Нови цени на ЈСП, бесплатен превоз за студентите

Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Бесплатно ќе стане кога шоферите на ЈСП ќе работат од љубов а не за плата, кога кинезите ќе ни ги подаруваат а не продаваат автобусите и кога ќе најдеме извори на нафта во Скопско поле а не да увезуваме од Арапите. До тогаш некој друг ќе плаќа за „бесплатното“.
Па сега може ние да теоретизираме меѓутоа пензионерот влегува бесплатно во автобус. Не плаќа. Купи едно земи две (второто е бесплатно) тоа е тој концепт.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Па сега може ние да теоретизираме меѓутоа пензионерот влегува бесплатно во автобус. Не плаќа. Купи едно земи две (второто е бесплатно) тоа е тој концепт.
Си земаш кредит од владата за самовработување, си земаш кредит или субвенција или како и да го викаат за куќа, со се возиш гага по автобуси, твој е живот Швицарска.

Која црна Швицарска, таму се е со пари. Кај нас е уште појако.
 
Член од
3 септември 2013
Мислења
380
Поени од реакции
195
По рандом Пленумите формирани пред 10-ина месеци сега се очекува формирање на уште еден, овојпат на обичниот граѓанин. Инаку кој ќе го вади народот на протест?

Серизно, ретардирана работа за која нема потреба да се дискутира. Не му одговара на ниеден корисник, period. Може да се рече дека оној што користи превоз секојдневно не губи многу со десеткратниот билет ама сите други со strap-on у гз ги толчат.
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
ЈСП едно добри девет години уназад требаше во ВСП да се прекрсти (вмровско сообраќајно претпријатие) почнувајќи од управата, па до шефовите, возачите, контролорите, тетките по билетарите и завршувајќи со хигиеничарките...Кој се вработува и отпушта, правилници и све останато таму е под диригентска палка на Коце и никој друг...Еден од комшииве со години дремеше дома и одеше по смдрливите штабови нивни и кога и да го прашааа- кај си со работа викаше- чекам Коце да ме викне за ВСП и така дочека и он и еден друг и трет и многу многу други, стотици...Поентата ми е, претпријатиево е толку полно со партиски војници што мора од народот да крадат за да им исплатат плати на неписмените, а и да се закрпи дупката што пензионерите и студентите ќе се возат бесплатно (уште една прозирна предизборна манипулација со обичните луѓе за политички поени, што можеби кај пензионерите ќе им запали до негде, ама за кај студентите се зафркнале гадно...) А и кампањата сега следува, па ќе мора да ги тегнат од руралните средини со автобуси по митинзи и да им делат сендвичи внатре (што исто така ВСП ќе треба да го покрие тоа)...
Разбирам дека им е ова претпријатие што првенствено за нивни лични и теснопартиски интереси работи, ама треба психопатите да разберат дека Скопје не е светска метропола па да се наплаќа 1 евро за билет на ваков утепан од бога стандард и плати и ужасна инфраструктура...
Јас лично ваков превоз не користам скоро никогаш ама од аспект на обичен граѓанин ме засега ова...
Во еден Париз, билет за метро кошта 1,8 евра што можеш од еден на друг крај во милионскиот град да отидеш, а билет од 10 возења (карнет) чини 14 евра што со денови можеш да се возиш до која сакаш дестинација...Па напрајте компарации што е Париз, а што Скопје и што е најбитно каков стандард има таму, а каков тука...
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.820
Поени од реакции
15.750
ако имаш мирис да насетиш контролор од далеку, само имаш спремна СМС порака за плаќање билет :D ..
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.930
Поени од реакции
12.422
Повеќе ми се исплаќа да го пролонгирам факултетов и да си плаќам 100 евра по семестар за партиципација него да купувам месечна. :toe:
Конечно одговор на прашањето "Зошто сеуште не си дипломирал".
 

Caligula

Realiziran
Член од
25 јануари 2005
Мислења
895
Поени од реакции
97
Кутрите, на фејсбук на нивната страна ми бришат аргументирани коментари, изгледа не сакаат луѓе со рационално размислување.
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Од страната на ЈСП превземено, денес објавено

ИЗВЕСТУВАЊЕ


Во текот на оваа седмица, низ медиумите се објавија дезинформации за покачување на цените на услугите на ЈСП СКОПЈЕ. Од тие причини, информираме дека новите предлог-цени на билетите се следните:

-Билет за едно возење, цената се унифицира за сите зони на 35 денари, односно цената за втората зона (приградски линии) се намалува од 40 на 35 денари;

-Билет за ноќно возење, цената останува иста, односно 40 денари;

-Билет за 10 возења, цената останува иста, односно 250/300 денари во зависност од зоната;

-Месечен билет, цената е намалена за 60 денари во прва зона (од 1460 на 1400 денари), односно 80 денари за двете зони (од 1680 на 1600 денари);

-Месечен билет за деца без родители, цената е намалена за 30 денари (од 730 на 700 денари);

-Сезонски месечен билет за студенти и ученици за месеците Јули и Август, цената е намалена за 20 денари (од 620 на 600 денари);

-Годишен билет, цената е намалена за 660 денари (од 16060 на 15400 денари). Исто така, годишниот билет ќе биде со важност од 12 месеци од моментот на купување на истиот.


ЈСП СКОПЈЕ ја информира јавноста дека се планира воведување и на нови типови на билети, и тоа:

-Временски билет за 90 минути (менување на автобуси), цената ќе изнесува 60 денари, што значи дека со промена на 3 автобуси, просечната цена на возење ќе изнесува 20 денари; за промена на 4 автобуси, просечната цена на возење ќе изнесува 15 денари итн;

-Дневен билет за прва, односно двете зони ќе биде 120/150 денари во зависност од зоната, што значи дека доколку некој се вози во просек 5 пати во денот, просечната цена на билетот ќе изнесува 24, односно 30 денари од возење;

-7 дневен билет ќе изнесува 500 денари за прва зона, односно 600 денари за двете зони, што во просек би чинело 19,23 односно 23,08 денари. Исто така, со овој билет секој корисник ќе добие и билет за жичарница и лифт во два правци;

-3 месечен билет ќе изнесува 4,000 денари за прва зона, односно 4,500 денари за двете зони или во просек би чинело 21,62 односно 24,32 денари по возење. Исто така, со овој билет секој корисник ќе добие и 3 билети за жичарница и лифт во два правци;

-6 месечен билет ќе изнесува 7,800 денари за прва зона, односно 8600 денари за двете зони или во просек би чинело 21,67 односно 23,89 денари по возење;


Напоменуваме дека моменталната цена на билет купен кај возачот останува иста се до вклучувањето на приватните превозници во Системот за електронска наплата.

Во однос на висината на цената на билетите купени кај возачите, напоменуваме дека со воведување на новиот систем за електронска наплата се менува начинот на наплатата и сите редовни корисници на Јавниот градски превоз е потребно да поседуваат електронска картичка со чие користење им се овозможува да ги користат сите типови на билети по погоре дадените цени.

Понатаму, значајно е да се напомене дека со овој систем значително ќе се намали обемот на работата на возачите на автобусите кои во моментов покрај нивната основна дејност – возењето, мораат и да продаваат билети. Со ова значително ќе зголеми безбедноста во сообраќајот и ефективноста на возачите.

Билетот кој се купува во возило е предвидено и понатаму да може да се купи имајќи ги предвид патниците кои доаѓаат од другите градови во Македонија и од странските држави да можат да ја користат услугата на градскиот превоз во град Скопје, без притоа да мораат да извадат електронска картичка.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.469
Поени од реакции
68.807
Што си пеат во штаб.
Башта ми е кондуктор, кондуктор сам и аз,
билети дупчи татко, народа дупча аз,
дупчи дупчи сине, докато си млад
че като остареш, че ставаш за ташак
ШАК-ШАК-ШАК

 

Kajgana Shop

На врв Bottom