Stvarno nekoj gi cita ovie copy-paste sranja?
Срања??
Па ова се информации и жално е што малку...ма како малку СЕ ПОМАЛКУ членови придонесуваат за подфорумот авијација а други па не се ни трудат-ете ќе пишат ова е срање и енде.
Но ме интересира дали ќе се согласиш дека и ова е срање.
Имено станува збор за еден револуционерен дизајн,досега невиден па и со стелт карактеристики,секако мислам на носач на авионичиј развој започна 2003 кога се потпиша договор вреден над 100 милиони долари помеѓи МО на САД и Корпорацијата која енајспособна за градење носачи Northrop Grumman newport news но испадна уште подобро-ќе плови низ океаните после 2019година, а моментално во вирџинија на големо се спремаат за изработка бидејќи уште еден месец и започнува градбата т.е наредниот 11-ти,пентагон веќе изврши трансакција од милијарда и триста осумдесет и шест милиони долари.
Очигледно развојот и дизајнирањето траеа скоро декада што укажува на фактот дека станува збор за носач на иднината кој ќе биде далеку посупериорен од Нимиц кој сега важи за стејт оф д арт на морнарицата на САД.
Значи воените стратези не останаа имуни на советите од ДАРПА(грев е да ги игнорирате) па и покрај фактот што станува збор за носач сепак се користат Стелт Материјали оикрај ова Бродот располага со најсовремена електроника(и моќност-буквално МОЌНОСТ) која ќе служи за дефанзивни против електронски мерки но и офанзивни,Исто така Бродот со ознака CVN78 ќе биде тотално компатибилен со најмодерните летала како што е Ф-35 Кариер варијанта(нели се 3 конвенционална и VTOL)
но она што е уште поинтересно,интегрирани се и леталата од програмотJ-UCAS.
Phantomray-X-47C со 8 носачи на оружје и 2 за бомби и тоа JDAM.
Понатаму
:Х-47А,додека ова важи за боевата верзија а таа на сликата нема вооружување.
Ова е првото независно 100% автономно полетување на УАВ од носач на авиони(и слетување подоцна)
Proposed larger version with a payload of 10,000 lb (4,500 kg) and a wingspan of 172 ft (52.4 m).
X-47B
Покрај овие има уште минимум 5 експериментални авиони како од САД така и од Израел кои конкурираат за новиот суперносач а истите можат дури и автономно да слетуваат и полетуваат сите UAV со стелт технологија и напредна електроника,сензори и системи за детекција.
Интересно,успеав да дознаам кои авиои и во колкав број ќе бидат застапени
44 strike fighters (F/A-18E/F, F-35, F/A-18E/F Replacement*)
• 5 electronic attack aircraft (EA-18G, EA-18G Replacement)
• 5 airborne early warning aircraft (E-2D)
• 19 helicopters (MH-60R/S or MH-60R/S Replacement). Current
projections include 11 helicopters deployed aboard the carrier,
with the remaining 8 dispersed to other ships in the strike
group
• In addition, 2 Future Carrier Onboard Delivery aircraft
will normally be embarked to support the air wing and
strike group.
* The F/A-18E/F Replacement may include a mix of
manned, optionally manned, or unmanned platforms
Да не заборавам да напоменам дека потпишани сев договорите и за CVN79 додека уплатени седодатни 960 милиони за 78-цата,но да не ве мачам со бројки грубата проценка за градба на еден носач би изнесувала минимум 8 милијарди долари,но парите не се за џабе,пазете дури и дел од внатрешноста е модуларен што значи дека надградбите ќе бидат поедноставни.
И нешто што ме изненади навистина што користат композитен материјал не метален за првпат
This will be the first time that the U.S. Navy has installed non-metallic valves aboard a combatant vessel. Nil-Cor is the world’s largest manufacturer of composite valves, which are not affected by the corrosive nature of seawater and also provide a substantial weight saving
Сепак новиот супер-носач ќе има низа предности во однос на неговите претходници и тоа.
-Ќе се вградат повеќе автоматизирани системи што значи намален екипаж.
-Поефикасно,побезбедно и побрзо ракување со оружјето)штета сликата со дијаграмот е мала па не можам да опишам добро кој дел што намена има и која е разликата во споредба со претходниците).
-Ќе има револуционерни електромагнетни катапулти.(не на steam како кај нимиц и претходните).
-Обрнете внимание на командниот мост(остров) кој е со стелт дизајн и нема огромни ротирачки антени кои би го издале директно т.е крстосувач ќе може да го прикрива односно заземе неговата улога во случај н напад.
-Палубата е зголемена.
На прв поглед се релативно слични посебно слетувачко полетувачката палуба но како што напишав погоре внатрешноста всушност е проектирана да овозможи покрај нова опрема во мадминистративни делови,во планирачки простории и тоа без да се наруши стабилноста на бродот,дури има и 18 локации за паркирање и ревооружување и снабдување со гориво.
Промените кои ги зголемуваат боевите можности е новата летечка палуба која наместо 4 лифтови(како Нимиц) има 3 лифтови но овде токму тие лифтови се близу оружарницата и лифтовите со оружје(од ракети,бомби,торпедеа,длабински полнења) и поради тоа под дек 02 токму под летачката палуба има инсталирано брзи лифтови кои можат експресно да ги наоружаат веќе вратените летала од мисија,а со помош на овој лифт систем и ЕМ катапултите CVN-78 ќе може да оствари 220 полетувања додека нимиц не надминува 160.
Исто така важно е да се забележи и револуционерниот зонски електричен систем што значи дека е мала шансата за целосно губење на енергија
Да не спомнувам дека помал екипаж ќе значи и поквалитетен живот,подобри услови и за работа но и безбедност па и систем за автоматско гасење на пожар што е многу важно во случај да вооружен авион направи Crush landing или пак бродот е погоден од ракета или уштре поопасно Торпедо.
Бродот ќе биде ударен и поврзан на форснетба за да си ги извршува мисиите ќе располага со 80 летала меѓу кои Ф-35,Ф/А-18 супер хорнет,летало за Electronic warfare EA-18G како и Авакс од типот E-2D Advanced Hawkeye тука секако се и противподморничките хеликоптери MH-60 P/C к
ои служат и за Search and rescue а добија и надградба нови кокпити и сензори вредна милијарда и 100 милиони долари-изгледа заканите од подморниците не се за потценување,и секако беспилотните летала.
Нормално задача на авионите е да го бранат авионот па и Е-2D набљудува се во радиус од 300км но доколку одбранбениот периметар е пробиен Носачот на авиони има 2х16 лансери на ракети од рејтион со среден дострел т.е Sea sparrow(evolved)
И 2х21 лансер на seaRАМ
Ме чуди зошто не додале и топ фаланкс но најверојатно поради веќе докажаната
дефанзивна способност на сеа РАМ и дометот од 9км.
Сепак делот кој лично ми е најинтересен е нуклеарниот погон,имено CVN-78(Gerald Ford де..) Има два реактори кои можат да генерираат речиси 150% повеќе енергија од целокупните потреби на енергија неопходна за функционирање на бродот и ова некако ми изгледа сомнително па во најмала рака имам две претпоставки(поради можноста за модификации) или на бродот да се монтира Rail gun или поверојатно би било DEW(Directed energy weapon) друго објаснение за толкавиот енергетски аутпут не можам да пронајдам.