Нови лектири за основно образование

Член од
7 април 2015
Мислења
2.649
Поени од реакции
1.538
Јас би ја додал Мостот на Дрина во избор за 7-8/9то одделение, јас ја почнав да читам тогаш и многу ми се допадна, само што мојот примерок беше еден парталав и му фалеа некои страници на крајот. Знам дека зборевме на часот по Македонски за тоа пример за книги кои немаат главни протагонисти и опфаќаат поголем временски период и ја спомнавме оваа книга. Посебно е интересна бидејќи го опфаќа овој Балкански дел и историја и е убаво раскажана.
 

placeb

place_b
Член од
21 јуни 2016
Мислења
3.356
Поени од реакции
3.130
Не може за ваква тема да се тргне од самиот себе. Никаде нема да завршиме. Потребни се мислења од повеќе аспекти, неопходно е да се добијат недвосмислени информации за тоа што децата од одредена возраст може и треба да го читаат, а што не. Секако со акцент на квалитетот. Еве спротивно од тебе, има лектири од основно на кои до ден денеска се сеќавам на суштината и содржината иако сум ги читал пред 10тина години.

Јас мислам дека ништо не правиме ако одредени книги се тргнат настрана затоа што се (наводно секако) расистички, сексистички или не знам какви. Треба да се сфати дека книгите се пишувани во различно време, далеку од денешното и баш напротив добро е да се знаат животните прилики во различни периоди низ историјата. Ако е така, тогаш и историја да не се учи за робовладетелство, ропство или пак за фашизмот и Втората светска војна. Па цел народ бил убиван во гасни комори, што ќе предизвика тоа кај децата.

Ропството постоело, луѓето немале основни права поради боја на кожа, национална припадност, верска определба и така натаму. Сето тоа е вистина и нема поента да не се споменува, да не се учи или да се тргнуваат на страна книги кои можеби даваат некоја основна слика за таквите состојби во општеството.
Во ред.Но јас "тие задолжителните" ги читав-"задолжително"...и мислам дека и денешните лектири не се прилагодени на нивната возраст.Пример "Чорбаџи Теодос-Васил Иљоски....9-то одделение...(нешто ги спремаат за брак...или за средно училиште)...:cool:
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.586
Поени од реакции
81.172
1. Зоки Поки - Оливера Николова
2. Грдото пајче - Ханс Кристијан Андерсен
1. Сказни - Браќа Грим
2. Касни-порасни - Петре М. Андреевски
3. Песни - Васил Куноски
2. Шеќерна приказна - Славко Јаневски
1. Киндер Квачка
5. Доктор Офболи - Корнеј Чуковски
3. Итар Пејо - Стале Попов
1. Орхан - Неџати Зекирија
2. Гоце Делчев - Ванчо Николески
3. Пајажината на Клементина - Елвин Брукс Вајт
4. Пипи долгиот чорап - Астрид Линдгрен

2. Пинокио - Карло Колоди
1. Белото циганче - Видое Подгорец
2. Големи и мали - Бошко Смаќоски
3. Робинзон Крусо - Даниел Дефо
2. Уличето со обетки од цреши - Михо Атанасовски
3. Хајди - Јохана Шпири
4. Двојната Лота - Ерих Кестнер
1. Силјан штркот - Марко Цепенков
2. Втората смена - Велко Неделковски
3. 20 000 милји под морето - Жил Верн
4. Авантурите на Том Соер - Марк Твен
1. Девојчето со две имиња - Јадранка Владова
6. Патешествијата на Силјан штркот - Видое Подгорец
1. Бегалка - Васил Иљоски
4. Хаклбери Фин - Марк Твен
2. Бојан - Глигор Поповски
1. Сердарот - Григор Прличев
2. Повикот на дивината - Џек Лондон
3. Девојките на Марко - Оливера Николова
5. Чорбаџи Теодос - Васил Иљоски
1. Старецот и морето - Ернест Хемингвеј
6. Бели мугри - Кочо Рацин
8. Исти очи - Горјан Петрески
.
Овие ни ги давале во школо + Еднорогиот Елен, Мостот на Дрина и Таро од замјата на планините :icon_mrgr:

П.С. Едно големо (n) за Хари Потер... мислам што е следно? Господарот на Прстените, Нарнија и ГОТ?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Овие ни ги давале во школо + Еднорогиот Елен, Мостот на Дрина и Таро од замјата на планините :icon_mrgr:

П.С. Едно големо (n) за Хари Потер... мислам што е следно? Господарот на Прстените, Нарнија и ГОТ?
Ни јас не сум обожавател на Хари Потер серијалот ама не гледам што има лошо. Нека се смени малку да има и од тој жанр.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.586
Поени од реакции
81.172
Ни јас не сум обожавател на Хари Потер серијалот ама не гледам што има лошо. Нека се смени малку да има и од тој жанр.
Хари Потер е цела франшиза, 8 или 9 книги, глупо е да се става како лектира во основно образование. Наместо Хари можат да стават лектира/сказни/песни од некој наш автор, 1000 пати поубаво за нас. А ако некој е љубител на романите од Џ.К.Роулинг, тие книги можат да се најдат буквално во секоја библиотека.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Хари Потер е цела франшиза, 8 или 9 книги, глупо е да се става како лектира во основно образование. Наместо Хари можат да стават лектира/сказни/песни од некој наш автор, 1000 пати поубаво за нас. А ако некој е љубител на романите од Џ.К.Роулинг, тие книги можат да се најдат буквално во секоја библиотека.
Абе нека стават и од наш автор, не викам не, мада ако мислат да ставаат од Лејла Грејс и Таневски и кои и да беа подобро нека не ставаат. Сакам да кажам дека не е лошо да се стави и од тој жанр, сепак збориме за култен бестселер.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.649
Поени од реакции
1.538
Абе нека има и странски автори, ама нека бидат реномирани класици, како Spider's Thread од Рјуносуке Акутагава или Botchan од Натсуме Соусеки, што ќе ги натера децата да размислуваат и да научат нешто за морал и за сарказам, нешто што на младите генерации им е очајно потребно.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.053
Поени од реакции
17.739
Добро е не сум сам за Хари Потер :icon_lol:

Мостот на Дрина мислам дека не е баш прилагодена за таа возраст, евентуално во 9то одделение нешто да се искомбинира. Инаку секако одлична книга е.
 

placeb

place_b
Член од
21 јуни 2016
Мислења
3.356
Поени од реакции
3.130
Овие ни ги давале во школо + Еднорогиот Елен, Мостот на Дрина и Таро од замјата на планините :icon_mrgr:

П.С. Едно големо (n) за Хари Потер... мислам што е следно? Господарот на Прстените, Нарнија и ГОТ?
....Следно е :"Училиште за реален живот".:cool:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.715
Поени од реакции
33.364
Јас би ја додал Мостот на Дрина во избор за 7-8/9то одделение, јас ја почнав да читам тогаш и многу ми се допадна, само што мојот примерок беше еден парталав и му фалеа некои страници на крајот. Знам дека зборевме на часот по Македонски за тоа пример за книги кои немаат главни протагонисти и опфаќаат поголем временски период и ја спомнавме оваа книга. Посебно е интересна бидејќи го опфаќа овој Балкански дел и историја и е убаво раскажана.
Мортот на Дрина во мое време беше лектира во средно. Сега не знам.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Абе нека има и странски автори, ама нека бидат реномирани класици, како Spider's Thread од Рјуносуке Акутагава или Botchan од Натсуме Соусеки, што ќе ги натера децата да размислуваат и да научат нешто за морал и за сарказам, нешто што на младите генерации им е очајно потребно.
И ова е добар предлог ама што фајде кога цел образовен циклус кај нас се темели на учење напамет работи, механички пристап. На факултет имав така професор што не тераше да истражуваме, сами да направиме нешто свое и ќе ти ставеше висока оценка макар тресел глупости ама финтата е што тука ќе треснеш глупост ама утре ден ќе откриеш нешто. Ќе ми веруваш дека имаше колеги што се бунеа, бараа прашања да научат или задачи испитни да ископираат? :icon_lol:
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.135
Поени од реакции
8.227
Конечно. Сите се сложуваме дека промената беше и повеќе од потребна заради застареноста на некои од темите во старите лектири, како на пример семејното насилство во „Еднорогиот елен“ од Рифат Кукај, хорор сцените во кои мајките се претвораат во крави и потоа се колат и им се сервираат на сопствените деца да ги изедат во „Волшебни сказни од балканските народи“ и слично во „Таро од земјата на планините“ од Мијоко Мацутани, потоа темата за љубовта на тинејџерка и нејзиниот (педофил?) наставник во „Снеговите на Климентина Евин“ од Горјан Петревски, „клетите-Турци“ во „Калеш Анѓа“ од Стале Попов, „да живее другарот Тито / другар Тито, љубичице бела“ во „Волшебното самарче“ од Ванчо Николески, и сл, но прашање е колку навистина новиот список е направен со дијалог, затоа што се забележуваат и таму некои лектири во кои дел од темите би биле збунувачки за денешните основци. За тоа, моето мислење ќе го пишам подоцна. Значи, исфрлени се многу од старите лектири, и вметнати се нови, посовремени. Кое е вашето мислење? Која од исфрлените лектири би требало да биде вратена, и зошто? И која од тие на списокот е несоодветна за возраста или воопшто несоодветна, па треба да биде исфрлена? Ги очекувам вашите коментари.

2 одделение (2+1):
задолжителни:

1. Зоки Поки - Оливера Николова
2. Грдото пајче - Ханс Кристијан Андерсен
изборни:
1. Сказни - Браќа Грим
2. Касни-порасни - Петре М. Андреевски
3. Песни - Васил Куноски
4. Песни - избор (брзозборки, игрозборки, редаленки)

3 одделение (2+2):
задолжителни:

1. Мувата и кочијата - басни, избор од повеќе автори, уредник Ленче Милошевска
2. Шеќерна приказна - Славко Јаневски
изборни:
1. Киндер квачка - Киро Донев
2. Скокни, прескокни - Васил Мукаетов
3. Раскази од училишниот живот - Јадранка Клисарова
4. Рибарот и рипката - Александар Сергеевич Пушкин
5. Доктор Офболи - Корнеј Чуковски
6. Мечето Вини Пу - Алан Александер Милн
7. Легенда за Марфи Компирката - Овен Колфер
8. Сакам книга - Александар Кујунџиски

4 одделение (3+2):
задолжителни:

1. Петар Пан - Џејмс Метју Бари
2. Сказна за детето Вилен - Глигор Поповски
3. Итар Пејо - Стале Попов
изборни:
1. Орхан - Неџати Зекирија
2. Волшебникот од Оз - Лиман Френк Баум
3. Сон на тркала (избор песни) - Стојан Тарапуза
4. Лага река не гази - избор од Јадранка Владова
5. Вистинска приказна за исчезнувањето на приказните - Билјана Станковска
6. Природо, љубов моја - еколошка читанка од Александар Кујунџиски

5 одделение (4+2):
задолжителни:

1. Убави зборови - поезија - избор - Иван Џепаровски
2. Гоце Делчев - Ванчо Николески
3. Пајажината на Клементина - Елвин Брукс Вајт
4. Пипи долгиот чорап - Астрид Линдгрен
изборни:
1. Дворец на опачини - Ристо Давчевски
2. Пинокио - Карло Колоди
3. Алиса во земјата на чудата - Луис Карол
4. Хотел за кучиња - Луиз Данкан
5. Тори и принцот змија - К.В.Јохансен
6. Златното јаболко - Христо Петрески

6 одделение (4+3):
задолжителни:

1. Белото циганче - Видое Подгорец
2. Големи и мали - Бошко Смаќоски
3. Робинзон Крусо - Даниел Дефо
4. Црни и жолти - Славко Јаневски
изборни:
1. Хумористични македонски народни приказни - избор од Томе Саздов
2. Уличето со обетки од цреши - Михо Атанасовски
3. Хајди - Јохана Шпири
4. Двојната Лота - Ерих Кестнер
5. Децата од Павловата улица - Ференц Молнар
6. Мери Попинс - П.Л.Траверс
7. Петар Пан во црвено - Џералдина Мекофран
8. Мојот пријател А - Јадранка Владова
9. Сештологија - Ванчо Полазаревски
10. Кралот на златната река - Џон Раскин

7 одделение (4+3):
задолжителни:

1. Силјан штркот - Марко Цепенков
2. Втората смена - Велко Неделковски
3. 20 000 милји под морето - Жил Верн
4. Авантурите на Том Соер - Марк Твен
изборни:
1. Девојчето со две имиња - Јадранка Владова
2. Умните измислувачи - Виолета Мартиновска
3. Возот в снег - Мато Ловрак
4. Најубави митови од антиката - Густав Шваб
5. Момчето Молња - Јагода Михајловска-Георгиева
6. Патешествијата на Силјан штркот - Видое Подгорец
7. Светлина зад ридот - Трајче Крстески
8. Од цвет до цвет - избор на песни и раскази - Адем Гајтани
9. Споменка - Горјан Петрески

8 одделение (5+4):
задолжителни:

1. Бегалка - Васил Иљоски
2. Марта - Горјан Петрески
3. Малиот принц - Антоан де сент Егзипери
4. Хаклбери Фин - Марк Твен
5. Дневник - Ана Франк
изборни:
1. Бескрајна приказна - Михаил Енде
2. Бојан - Глигор Поповски
3. Цар Салтан - Ефтим Клетников
4. Александра - Томе Арсовски
5. Розата и вепарот - Ане Провоуст
6. Поетска читанка - избор од Миодраг Друговац
7. Девојчето од шестата месечина - Муни Вичер
8. Момчето во пижами на риги - Џон Бојн

9 одделение (5+4):
задолжителни:

1. Сердарот - Григор Прличев
2. Повикот на дивината - Џек Лондон
3. Девојките на Марко - Оливера Николова
4. Црни овци - антологија на светскиот расказ - избор од Катица Ќулавкова
5. Чорбаџи Теодос - Васил Иљоски
изборни:
1. Старецот и морето - Ернест Хемингвеј
2. Стилски вежби - Рајмон Кено
3. Белиот кловн - Дамир Милош
4. Ние, врапчињата - Јордан Радичков
5. Лозје - Блаже Конески
6. Бели мугри - Кочо Рацин
7. Хари Потер и каменот на мудроста - Џ.К.Ролинг
8. Исти очи - Горјан Петрески
9. Тајниот дневник на Адријан Мол - Сју Таунсенд
10. Кога светот беше млад - Јирг Шубигер

Денес многу портали ја пренесоа веста на Фокус дека наводно „Зоки Поки“ од Оливера Николова била тргната од списокот на задолжителни лектири, што е точно, но само за децата кои следат настава на албански и турски јазик, каде е изборна лектира за второ одделение. Исто така, ја реактуелизираа темата за новиот список на лектири кој беше објавен од Бирото за развој на образованието на почетокот од месецов, со забелешки дека „Волшебното самарче“ е тргната од списокот. Но, никој не спомна дека списокот не е конечен и не е затворен, и дека секој може да поднесе забелешки за истиот до Бирото за развој на образованието најдоцна до 26.03.2018, кога Бирото ќе ги разгледа забелешките, а потоа ќе го објави конечниот список. Па ајде, во темава да им составиме еден кајгански список на забелешки за сѐ што е тргнато а треба да го има, и сѐ што е ставено, а треба да биде тргнато, и еве, ветувам дека јас лично ќе го испратам до Бирото за развој на образованието на 26.03.

Инаку, според мене списокот не е совршен, но е подобар од тој кој постоеше до сега. Моите забелешки исто ќе ги изнесам подолу.
Мене ми се допаѓа идејата да постојат задолжителни и изборни лектири. Подолго време се зборуваше и се подготвуваа нови лектири за основно, ама за задолжителни и изборни лектири првпат слушнав летоска на Телма од професорката Весна Мојсова.

За изборот на лектирите, мислам дека нема некои огромни разлики од претходно, во минатите години, ако добро се сеќавам, беше поголем бројот на странските автори. Според мене штета е што Живко Чинго е исклучен, порано се работеше романот Сребрените снегови. Ми се допаѓа што нашле место за Стилски вежби од Рејмон Кено, иако мислам дека изданието на Табернакул заедно со Цаци во метрото е одамна исцрпено, а не е повторно издадено или објавено од друга издавачка куќа.

Околу „клетите Турци“ и сл., истото го има и во Арматолосот, на пример „клети Арнаути“, „Неде повести Шкиптарин, „ничтожни Геги голоноги“ итн. (ќе биде проблем, особено во мешаните средини :icon_lol:). Плус наставникот ќе си има проблем со стихови од типот „Како мој дом свештен има бити кога кротки Б'лгаре ште храњат Гега силнаг' со месни трапези“ и да го објасни идентитетот на словенското население во Македонија во тоа време. :icon_lol: И Чорбаџи Теодос може биде проблем од овој аспект, ама кој си го земал гајлето, тој нека го бере...
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.645
Поени од реакции
13.102
Добро бе, само јас и уште 2-3ца тука му ја сфативме поентата на @Zlatikevichius ?
РобинСон Крусо може да ја чита дете од 12 години, но нема да ја доживее онака како што би ја доживеал некој кој одново би ја читал на поголема возраст, туку многу повеќе како еден вид на авантуристички роман. Што е далеку повеќе од тоа. Исто и за „Книга за џунглата“ од Киплинг. И Хајди донекаде. Затоа се тие вонвременски. Иако опишуваат за едно минато свршено време, (еве - расизмот на Англија :D) имаат подлабока поента, во конкретниов пример - човек v.s. природа v.s. општество (Могли, Крусо)
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.598
Поени од реакции
38.749
Добро бе, само јас и уште 2-3ца тука му ја сфативме поентата на @Zlatikevichius ?
РобинСон Крусо може да ја чита дете од 12 години, но нема да ја доживее онака како што би ја доживеал некој кој одново би ја читал на поголема возраст, туку многу повеќе како еден вид на авантуристички роман. Што е далеку повеќе од тоа. Исто и за „Книга за џунглата“ од Киплинг. И Хајди донекаде. Затоа се тие вонвременски. Иако опишуваат за едно минато свршено време, (еве - расизмот на Англија :D) имаат подлабока поента, во конкретниов пример - човек v.s. природа v.s. општество (Могли, Крусо)
Види, до пред 10 години тие ствари не беа расистички, ни црнците не се бунеа ни никој ради нив, откако дојде Обама се покрена некоја фракција на забегани либерали и лепат етикети на се што ќе им текне. Најголем дел од нив живеат у Холивуд и преку филмови и медиуми ја шират својата пропаганда, еве еден краток опис на нив.

 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934
Јас не сакав да читам лектири, сите ги скокав и со сила ме тераа. А после ги препишуваш за на час...ништо не ми фали. Нема што да се научи од лектири подобро е децата да си читаат од интернет Википедија например или Јутјуб да си гледаат за мене книги се заостанат медиум подобро аудиобоок или радиодрама или филм или музика да слушаат и тоа од Штраус до Антракс или Уметнички слики да гледаат. Ама книга во 2018ма...подобро сами да си пишуваат така ќе научат да пишуваат а вака, имаат фајрфокс и само напред, весници, фејсбук, сајтови тоа треба а не книги со петардирани приказни и безкорисна содржина. Што научив од книга белетристика АПСОЛУТНО НИШТО само рандом ликови и некаква си приказна...А илјадници часови се трошат на тоа.
Ретко во која книга сум уживал а од никоја не сум научил ништо корисно од сите лектири и во основно и во средно. Лектири=Усерување на одмор
 

Kajgana Shop

На врв Bottom