Носење црнина - обичај или - религиозна пракса?

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Да не повторувам дека во нашата култура црната ја одразува смрта и темнината, а белата обратно. Така сме научени, така ги распознаваме тие две бои/емоции, така се поврзани.
И сигурно дека не треба да има точно одредено време колку што треба да се носи црно, туку оној кој носи ќе одреди кога е подготвен духовно да продолжи напред.
Навистина иде на нерви ентузијазмот со кој бабите и тетките го милуваат овој обичај, но мораат да се потпрат врз нешто во најтешките мигови, врз некаков ритуал, некаква традициија и сигурност, нешто што би им докажало дека сеуште се тука во истиот свет, дека имаат сеуште нешто стабилно и константно врз кое ќе се потпрат, иако се без саканата личност.


...скоро откако почина дедо ми, таман ќе отворев уста да и речам на баба ми дека не треба да се придржува толку слепо за обичаите кои настапуваат пост погребот, конкретно овој со носењето црнина;
Но тогаш таа го сврте погледот накај мене и успеав преку очите да и потонам во душата, а тогаш сфатив дека нејзе воопшто не и е гајле за облеката, за наследствата, боите, мирисите. Само сака низ својата црнина да се стопи со темното небо навечер и да го почувствува таму неговиот дух.
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Носењето црна облека потекнува од паганските народи и претставува фин "трик" да се избегнат духовите на мртвите на гробиштата.
 

mr.wicket

limitless..
Член од
20 јуни 2005
Мислења
5.127
Поени од реакции
519
dusata zali, bojata ne zali.
Токму ова, немора да значи ако носам портокалово маиче на гробишта сеедно ми е. Погребот е исто така чин како и свадбата и чуствата се чуствуваат не се изразуваат низ бои.
Кога би се правело тоа низ бои, баш ме интересира што би чуствувал семафорот..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom