Со екстримот имав и јас проблеми на почетокот, со воспоставување на конекција. Затоа го оставав автоматски да си се конектира со 99 пати и пауза од 2-3 секунди, ручам, подлегнувам и после гледам конектирано. Ова е ако имаш проблем со конектирањето. А ако е со брзината, вчера нешто беше тапа, многу тешко отвораше страни, но одвреме навреме има насекаде таков проблем и е вообичаено.
За начинот на конекција, не би требало интернет конекцијата да зависи од телефонскиот апарат. Ако ти е се врзано како што треба-од ѕид во line, од модем во модемот, од phone во телефонот би требало да не зависат една од друга. Пробај со техничка, телефонски или директно кај нив. Телефонски малку се зезнати, можда ќе те тераат да ресетираш модем :wink: , или дека не знаеш да конфигурираш, даваат доста чудни совети и предлози...зависи кој ќе ти дава одговор од техничка. Во секој случај прво телефонски пробај оти тие нели и од таму имаат можност да видат дали има проблем со конекцијата на таа линија. Ако нема проблеми до разделникот кај тебе, тогаш од разделник до модем и телефон може да ти дадат совет.
Мислам дека 10-20 страни наназад (кога јас имав проблем-негде јануари) имаше едно момче со сличен проблем-забележа дека не може да се конектира, а при кревање на слушалка добива конекција.
Друго не знам како би ти помогнал :smir: