Новото оружје на ДПМНЕ - Радмила Шеќеринска против Радмила Шеќеровска

Член од
25 септември 2007
Мислења
1.436
Поени од реакции
45
За носител на листа во СДПМ на Јаневски е битно совпаѓање на имињата со кандидатите на СДСМ
Вистински куриозитет на овие избори претставува партиската листа на Социјалдемократската партија на Македонија (СДПМ) предводена од Бранко Јаневски. Таа како да е составена од „двојници“ на носителите на листи од партијата која и без тоа носи слично име - Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ).

Ролјата на овие избори на една од најстарите регистрирани партии во Македонија, која има безначајна улога во политичкиот живот и никогаш не се појавува на рејтинг–листите, изгледа е единствено да ги збунува гласачите на СДСМ кои ја предводат „Сонце - коалиција за Европа“. Паѓа в очи дека единствен критериум за да се стане носител на листа во партијата на Јаневски како да бил колку што е можно поголемо совпаѓање со имињата и презимињата со кадрите на СДСМ.

Така, во Првата изборната единица, противкандидат на лидерката на СДСМ е извесна Рада Шеќеровска, во „двојката“ на Јован Манасиевски ќе му се спротивстави Јован Манчевски, додека актуелниот градоначалник на Струмица, Зоран Заев, кој е носител на листа во „четворката“, ќе се бори во изборниот ринг со Зоран Зашев. Еден од потпретседателите на СДСМ, Јани Макрадули, во „петката“ треба да биде „заменет“ со својот партиски близнак од СДПМ, кој случајно се вика Јанис Макрис. Игор Ивановски-Шема, пак, кој е носител на листа на коалицијата „Сонце“ во ИЕ 6, како противкандидат го има човекот со исто име и презиме - Игор Ивановски од СДПМ. Единствено лидерот на СДПМ, Бранко Јаневски, во „двојката“ го „расипал“ просекот на партиски парови на двојници, па лично ќе се соочи со лидерот на НСДП, Тито Петковски. Останува нејасно дали причината за отстапката била тоа што во СДПМ имале недостиг од имењаци на Тито или, пак, Јаневски не сакал своето место да му го препушти на некој друг.

Ова не е прв пат некои партии да се служат со вакви методи за доведување на гласачите во заблуда. И на минатите парламентарни избори Никола Поповски од СДСМ, кој беше носител на листа во „четворката“, случајно или не, доби „двојник“ со исто име и презиме на друга листа, па така загуби многу гласови.

ОД што се плашат простаците од ДПМНЕ на овие избори кога рејтингот му бил трипати поголем од на СДСМ?

Десетици илјади вработувања, кампањи со државни пари, слични имиња на листи, претседател на изборна комисија - член на Бугарашката партија.... Чувствувам паметно спремен фалсификат.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Кој рекол дека ова е оружје на ВМРО? Како што гледам и таа партијата, во името е многу слична со СДСМ.... Највероватно некој непознат сака да добие барем едно пратеничко место, на сметка на СДСМ.
 
Член од
25 септември 2007
Мислења
1.436
Поени од реакции
45
Кој рекол дека ова е оружје на ВМРО? Како што гледам и таа партијата, во името е многу слична со СДСМ.... Највероватно некој непознат сака да добие барем едно пратеничко место, на сметка на СДСМ.
Бранко Јаневски беше директор на ГТЦ во време на ДПМНЕ, така да многу добро може да се заклучи дека е нивна сателит партија која сака да го намали гласачкото тело на СДСМ. И на претходните избори се случи слична ситуација кога само во една изборна единица му беа одземени неколку илјади гласови на СДСМ
 
Член од
28 јануари 2005
Мислења
2.163
Поени од реакции
18
Na minatite izbori nekoj si Nikola Popovski od istata partija koja sto Dpmne ja aktivira samo pred izbori dobi 3000 glasa bez da znae.
Nego zosto na edna partija so 30% rejting koja neli ne evo panika i se potrebni vakvi shegagiski finti. Mnogu se shizici nema sto.
Baba rada 67 godishna , ne ni zane sto e toa politika a nositel na lista ??
Bravo, samo ne znam kako moze tolku da se saka svojot narod. Zosoto nekoj misli deka narodot mu e tolku mnogu GLUP ?
 
Нормално дека имаат страв. Бидејќи рејтинг листите ги прави лице кое го спасил брат му од затвор бидејќи бил шверцер вработен на царина, а за возврат МИјалков - го ослободил ... секако се додека му одговара.
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Имате две сд моронки? секоја чест.
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Смешки сте , ајде ако залепете му го и ова на ВМРО , се чудам на рејтинг со 3,2% Радмила Шекеринска , се исплаши дека некој ке ја промаши.Кој и да го направил ова , многу паметно изиграл , тие 3,2 % се понекој преживеан „борец„ со два сведока , со голем диоптер , и права шанса да утне во гласањето.:pos:
 
Рејтинг направен во штабот на ДПМНЕ може да биде 3,2% за Шеќеринска.
 
Член од
25 септември 2007
Мислења
1.436
Поени од реакции
45
Земјата бара будење пак, предолго заспана била!
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Рејтинг направен во штабот на ДПМНЕ може да биде 3,2% за Шеќеринска.
Абе ајде не треси глупости , не е ова една анкета , ги имаш колку сакаш , дај да го видиме тогаш тој реалниот , па нека биде и од штабот од СДС , некаде ке излезеше во јавност , дај просветли ги лугето , покажи анкета
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Да бидеме реални,ова е катастрофален пропуст во изборната рашамонијада,изборните листи треба да бидат доставени до изборната комисија и едновремено да бидат отворени сите заедно.Во спротивно секогаш ќе имаме вакви или слични препишувања и штелувања на кандидати.По мое треба да се направи целосна реконструкција на изборниот процес во кој граѓаните си го одбираат сопствениот џелат а не пратеник,затоа што во животот ниту го виделе ниту пак ќе го видат одкако ќе го изберат.Таков беше изборот со Силвана Бонева на предходните избори во Прилеп која одкако беше избрана како носител на изборната листа,не најде за сходно ниту да “плукне“ врз избирачите кој ја пикнаа незаслужено во парламентот.Нешто слично се очекува и со Ставревски годинава.:toe:
 
realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Смешки сте , ајде ако залепете му го и ова на ВМРО , се чудам на рејтинг со 3,2% Радмила Шекеринска , се исплаши дека некој ке ја промаши.Кој и да го направил ова , многу паметно изиграл , тие 3,2 % се понекој преживеан „борец„ со два сведока , со голем диоптер , и права шанса да утне во гласањето.:pos:
Ако си малку од малку информиран, ќе знаеш дека ова е масло на ДПМНЕ. Замисли која е логиката на СДСМ да пушти партија со ист амблем, исти имииња на носители на листи, и скоро ист наслов. Па овој Јаневски се има утепано барајќи слични имиња. Тоа е дел од подмолната тактика на ДПМНЕ, која ја практикуваше и на последните избори. Срамно, многу срамно. И покрај анкетите за рејтинзите, кои вие толку упорно ги форсирате, некој сепак се плаши од народот.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Ако си малку од малку информиран, ќе знаеш дека ова е масло на ДПМНЕ. Замисли која е логиката на СДСМ да пушти партија со ист амблем, исти имииња на носители на листи, и скоро ист наслов. Па овој Јаневски се има утепано барајќи слични имиња. Тоа е дел од подмолната тактика на ДПМНЕ, која ја практикуваше и на последните избори. Срамно, многу срамно. И покрај анкетите за рејтинзите, кои вие толку упорно ги форсирате, некој сепак се плаши од народот.
Победата на ДПМНЕ е 102% сигурна на овие избори,останува само прашањето дали СДСМ со сателитите ќе добијат 5 или 7 пратенички мандати,што според анкетите и не е толку битно,колку светот да не рече дека во Македонија сеуште владее едноумието.:toe:
 
realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Победата на ДПМНЕ е 102% сигурна на овие избори,останува само прашањето дали СДСМ со сателитите ќе добијат 5 или 7 пратенички мандати,што според анкетите и не е толку битно,колку светот да не рече дека во Македонија сеуште владее едноумието.:toe:
Не би рекол дека е така. Да оставиме на времето, па здравје и живот после први ке праиме муабет. :smir:
 
JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.028
Поени од реакции
623
Сега Милошоски по примерот на Иво Санадер сака да придобие политички поени кај навивачите.Неделата беше на Тубе Кафе со шал од Пелситер...хаабе абе
 
Kajgana Shop

На врв Bottom