Еве некои од законите:
-Прекршок против јавниот ред и мир, според законот, врши секој кој со своето однесување или постапка ги навредува, омаловажува или малтретира граѓаните на јавно место, ја загрозува нивната безбедност или создава несигурност. Казните се движат од 100 до 1.000 евра.
-Доколку некој се затекне на проституција, од 600 до 800 евра.
-Казна во износ од 100 до 400 евра ќе плати секој што на јавно место со викање или непристојно и дрско однесување го нарушува јавниот ред и мир или ја загрозува безбедноста на граѓаните со фрлање или кршење шишиња, чаши или други предмети. Исто толку ќе плати и секој што ќе биде фатен како се пијанчи на јавно место. Ќе биде казнет и секој што ќе ги малтретира соседите или пак доколку го нарушува јавниот мир со пеење, користење на музички инструменти или радио и телевизиски апарати.
-Ќе се казнуваат и моторџиите што намерно предизвикуваат бучава. Најголеми се казните за тепачки, за проституција и за навредување полицаец или друго службено лице. Се движат од 600 до 1.000 евра.