Од Макпетрол имаа промоција на Richardson Sheffield.
https://makpetrol.com.mk//Multimedia/Pdf/Flaer-Promocija_RSheffield.pdf
Не сум познавач на ножеви, но ме фасцинираат џебните мултифункционални на vicrotinox. Кеиф ми прават два модела: Hiker и Farmer но и двата се со чекање по 60 дена и затоа не сум ги порачал а и не сум во Скопје да ги разгледам на Vicrotinox за да ги споредам.
Кога го видов на флаер ај реков ќе го земам pocket knife multitool.
Имаат напишано 898 денари (што може да е и напумпана цена) на која со користење на 20 верна поени се купува за 359 денари што е смешна цена
На него има ноже со соголувач за жици, ножички, отварач со штрафцигер, отварач за конзерви, крстач, отварач за вино и турпија.
Убаво е репрезентативно спакувано.
Не можам да споредам зошто не сум корсител вакво ноже
Сликата од верна картичката не е за реклама туку за да се согледа пропорцијата и димензиите.
Е сега кој се овие Richardson Sheffield поима немам, на интернет пиши дека биле од шефилд но се купени од амефа (холандија).
На кутивчето пишува дека се произведени во хонг конг.
Од прв поглед (судејќи по сликите на викторинокс каде се е компактно искористено) ова ноже има поголеми димензии.
Дали тоа што е цело црно ќе значи дека ќе се лупи? не знам
Изработено е од метал и делува убаво во рака и е одлично за фиџет
Постот го пишувам затоа што знам дека има колекционери кој купуваат и тоа што им треба и тоа што не им треба па да го имаат на памет. Ако некој го купи увабо е да го спореди со некој викторинокс.
Знам дека пред време имаше гербер (беар грилс) во лукоил но ако не се лажам пишувано е дека се преценети.
п.с. кај нас мислам дека никој не ги продава иако имаме дистрибутер