CVN-78 носачна авиони.
Еве уште една интересна новост за читателите на кајгана,имено воените стратези на морнарицата на УСА имајки ги предвид заканите по носачите на авиони како и зголемената потреба за маневрабилност и електронско војување се решија да воведат нов носач како освежување на флотата кој истиот ке има одредени стелт карактеристика(ке биде потешко за детектирање-како носач) а и ке биде наменет воглавно за морнаричката верзија на Ф-35.
Контрактор е нортроп груман(Б-2 е негово дело) а проектот започна во 2003 година со потпишување договор вреден околу 107 милиони долари за потоа во 2004 да се исплати милијарда и триста осумдесет и шест милионо долари на конто на нортроп груман а градбата почна во 2005 година(интересно во 2006 година е потпишан и договор за уште еден цвн со ознака 79)...потоа 2006 компанијата добива додатни 800милиони долари за CVN-78 .....станува збор за модерен носач кој ке биде на нуклеарен погон(2 реактора) еве некои карактеристики
Екипаж околу 5000 лица
Должина 333метри височина 40,8 метри инаку кобилицата е 7,8 метра подвода.
Широчината на полетувачко слетувачката палуба е 78 метра.
Капацитетот му е 80 летала а и ке има брзина како томос од 55 километри на час

)))
Склопувањето започна пред една година а се планира да заврши до 2015 година,но зошто го одбрав овој носач-поради иновативноста,имено овде за градбата е користен CAVE-3D програмот кој е навистина импресивен особено за проектирање на овакви проекти.(би напоменал дека цената во просек за изградба на еден носач е оклу 6-8 милијарди долари што значи нортроп-груман ке прима средства и во иднина)
Кога сме кај иновациите овој носач ке се разликува од другите поради,зголемената полетувачко-слетувачка палуба и мошне интересно ке биде да ја видиме во пракса употребата на електро-магнетните катапулти за забрзување на леталата.забележлива е поголема автоматизираност(30% и притоа се намалува потребата за одржување на капацитетите како и персоналот) што пак значи редуцирање на екипажот а и реакторите се најнова генерација-потоа има посебен систем за детекција и санирање на штетите како и менаџирањето и ракувањето со оружјата е побезбедно и автономно.
На прв поглед наликува на НИМИЦ НО е класа погоре,карактеристична е внатрешната конфигурација која овозможува брза реконфигурација(долните палуби)на просторот на пример инсталирање нова опрема во командните простори на пример а и е направена студија со цел да може да се заменува опремата и да се вградуваат нови системи во наредните 5 декади и без притоа да се плака цена-нарушување на стабилноста на бродот.
ЦВН-78 за разлика од НИМИЦ(4) има 3 лифтови кои се поврзани со потпалубните хангари за леталата а ова придонесува за олеснување на бродот. Како што напоменав иновацијата електромагнетни катапулти ке овозможи максимум 220 полетувања додека парните од класата НИМИЦ имаат капацитет од 160 ова е навистина импресивно.при слетувањето на авионите ке се користат сајли но притоа ке имаат вграден систем за редуцирање на тензијата(електронски).
Завидлива е логистиката на бродов со дури 18 станици за полнење на авионите со гориво и оружје.
Најмногу на око ми паднакомандниот мост кој е сместен поназад и за разлика од НИМИЦ класата не користи големи радари(тоа го намалува одразот) туку тука технологијата го кажа своето имено мостот има композитен јарбол и на него е сместена опремата за набљудување.
Лифтовите за вооружување се директно поврзани со магацинот и просторот за подготвување на оружјето и полетувачко слетувачката палуба.
Магацините се со двојна височина за разлика од НИМИЦ класата за да се обезбеди подобро ракување а векот на употреба ке изнесува 50 години.
Изразен е исто така и степенот на автоматизација на реакторите што пак ја намалува потребата за кадар и одржување(иако не е играчка).
Како што напоменав овој носач ке биде предводник на мокта на САД и за разлика од другите носачи....офанзивната способност на 78-цава е завидлива сигурно е стационирањето на Ф-35 а се планира и хорнет(Ф-18) потоа авион за електронско војување EA-18 G извидникот или мини авакс E-2D како и беспилотниот X-47b-и 45 а ке има најверојатно хеликоптери мх-60-противподморници.
Но не само офанзивните туку и9 дефанзивните способности се изненадувачки доколку е нападнат од противбродска ракета или непријателски авион тука е системот sea sparrow razvieni од rаytheon со 32 лансери(2*16 ) како и системот за блиска воздуѓна борба развиен од истата компанија RAM.
Нај впечаток ми оставија плановите Т.Е оставањето простор за вградување на DEW или поточно директно насочени енергетски оружја кои ке треба уште повеке да ја зголемат дефанзивната способност на носачот.