II. ИМЕНУВАЊЕ И РАЗРЕШУВАЊЕ НА НОТАРИТЕ
Услови за именување
Член 9
(1) За нотар може да биде именувано лице кое:
а) е државјанин на Република Македонија;
б) има деловна способност и ги исполнува општите услови определени со
закон за засновање на работен однос во државен орган;
в) е дипломиран правник;
г) положило нотарски испит;
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
3
д) има работно искуство на правни работи најмалку пет години; ѓ) ужива
углед за вршење на нотарските работи и
е) ќе изјави дека ќе обезбеди опрема и простории за нотарска
канцеларија сместена во градежен објект со посебен влез и да не биде
помала од 30 м2.
(2) Министерот со Правилник попрецизно ги утврдува опремата и
просториите за вршење на нотарската служба.
(3) Ќе се смета дека не ги исполнува условите од ставот (1) точка ѓ) на
овој член лицето кое е презадолжено.
Постапка за именување
Член 10
(1) Нотарот се именува со решение на министерот врз основа на конкурс.
(2) Конкурсот за именување на нотари го распишува министерот, а го
спроведува Комората која за таа цел формира комисија составена од седум
члена.
(3) Во конкурсот мора да биде определено подрачјето за кое треба да се
именува нотар. Ако истовремено се распишува конкурс за повеќе нотарски
места, во конкурсот се соопштува дека кандидатите можат да се пријават
за сите нотарски места. Кандидатите можат да го определат приоритетот
на местата на кои сакаат да бидат именувани.
(4) Конкурсот за именување на нотари се објавува во дневниот печат и во
"Службен весник на Република Македонија".
(5) Рокот за пријавување на заинтересираните кандидати не смее да биде
пократок од 15 дена од денот на објавувањето на конкурсот во "Службен
весник на Република Македонија".
(6) Пријавите со прилозите со кои се докажува дека се исполнети
условите за именување на нотар согласно со членот 9 на овој закон, се
поднесуваат писмено до Комората.
(7) По истекот на рокот од ставот (5) на овој член, Комората е должна да
ги достави до министерот примените пријави со свое мислење, најдоцна во
рок од 15 дена од денот на завршување на конкурсот.
Нотарска свечена изјава и повелба за поставување
Член 11
(1) По именувањето нотарот е должен да даде свечена изјава пред
министерот, претседателот на Врховниот суд на Република Македонија и
претседателот на Комората.
(2) Нотарската свечена изјава гласи:
"Изјавувам дека нотарската служба ќе ја вршам совесно, чесно и
непристрасно, во согласност со Уставот и законите на Република
Македонија, ратификуваните меѓународни договори и дека ќе ги
заштитувам интересите на странките."
(3) По давањето на свечената изјава министерот, или од него овластеното
лице, му предава на нотарот повелба за поставување, а копија од
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
4
повелбата се доставува до Комората.
(4) Откако ќе биде доставена копијата од повелбата за поставување,
Комората е должна да го определи датумот кога нотарот ќе започне со
работа и да го објави во "Службен весник на Република Македонија".
(5) Ако нотарот не започне со работа во рок од три месеца од објавениот
датум за почетокот со работа во "Службен весник на Република
Македонија" ќе се смета дека воопшто не започнал со работа.
(6) Нотарот може пред истекот на рокот предвиден во ставот (5) на овој
член, да побара од министерот продолжување на рокот за уште три
месеца, поради оправдани причини.
(7) Поставените нотари се запишуваат во Именикот на нотарите што го
води Комората.
Осигурување од одговорност за штета
Член 12
(1) Нотарот е должен пред започнувањето со работа да се осигура од
одговорност за штета која би можела да им ја причини на трети лица при
вршењето на нотарската служба. Во условите за осигурување може да се
предвиди штетата до определен износ нотарот непосредно да ја надомести.
(2) Најнискиот износ на осигурување изнесува 50.000 евра во денарска
противвредност.
(3) Нотарот кој според извештајот од членот 8 став (8) на овој закон, за
остварената награда во претходната година, остварил награда поголема од
осигурената сума од ставот (2) на овој член, плаќа осигурување до висина
на остварената награда.
(4) При измена на условите за осигурување и висината на износот за
осигурување нотарот е должен, во рок од 30 дена, да го усогласи своето
осигурување со изменетите услови и износот и за тоа да ја извести
Комората.
(5) Нотарот е должен уредно да го продолжува осигурувањето од
одговорност за штета.
(6) Комората може да го преземе осигурувањето од одговорност за штета
на сите нотари во Република Македонија. Во тој случај, нотарите се
должни на Комората да и плаќаат надоместок за осигурување од
одговорност за штета.
Печат, штембил, сув и воден жиг и потпис
Член 13
(1) По давањето на свечената изјава нотарот е должен без одлагање да
побара од Комората да му биде изготвен печат, штембили, сув и воден жиг.
(2) Отпечатоците од печатот, штембилите, сувиот и водениот жиг, како и
потписот на нотарот ги одобрува и заверува претседателот на основниот
суд на чие подрачје нотарот има седиште. Заверените отпечатоци и
потписи се депонираат во Комората и во судот.
(3) Нотарот може да има само еден службен печат.
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
5
(4) Нотарот е должен својот печат, штембил, сувиот и водениот жиг да ги
чува со посебно внимание, а ако ги изгуби е должен веднаш да го извести
судот на чие подрачје е неговото седиште и Комората и тоа со телеграма
или по електронски пат, како и со непосредно предавање на поднесокот
или со препорачано писмо.
(5) За изгубениот печат, штембил, сувиот и водениот жиг, судот од ставот
(4) на овој член ќе објави оглас во "Службен весник на Република
Македонија". Во случај печатот, штембилот, сувиот и водениот жиг
подоцна да бидат најдени, тој ќе се поништи така што се сече на два дела.
(6) Одобрението и заверката на отпечатоците на новиот печат, штембил,
сувиот и водениот жиг се врши според постапка предвидена во ставот (2)
на овој член..........
За да полагаш нотарски испит треба да имаш 5 години работно искуство на правни работи. Обемот на испитот ти зависи од тоа дали имаш положено правосуден испит, доколку имаш полагаш помал дел а доколку немаш правосуден тогаш полагаш горе долу материјал колку за правосуден....