Warframe ја играв активно пред два - три месеци додека беше во closed beta, играта беше одлична co-op TPS ама како што ме дал господ мене после 15-20 часови игра морав да барам нешто ново и така ја баталив.
Ја испробав пред скоро време да видам какви промени направиле и да ти кажам нивоата беа комплетно редизајнирани со пошироки простори и стази на повеќе нивоа. Тоа ми се допадна иако бев како „изгубен германец“ на првата мисија
Ако имаш нет на располагање ти препорачувам да ја пробаш и така е F2P, а поради тоа што нема натпреварувачка компонента нема и некоја разлика помеѓу играчите кои трошат пари на истата и гагаџиите