Новите предлози на Нимиц за името на Република Македонија

Кој предлог на Нимиц (од прифатливите) би го прифатиле?

  • Демократска Република Македонија

    Гласови: 113 29,0%
  • Независна Република Македонија

    Гласови: 173 44,5%
  • Ниту еден (образложете зошто)

    Гласови: 103 26,5%

  • Вкупно гласачи
    389

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Сизифовска битка на Грција за името

Каменот што го туркал Сизиф никогаш не го истуркал и тоа може да биде поучната лекција за Грците, порача вчера шефот на македонската дипломатија

[Нема промена на билатералната политика на САД во однос на признавањето на уставното име на Република Македонија, тврди Вашингтон]

Грчкото лоби во Америка ја троши енергијата на ирационалниот билатерален спор за името на Македонија, наместо да работи на стабилизација на Балканот во рамките на очекуваната интеграција во НАТО, порача министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, коментирајќи ја последната Предлог- резолуција за името на земјава, поднесена во американскиот Претставнички дом.

- Легендата за Сизиф и за каменот што тој вечно го турка и не успева да го истурка, може да биде поучна лекција за начинот на кој не треба бесцелно да се троши сила и енергија. Македонија е заинтересирана за надградување на добрите билатерални односи со Грција и во исто време за продолжување на дискусиите за сите билатерални прашања - изјави Милошоски.

Неговиот став е дека би било многу попаметно за грчкото лоби во Америка сета енергија и сила што ја троши на еден ирационален билатерален спор за името на Република Македонија, да ја троши за подобрување на состојбите во својата матична држава Грција.

Американската амбасадорка во Македонија, Џилијан Миловановиќ, вчера го повтори официјалниот став на Вашингтон за уставното име на земјава.

- САД го признаваат уставното име на Република Македонија. Нема промена на билатералната политика на Вашингтон во однос на признавањето на уставното име. Такви промени ќе нема - изјави Миловановиќ.

Истовремено, вели таа, многу е важно во рамките на процесот што се води во ОН, а во кој се вклучени Македонија и Грција, да се најде заедничко прифатливо решение.

- Се надеваме дека двете страни ќе вложат напори за процесот во ОН да продолжи и да се донесе решение - рече Миловановиќ.

Дипломатски извори велат дека Предлог-резолуцијата нема преголема тежина бидејќи не е обврзувачка, но посочуваат дека Македонија мора да ги промовира своите ставови.

Извори од САД изјавуваат дека нацрт-резолуцијата не е ништо ново и дека била очекувана.

- Ситуацијата во Конгресот е сменета, има нов состав и тешко може да се предвиди што ќе се случува - велат нашите извори.

Според нив, досега имало и други обиди за поднесување резолуции во Претставничкиот дом, но тие не поминале. Сепак, не треба да се игнорира фактот дека во ниеден состав на Конгресот, Македонија не била „појака“ од Грција, потсетуваат истите извори. Тие додаваат дека, во промоцијата на македонските ставови, на конгресмените треба да им се повторува ставот дека Конгресот како симбол на слободата во светот дејствува контрадикторно и на една земја и' ја одзема слободата да се вика како што сака.

За поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле, главниот проблем е што сме дозволиле ова да ни се случува.

- Грците се во поповолна политичка позиција од нас и не можеме да им парираме, иако правдата е на наша страна - вели Чашуле.

Тој додава дека Атина ја искористила ситуацијата кога Македонија остана без амбасадор во САД, па затоа порачува да се засили македонската амбасада, да се подобрат односите со Вашингтон, но и Македонија да се појави на „пазарот на јавното мислење“ во САД.

Опасно е да се повлечеме од Привремената спогодба


Повлекувањето од Привремената спогодба со Грција, за Македонија во моментов не би бил умен потег, предупредуваат дипломати и експерти. Тоа, според нив, би ја ставило земјава во позиција на недисциплинирана држава.

Нивниот став е дека Македонија, ако се повлече од Спогодбата, ќе наиде на „страшна осуда“ од меѓународната заедница, бидејќи таа е потпишана токму за нормализирање на односите меѓу двете земји.

Превземено од Дневник

Сите знаеме дека Грците ќе тераат до последен миг инает...Работата е колку што може помасивно да лгобираме со сите сили и средства во Меѓународната заедница да ја чујат и нашата страна т.е. ВИСТИНАТА!!!
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Грчки навреди за Македонија

Нема услови за изнаоѓање заемно прифатливо решение за името на Македонија, поради непопустливост на Скопје, изјави грчкиот европратеник од владеачката Нова демократија Андонис Самарас.

Тој во интервју за Елефтеротипија кое изобилува со навреди за идентитетот на македонскиот народ и држава, наведе дека Македонија не отстапува од уставното име со кое го одржува лажното внатрешно единство.

„Скопје не отстапува кога се чувствува силно, а не отстапува и кога се чувствува слабо. Тоа е затоа што името е клучниот елемент за лажното единство на населението“, изјави Самарас.

Според него, конфликтот од 2001 година покажал дека „националната држава на Македонците е смеса на нација од Албанци и славофони“.

„Во такви услови, името Македонија беше единственото кое ги држи обединети и затоа не се подготвени да го променат“, изјави грчкиот европратеник.

Според Самарас, Македонците никогаш немале намера суштински да преговараат за името, додека грчката политика за тоа прашање во континуитет е „правилна“.

Пратеникот Самарас предвидува дека Македонија се движи кон конфедерација, што ќе наложи потреба од измени во Уставот.

„Тогаш ќе може да се промени и името“, изјави Самарас во интервју за атинскиот весник „Елефтеротипија“
:ban?:
 

Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
Ќе ја добиеме ли борбата за името?

Мислам дека ова прашање заслужува да има посебна тема!

Ајде да направиме еден мал времеплов од осамостојувањето наваму:

1. Експертската влада на Кљусев (до 1992 г.) - Не’ призна само Бугарија и уште неколку други, не многу значајни држави, а најголемиот удар го добивме од Есторил - Португалија (од конференцијата на министрите на ЕУ), од каде што добивме порака дека нема да бидеме признати како држава се’ додека не го смениме името, во кое што воопшто не смее да биде содржан зборот Македонија... Под влијание на ЕУ, не можевме да станеме членка ниту на ОН!

2. Период на СДСМ (1992 - 1998 г.) - Македонија беше призната како самостојна држава од целиот свет и станавме членка на ОН, за прв пат од постоењето на оваа светска организација. Со оглед на фактот што поинаку не ни беше дозволено, владата на СДСМ се согласи да бидеме примени под референцата FYROM... Веднаш после тоа следуваа и приеми во сите други светски и европски асоциации. А уставното име на Македонија го признаа и две постојани членки на Советот за Безбедност, големите велесили Русија и Кина.

3. Период на ДПМНЕ (1998-2002 г.) - Во однос на името, не се случи ништо ново. Владата не презема никакви активности на тоа поле. На билатерален план сите држави и понатаму не’ ословуваат како FYROM.

4. Период на СДСМ (2002 - 2006) - Македонија лобира кај сите позначајни држави во светот да се интензивира прашањето за името и ја нуди двојната формула со која што целата меѓународна заедница ќе го признае нашето уставно име. Како резултат на тоа, најголемата светска велесила САД не’ призна под уставното име, парламентите на моќните Велика Британија и Германија со парламентарна декларација бараат од своите влади признавање на Македонија под уставно име и конечно сите држави на билатерален план почнуваат да не’ нарекуваат со уставното име Република Македонија.

5. Период на ДПМНЕ (од 2006 година) - Се започна со многу намалена активност на планот на името. Американскиот Конгрес не’ именува под референцата FYROM. Европските дипломати повторно за Македонија почнуваат да зборуваат за ’вашата држава’, ’оваа земја’ итн. За среќа, дојде вчерашното признавање од страна на Канада. Се надевам дека работите сега повторно ќе почнат да се движат во позитивна насока.
 

SWEDEN

38ca ama nikoj ne verue
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.531
Поени од реакции
34
Bre bre bre Kanada jaka muda ... ama bolje ista nego nista...

ako ideme po logika 17 godini sme pod lazno ime so vakov napredok predviduvam ke se vikame Makedonija za edno 120 godini koa nema da postojat veke drzavi...samo toas
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
стрелчо, исполитизира тема што е национално значење а НЕ партиско...

Битката за името не ја водат партии, ја води целиот народ!
 

Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
стрелчо, исполитизира тема што е национално значење а НЕ партиско...
Признавам, трн...
Патем да те прашам, колку пати си слушнал или прочитал дека ’СДСМ го продале името’? Веројатно многу пати... А не верувам дека некогаш си искоментирал дека е тоа ’политизирање’... А не би ме изненадило кога би нашол и некоја твоја стара изјава со која што за оваа тема со ’национално значење’ си го критикувал СДСМ!
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Признавам, трн...
Патем да те прашам, колку пати си слушнал или прочитал дека ’СДСМ го продале името’? Веројатно многу пати... А не верувам дека некогаш си искоментирал дека е тоа ’политизирање’... А не би ме изненадило кога би нашол и некоја твоја стара изјава со која што за оваа тема со ’национално значење’ си го критикувал СДСМ!
Прегледај ги сите мои 3000+ мислења, ако најдеш барем еден пост каде наместо „Бранко/Киро го продаде знамето/името“ стои „сдсм го продаде знамето/името“ - јас ќе се самобанирам, ок? А тоа е критика до одредени политичари кои јас ги сметам за предавници на Македонија....СДС е приказна сама за себе....

Назад на темата и поконструктивно, барем оваа да не се сведе на сдсм-дпмне препукување!
 

liana

ја знае вистината
Член од
10 август 2007
Мислења
687
Поени од реакции
45
а слушнавте за тој гркот, некој влијателен аналитичар што вика дека со мали отстапки од страна на мкд спорот може многу брзо да се реши. демек може Македонска Република или Република Македонија на кирилица?!
Мислите има шанси и прифатливо ли е за вас вакво нешто?
 
Член од
31 јули 2007
Мислења
1.580
Поени од реакции
39
Па борбата за името е добиена :) никои никогаш и никаде нема да можи да ни го земи името посебно не уште тие што се бројат на прсти и тоа од една рака кои се против тоа да се викаме Македонија сепак светот е свесен и не признава така како што самите сме си се крстиле 3 од 5 постојани членки на Советот за безбедност не имаат признато голем дел од други држави + 100 така да нема потреба да се запрашуваме дали ќе ја добиеме оваа битка, нека се запрашаат грците кога ќе ја изгубат :)
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Periodot na Strelcho zapocna i zavrsi ..vo eden glupav post :)
 

jon

Член од
20 јуни 2007
Мислења
287
Поени од реакции
0
а слушнавте за тој гркот, некој влијателен аналитичар што вика дека со мали отстапки од страна на мкд спорот може многу брзо да се реши. демек може Македонска Република или Република Македонија на кирилица?!
Мислите има шанси и прифатливо ли е за вас вакво нешто?
Тоа со кирилица или латиница ми е исто како да се пишува болд или италик или андерлајн.
Не ми е јасно баш, во латинични документи дали само Македонија ќе се пишува на кирилица??? , малку како тактизирање повеќе делува.
Или ќе има ли македонско име и „странско име“ Republic of Macedonia, кое ќе се пишува Репаблик оф Мацедониа???

Тешки глупости, наместо да се прави ајвар за ова ќе се занимаваме :):):).
 

Jimmy

Организатор
Член од
26 мај 2006
Мислења
927
Поени од реакции
312
Едноставно, да одговорам на прашањето: ДА!
Борбата за името веќе ја добиваме, повеќе од половината членки на ОН не имаат признаено под уставното име, големи,економско-политички и јаки држави, највлијателните, Америка, Русија, Кина т.е. повеќе од половината (3 од 5) од постојаните членки на Советот за Безбедност, сега Канада како една од Г-8 земјите....нема сомнение дека битката ја добиваме. ;)
Неофицијално, за кратко време треба да биде обелоденето т.е. официјализирано признавањето на нашето уставно име и од страна на уште една Г-8 членка.
 
Член од
27 август 2005
Мислења
783
Поени од реакции
7
борис сигурно се врти у гроб ако знае дека сдсм си ги присвојуваат заслугите за нашето признавање од САД
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Борбата за името е немало и нема да има.Македонија е една и нема кој да вземе името ј.Г'рција пикае срешту ветера.:wink:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom