И како е, задоволни сте, нетот и телефонската линија константни се, во смисол да нема често падови, пречки, да нема линија и такви работи?
До 23-ти јануари (гледам на форумов) им досадив на сите со жалење од брзината и конекцијата. Од тогаш навака брзината е ваква
од некои торенти и од нетлоад често знае (зависно до торент и дневен сообраќај) да симиња и со
1.1 Мб/с. Имавме проблем и со идентификаторот, но и тоа сега е решено, идентификатор има.
Е сега, знае да падне (како на 29-ти, имаше прекин и на телефон и на интернет конекција), но тоа еднаш се случи, заради базна станица у Чаир. И одвреме навреме знае да е затка, но многу ретко, дури незабележително.
Во глобала сега сум навистина задоволен (за разлика од претходно), но можеби некој сеуште има проблем, па нека постира (да не испадне го фалам), а кај тебе да не чини, за да си знаеш. Нека си каже некој што има сега проблем. Јас немам