бидејќи имал проблеми со ладењето, ова е голем проблем...
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Да..да голем проблем...големите европејци сакаат да направат енергетски зависна уште една нивна мала членка..
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Воне е во право, само ради зависност од нив е целата работа.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.033
Поени од реакции
11.055
Не верувам, видовте како на Бугарите им ја спастрија по кратка постапка... Имаа доста време досега да им најдат некоја рачка...

Само кај е АБЦ? Трета смена почна од прееска...
 
Член од
1 мај 2005
Мислења
2.612
Поени од реакции
32
Го исклучиле реакторот бидејќи имал проблеми со ладењето, ова е голем проблем...
не сум баш експерт :р ама сум со мислење дека не е така наивно :)

Не верувам, видовте како на Бугарите им ја спастрија по кратка постапка... Имаа доста време досега да им најдат некоја рачка...

Само кај е АБЦ? Трета смена почна од прееска...
Факт е дека западна европа полека се де-нуклеализира, меѓутоа атомскиот енергетски систем е огромна индустрија која во која се вложени МНОГУ пари, од која егзистираат како индиректно и директно вработени МНОГУ луѓе, и не може „преку ноќ“ да се угасни.

Затоа разни самонаречени и самопрогласени експерти, и разни други тенгала и пискарала ќе продават теории колку е безопасна атомската енергија и под итно треба да се отвори нуклеарка во Тетове или Мориове :uvo:

И секако дека безопасната и „напредна“ технологија ќе ја купиме скапо и ќе ни ја одржаваат разни белосветски пропалици кои ќе си се грејат на Ветерници, Хидроцентрали, Сончева и други врсти на комплетно Еколошки и Биолошки здрава Енергија...

Додека они ги затвораат, ние размислуваме да ги градиме, се надевам не ни треба уште еден Чернобил за да ја научиме лекцијата?

Тврдиме дека сме Интелигентна Форма на Живот, а измисливме начин да се уништиме со притисок на едно копче, и ја користиме истата таа технологија за производство на енергија?


Иако постојат безброј опасности и можности да додје до посериозна хаварија - од земјотреси, метеорити, воени / терористички напади, материјална (дел од апаратурата) или човечка грешка и слично, ние продолжуваме да ја користиме таа технологија која може комплетно како раса да не уништи?

Па видовме дека можиме, би било ИНТЕЛИГЕНТНО сега да ја оставиме таа технологија на страна, и да си „бркаме работа“...

А не вака да се прашваме

- „бош пукла?“
- „буууууум“
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.033
Поени од реакции
11.055
Види, Кршко е понова и модерна централа која не спаѓа во класата на Козлодуј, ако се сеќавам реакторот е изведен од дивизија на Тошиба или некој друг огромен конгломерат, а Козлодуј ако се сеќавам беше направен по тертипот на Чернобил. Затоа на 1 Јануари почнаа да ги исклучуваат реакторите...Од пред-пристапните и пристапните фондови на ЕУ, парите им ги вратија во Франција откако им кажаа дека тие ќе и градат нов реактор. :)

Кршко не ја спасува ниту Хрватска ниту Словенија, и двете се енергетско зависни земји без и со Кршко. Четвртина од струјата потребна на Словенија се добива во Кршко, а Хрватска влече петтина од потребната струја.

Трендот на градење реактори од пред некоја година се повеќе добива замав низ западниот дел на Европа, што од убедување на властите дека и нивните комшии се одлучуваат за истото и е правилниот избор, што од разбирање дека сите оние природни начини на добивање енергија од обновливи извори едноставно не можат да не снабдат од огромната потрошувачка која ја тераме денес.

Се согласувам со тебе кога велиш дека не ни треба уште еден Чернобил за да сфатиме дека тоа не е вистинскиот начин, но што да правиме кога Перпетуум мобиле од прв ред едноставно не работи. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom