Посилна од судбината е храброста со која таа непоколебливо се поднесува
Единаесет месеци по ослободувањето од концентрационен логор, Виктор Франкл одржал низа јавни предавања во Виена. Говорејќи за самоубиството, за тешките физички и ментални болести и за животот во логорот, психијатарот кој наскоро ќе стекне светска слава ги изложил своите клучни сфаќања за смислата на животот. Зборувајќи за издржливоста, тој изложува колку е важно да избереме да го живееме животот дури и кога сме соочени со големи несреќи.
Зборовите на Франкл и денес одекнуваат еднакво силно како и во 1946 година. Тој проникливо ја истражува максимата „Живеј како да живееш по вторпат и како првиот пат да си постапил погрешно!“ и го открива своето основно уверување дека секоја криза содржи можност. Наспроти стравотните ужаси на логорот, од сопствената и од силата на другите логораши Франкл стекнал увид во тоа дека секогаш е можно „да се избере животот“, што е длабока и вонвременска лекција за сите нас.