Новогодишната ноќ во Скопје од 250 до 10.000 денари
Кафулиња
Во кафе „Круг“ , ќе ве забавува „Session Selection Band“, а ќе иматеинеограничено јадење и пиење за 2.000 денари (девојќи) и 2.500 денари (машки).
Во кафе „Коцка“ понудите се поевтини, „900 денари за дамите и 1.200 денари за посилниот пол, ќе има музика за сите вкусови и неограничено пиење и бројни изненадувања после 00:00 часот“, велат од „Коцка“.
Кафеани - Ресторани
Оваа година мениата се со пониски цени , дали на тоа има влијание економската криза или слабиот одзив од минатите години не знаеме, тука нема разлики помеѓу половите и висината на цената, па погледнете што тие нудат и по кои цени.
„ Богато мени, десерт, сортни флаширани вина и секаков друг вид на пијалак во неограничени количини, живата музика е задолжителна секако и сетоа ова можете да го добиете за 2.100 денари“ , известуваат од ресторан „In Vivo“
Ресторанот „Окарина“ нуди новогодишно мени за 2.000 денари, а „Дион“ неограничено пиење и јадење, цената се движи од 1.700 до 2.000 денари во зависност дали сте машко или женско.
Дискотеки и клубови
На пиадесталот на овие забави се наоѓаат скопските дискотеки и клубови кои го држат убедливото прво место во однос на висина на цените. Тука цените се движат од 400 денари до 10.000 денари.
Во новоотворениот ноќен клуб „Ванила“ цената на влезниците се движи од 400 до 800 денари, во зависност во кој период ќе си ја резервирате картата, тука станува збор за нареченета а„сува карта“, а онаа „мократа“ е тука е веќе друга приказна. Нулите се зголемуваат и почнувајќи од 3.000 па завршувајќи со 6.000 денари, за сепариња и пијалак во износ на оваа цена. А за да не ве боли срцето за „фрлените“ пари, тука ќе биде Џони, кој со жива свирка ќе ве забавува до раните утрински часови.
Дискотеката „Парадизо“ со поефтини понуди, од 500 до 4.500 денари, „B2“, ви го нуди веќе милион пати видениот и слушнат Жаре Бербер, е сега ако сакате да стоите и да играте цела вечер ке платите 600 денари, но ако сакате да седите и од „високо“ да го гледате берберот тогаш ќе си се „олесните“ за 6.000 денари.
За љубителите на рокот тука е Бени, кој ќе ви ја честита новата година во клубот „Хавана“. Од „Хавана “ велат „За да го слушате еден од најдобрите рокери во државава, Бени и неговите добро познати рокерски теми, се што треба да направите е да дојдете кај нас и да уживате во прекрасната атмосфера. Влезниците ќе чинат 400 денари,а сепарињата ќе се изнајмуваат за 6.000 денари.
И таман читајќи си рековте добро е, во целата несреќа и една среќа, барем парите што ќе ги дадете ќе одат во џебот на нашите пеjачи, но не, не брзајте толку со заклучоците. Нашите соседни пеачи од Србија ќе напрат добра „жетва“ и годинава. Па така доколку сакате да се забавувате со српската пеjачка Миа Борисављевич, ќе имате можност тоа да го направите во клубот „Колосеум“ каде понудите се движат од 600 денари па се до вртоглави 10.000 денари, кои со оваа цена, заедно со дискотеката „69“ се најскапите понуди за оваа година.
Доколку сакате да ја пречекате новата 2012 со најдобрите сведски диџеи, како Армин Ван Бурен, Тиесто, Пол Ван Дaјк и Дејвид Гета тоа ужување ќе може да си го дозволитесо нивните холограми во „Метрополис арена“, плус сето тоа ќе биде зачинето со најпознатите македонски диџеи, целата оваа понуда ќе можете да ја добиете за 250 денари,а ВИП влезниците ќе чинат 500 денари.
Но кој нема пари за фрлање, може да си дојде на градскиот плоштад „Македонија“ каде ќе можете да се забавувате со кралицата на ромската музика Есма Реџепова, Каролина и ред други афирмирани пеачки имиња од нашата естрада. Секако на целата оваа новогодишна атмосфера како јагодга на шлаг ќе биде и огнометот кој во 00:00 часот, небото над Скопје ќе го претвори во најубавата уметничка слика во сите бои.