Нотарска канцеларија?

Ambasadorka.G

Poliglota
Член од
20 јуни 2009
Мислења
56
Поени од реакции
14
кои се регулативите за отворање на нотарска канцеларија , и за добивање на нотарска лиценца?
нема баш некои информации на страната на нотарската комора на македонија , или пак јас не можев да најдам
секоја информација би била добредојдена.
:)
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.386
Јаки врски ти требаат и немаш гајле.
Без врски ништо не правиш.
Зошто воопшто се потруди да стиснеш на „испрати мислење“?
И зошто воопшто чувствуваш потреба да реплицираш на тема на која немаш ништо конкретно да кажеш?

Фино беше прашањето, нема потреба од дофрлање генијални заклучоци од типот „без врски ништо не правиш“. Ако не го знаеш одговорот и не можеш да помогнеш, подобро не ја носи темата во погрешен правец.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.966
Поени од реакции
3.681
II. ИМЕНУВАЊЕ И РАЗРЕШУВАЊЕ НА НОТАРИТЕ
Услови за именување
Член 9
(1) За нотар може да биде именувано лице кое:
а) е државјанин на Република Македонија;
б) има деловна способност и ги исполнува општите услови определени со
закон за засновање на работен однос во државен орган;
в) е дипломиран правник;
г) положило нотарски испит;
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
3
д) има работно искуство на правни работи најмалку пет години; ѓ) ужива
углед за вршење на нотарските работи и
е) ќе изјави дека ќе обезбеди опрема и простории за нотарска
канцеларија сместена во градежен објект со посебен влез и да не биде
помала од 30 м2.
(2) Министерот со Правилник попрецизно ги утврдува опремата и
просториите за вршење на нотарската служба.
(3) Ќе се смета дека не ги исполнува условите од ставот (1) точка ѓ) на
овој член лицето кое е презадолжено.
Постапка за именување
Член 10
(1) Нотарот се именува со решение на министерот врз основа на конкурс.
(2) Конкурсот за именување на нотари го распишува министерот, а го
спроведува Комората која за таа цел формира комисија составена од седум
члена.
(3) Во конкурсот мора да биде определено подрачјето за кое треба да се
именува нотар. Ако истовремено се распишува конкурс за повеќе нотарски
места, во конкурсот се соопштува дека кандидатите можат да се пријават
за сите нотарски места. Кандидатите можат да го определат приоритетот
на местата на кои сакаат да бидат именувани.
(4) Конкурсот за именување на нотари се објавува во дневниот печат и во
"Службен весник на Република Македонија".
(5) Рокот за пријавување на заинтересираните кандидати не смее да биде
пократок од 15 дена од денот на објавувањето на конкурсот во "Службен
весник на Република Македонија".
(6) Пријавите со прилозите со кои се докажува дека се исполнети
условите за именување на нотар согласно со членот 9 на овој закон, се
поднесуваат писмено до Комората.
(7) По истекот на рокот од ставот (5) на овој член, Комората е должна да
ги достави до министерот примените пријави со свое мислење, најдоцна во
рок од 15 дена од денот на завршување на конкурсот.
Нотарска свечена изјава и повелба за поставување
Член 11
(1) По именувањето нотарот е должен да даде свечена изјава пред
министерот, претседателот на Врховниот суд на Република Македонија и
претседателот на Комората.
(2) Нотарската свечена изјава гласи:
"Изјавувам дека нотарската служба ќе ја вршам совесно, чесно и
непристрасно, во согласност со Уставот и законите на Република
Македонија, ратификуваните меѓународни договори и дека ќе ги
заштитувам интересите на странките."
(3) По давањето на свечената изјава министерот, или од него овластеното
лице, му предава на нотарот повелба за поставување, а копија од
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
4
повелбата се доставува до Комората.
(4) Откако ќе биде доставена копијата од повелбата за поставување,
Комората е должна да го определи датумот кога нотарот ќе започне со
работа и да го објави во "Службен весник на Република Македонија".
(5) Ако нотарот не започне со работа во рок од три месеца од објавениот
датум за почетокот со работа во "Службен весник на Република
Македонија" ќе се смета дека воопшто не започнал со работа.
(6) Нотарот може пред истекот на рокот предвиден во ставот (5) на овој
член, да побара од министерот продолжување на рокот за уште три
месеца, поради оправдани причини.
(7) Поставените нотари се запишуваат во Именикот на нотарите што го
води Комората.
Осигурување од одговорност за штета
Член 12
(1) Нотарот е должен пред започнувањето со работа да се осигура од
одговорност за штета која би можела да им ја причини на трети лица при
вршењето на нотарската служба. Во условите за осигурување може да се
предвиди штетата до определен износ нотарот непосредно да ја надомести.
(2) Најнискиот износ на осигурување изнесува 50.000 евра во денарска
противвредност.
(3) Нотарот кој според извештајот од членот 8 став (8) на овој закон, за
остварената награда во претходната година, остварил награда поголема од
осигурената сума од ставот (2) на овој член, плаќа осигурување до висина
на остварената награда.
(4) При измена на условите за осигурување и висината на износот за
осигурување нотарот е должен, во рок од 30 дена, да го усогласи своето
осигурување со изменетите услови и износот и за тоа да ја извести
Комората.
(5) Нотарот е должен уредно да го продолжува осигурувањето од
одговорност за штета.
(6) Комората може да го преземе осигурувањето од одговорност за штета
на сите нотари во Република Македонија. Во тој случај, нотарите се
должни на Комората да и плаќаат надоместок за осигурување од
одговорност за штета.
Печат, штембил, сув и воден жиг и потпис
Член 13
(1) По давањето на свечената изјава нотарот е должен без одлагање да
побара од Комората да му биде изготвен печат, штембили, сув и воден жиг.
(2) Отпечатоците од печатот, штембилите, сувиот и водениот жиг, како и
потписот на нотарот ги одобрува и заверува претседателот на основниот
суд на чие подрачје нотарот има седиште. Заверените отпечатоци и
потписи се депонираат во Комората и во судот.
(3) Нотарот може да има само еден службен печат.
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
5
(4) Нотарот е должен својот печат, штембил, сувиот и водениот жиг да ги
чува со посебно внимание, а ако ги изгуби е должен веднаш да го извести
судот на чие подрачје е неговото седиште и Комората и тоа со телеграма
или по електронски пат, како и со непосредно предавање на поднесокот
или со препорачано писмо.
(5) За изгубениот печат, штембил, сувиот и водениот жиг, судот од ставот
(4) на овој член ќе објави оглас во "Службен весник на Република
Македонија". Во случај печатот, штембилот, сувиот и водениот жиг
подоцна да бидат најдени, тој ќе се поништи така што се сече на два дела.
(6) Одобрението и заверката на отпечатоците на новиот печат, штембил,
сувиот и водениот жиг се врши според постапка предвидена во ставот (2)
на овој член..........

За да полагаш нотарски испит треба да имаш 5 години работно искуство на правни работи. Обемот на испитот ти зависи од тоа дали имаш положено правосуден испит, доколку имаш полагаш помал дел а доколку немаш правосуден тогаш полагаш горе долу материјал колку за правосуден....
 
Ambasadorka.G

Poliglota
Член од
20 јуни 2009
Мислења
56
Поени од реакции
14
благодарам за одговорот :)
не знаев за право.орг.мк
 
Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.646
Поени од реакции
1.895
благодарам за одговорот :)
не знаев за право.орг.мк
Say what?!?!?!??!?!?
Ти одговори членот пред мене.
Треба еден куп предуслови, треба пари, треба врски (веројатно).
Иначе има пари ама ееееептен досадна работа.

Во нотарска канцеларија работам.
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Околу 20 000- 30 000 евра требало за подмачкување на министер и сл, чиновничиња, бидејќи нели тој ги назначува.
 
Ambasadorka.G

Poliglota
Член од
20 јуни 2009
Мислења
56
Поени од реакции
14
Say what?!?!?!??!?!?
Ти одговори членот пред мене.
Треба еден куп предуслови, треба пари, треба врски (веројатно).
Иначе има пари ама ееееептен досадна работа.

Во нотарска канцеларија работам.
Видов дека ми одговорил и му благодарам. Само кажав дека не знаев за страната .
Мене ме интересираа законските регулативи. А дали е досадна работа тоа секој го гледа индивидуално.
Фала Лазар31 за одоговорот :)
 
Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.646
Поени од реакции
1.895
Видов дека ми одговорил и му благодарам. Само кажав дека не знаев за страната .
Мене ме интересираа законските регулативи. А дали е досадна работа тоа секој го гледа индивидуално.
Фала Лазар31 за одоговорот :)
Шокиран сум искрено, зошто право.орг е појдовна точка за барање на закони на интернет. Буквално не познавам човек што не знае за неа.
Ако сакаш да чмаеш в канцеларија по цел ден, да куцаш на компјутер, да едитираш теркови да внесуваш нови податоци во нив, да пополнуваш штембили .... тогаш баш ќе ти биде забавно како нотар.
Клучна ствар: кај нотар одат неспорни работи. Не постои решавање проблеми, што за мене е интересно.
 
G

gk77

Гостин
ne e dosadna profesija tatko mi e notar vise 10 godini potocno od osnovanjeto na notarijatot ama cim on mi vika da ne studiram ke go poslusam so zadovolstvo.А има разни разни работи што се совладуваат со години почнувајќи од склучување договори, заверка на потпис препис бла бла, пополнување платни налози до оставински и ред др работи .А ,,љубопитниов ''пред мене не го сфакам шо е тоа за него решавање проблем.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Шокиран сум искрено, зошто право.орг е појдовна точка за барање на закони на интернет. Буквално не познавам човек што не знае за неа.
Ако сакаш да чмаеш в канцеларија по цел ден, да куцаш на компјутер, да едитираш теркови да внесуваш нови податоци во нив, да пополнуваш штембили .... тогаш баш ќе ти биде забавно како нотар.
Клучна ствар: кај нотар одат неспорни работи. Не постои решавање проблеми, што за мене е интересно.
Друже ќе се согласам со тебе, НО треба да знаеш дека има луѓе што и гледање во празно им е интересно има луѓе што се отепуваат од смеење кога ќе си го погледнат својот прст.
Поентата ми е она што за мене и за тебе е досадно за некој трет е многу интересно, а и на крај краева можеби ќе и помине досадата кога ќе види колку пари ќе пикне в џеб секој месец.
 
Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.646
Поени од реакции
1.895
ne e dosadna profesija tatko mi e notar vise 10 godini potocno od osnovanjeto na notarijatot ama cim on mi vika da ne studiram ke go poslusam so zadovolstvo.А има разни разни работи што се совладуваат со години почнувајќи од склучување договори, заверка на потпис препис бла бла, пополнување платни налози до оставински и ред др работи .А ,,љубопитниов ''пред мене не го сфакам шо е тоа за него решавање проблем.
Глеам сум напишал „Не постои решавање проблеми, што за мене е интересно.“ Сум мислел, НЕ Е интересно. Тоа значи, нема потреба од уклучување мозок и ставење во погон на виугите со цел решавање на проблемот. Во суштина, работата е канцелариска/архиварска. Пример судија би било поинтересно, треба да го знаеш правото, треба да знаеш да ги примениш. Треба да размислиш кој е во право кој не е. А што треба да мислиш кај нотарскава работа? И зашто татко ти ти викаше да студираш не право ?
 
A

Advokatisce

Гостин
кои се регулативите за отворање на нотарска канцеларија , и за добивање на нотарска лиценца?
нема баш некои информации на страната на нотарската комора на македонија , или пак јас не можев да најдам
секоја информација би била добредојдена.
:)
сакаш да отвориш нотарска канцеларија а не знаеш ни основни работи, а да не разговараме дали знаеш да работиш
 
G

gk77

Гостин
Глеам сум напишал „Не постои решавање проблеми, што за мене е интересно.“ Сум мислел, НЕ Е интересно. Тоа значи, нема потреба од уклучување мозок и ставење во погон на виугите со цел решавање на проблемот. Во суштина, работата е канцелариска/архиварска. Пример судија би било поинтересно, треба да го знаеш правото, треба да знаеш да ги примениш. Треба да размислиш кој е во право кој не е. А што треба да мислиш кај нотарскава работа? И зашто татко ти ти викаше да студираш не право ?
друже немој да мислиш дека многу знаеш оти незнаеш ништо освен пишување во книги друга работа не работиш ниту пак си почувствувал притисок затоа да ,,работиш во канцеларија'' и да бидеш НОТАР не е исто . Многу е различно верувај ми. A право да ти кажам работа во државна институција е многу полесно бидејќи системот т.е државата стои зад тебе и да направиш грешка што не е случај кај нотарите бидејки се водат како ТП . А тебе право да ти кажам после работното време немаш никаков проблем , секој си има свои проблеми сеа има некој работи што не се кажуваат зошто не одам на правен поточно за нотар а на амбасадорка би и препорачал да БЕГА од таа работа
 
Многу кењаш а немаш појма што работам. Небитно. Ретардирано детиште!
 
pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.536
Поени од реакции
2.222
Последниот човек што го знам што сакаше да отвори канцеларија нотарска, откако ги исполни сите до еден услови за таа работа,ликот задолжен за давање на одлуката му рече: донеси утре 30.000 евра и ти го давам нотарскиот печат, и нормално човекот се откажа:(
ах таа моја чудесна татковина:нинџ:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom