Eddie ,ме влечеш за јазик,ова мене ми личи како надгробна плоча..каков споменик какви бакрачи..вакви еден куп ги има низ Македонија, поставувани пред 30-50 години и оние бисти на народни херои,кои се ставени ради реда,без никакво значење и оддавање почит,а камо ли за некоја естетска вредност ..0..
Не ми беше намерата да те влечам за јазик, ти праша - јас одговорив.
Како го сфаќаш твоја работа, сепак де јуре си е спомен-обележје. Надгробна плоча не може да биде пошто основен предуслов за да биде е да стои (или барем да стоела) на гроб.
За вкус исто не ти се мешам, ама треба да имаш предвид дека споменикот којшто е сместен во паркот треба да биде складен (и по големина и по стил и по материјал) со останатите споменици, а не да штрчи, а треба да се има предвид и кога нешто се прави со скромен (а не државен) буџет.
Ај пак ако не да земеме и сите споменици да бидат минимум по 7 метри, да ги носиме на вајање во Италија и сите пари од буџетот на нив да ги потрошиме. Сосема нормално е да има и помали и поедноставни споменици.
Не велам дека е којзнае колку добар, сосема обичен споменик, ама за разлика од лавовите кои едно се натплатени, а второ се скроз промашени овој барем не е натплатен.
За тоа дека спомениците пред 30-50 години се ставани ради реда, а не да се оддаде почит и се без уметничка вредност не се согласувам. Не почнува се' од денес, па ни спомениците и спомен обележјата.
Да се присетиме на Македониумот во Крушево, Кочанскиот споменик на слободата (со мозаикот), Могилата на непобедените во Прилеп, спомениците на штипскиот Исар ...