за што поточно се работи во книгава и дали вреди да се чита?
за што поточно се работи во книгава и дали вреди да се чита?
Историски роман е, не ми е читан уште, знам дека претходниот нејзин роман, исто така историски (Ахиловата песна), беше многу баран и читан кај нас и во светот.за што поточно се работи во книгава и дали вреди да се чита?
Ново издание на класикот на сите класици:Краток опис
Магична книга која ткае поинаква приказна за волшебничката Кирка.
Неугледна, повлечена и без никакви моќи, иако ќерка на богот на сонцето Хелиј и заводливата нимфа Персеида, малата Кирка е осудена на осаменост и потсмев. Но наскоро таа во светот на смртните луѓе ќе ја открие својата волшебна моќ.
Сомничавиот Зевс ја прогонува на еден пуст остров, кој станува нејзино царство. Тука таа ги припитомува дивите животни, ги усовршува своите вражби и се среќава со многу митски јунаци – Дедал и неговиот несреќен син Икар, Минотаур, Медеја и лукавиот Одисеј во когошто се вљубува.
Жената што сака да биде независна е демнета од најразлични опасности. Кирка несвесно си го навлекува гневот и на луѓето и на боговите, а на крај се соочува и со одмаздољубивата божица Атина. За да го заштити најмилото, мора конечно да реши дали местото ѝ е покрај боговите, од кои потекнува, или покрај смртниците, коишто ги засакува.
„Волшебна приказна! Мадлин Милер создала смела феминистичка верзија на класичната приказна; во митскиот свет полн со богови, чудовишта и нимфи, длабоко во себе, главната хероина е иста како секој од нас.“ О магазин „Иако знаеме како сè ќе заврши, оваа сочна приказна, раскажана во нова светлина, е напната и полна со неочекувани елементи.“
Вашингтон пост
Уште една неаполска приказна за преминот од детството во светот на возрасните
Убавото лице на 13-годишната Џована почнува да се менува и да огрдува и таа сè повеќе заличува на тетка ѝ. Барем така мисли нејзиниот татко. Но дали таа ги гледа работите такви какви што навистина се? Дали се претвора во Викторија, жена која одвај ја познава, a која нејзините родители очигледно ја презираат? Во кое огледало би требало да се погледне за да се најде себеси и да успее да се засака и да се спаси?
Џована го бара својот одраз во двете линии на нејзиното семејство, во двете крајности на сопствената личност. Растргната меѓу двата спротивни краја на родниот Неапол, меѓу височината и приземноста, префинетоста и вулгарноста, таа се впушта во една мачна потрага по вистината. Проникнувањето во долгогодишните семејни тајни ќе ѝ го открие нејзиното вистинско лице.
Новиот роман на славната Елена Феранте е уште еден доказ за нејзиното ненадминато мајсторство да ги извлече читателите од реалноста и да ги пресели во својот совршено изграден книжевен свет.
„Феранте толку умешно нè вовлекува во тинејџерскиот ум што сето она што изгледа неразумно – променливи расположенија, љубомора, страв, солзи и бес, ни се чини сосем нормално.“
Тајмс, Велика Британија
Една книга за иднината може да нè заинтересира единствено со тоа колку е веројатно да се остварат нејзините пророштва. A Хаксли во своето животно ремек-дело добро предвидел дека укинувањето на духовните науки и вредности за сметка на материјалните ќе го смени животот од корен. Дали ни се заканува свет составен од бесчувствени луѓе кои личат на машини и се грижат само за социјалната стабилност и опстанокот? Во футуристичкиот свет на Хаксли луѓето се создаваат во лаборатории, секој со однапред предодредена функција и класа. А изолирано од нив живеат нормалните, преостанатите дивјаци. Кога прекрасните нови луѓе ќе дојдат во допир со еден дивјак, започнува вистинското соочување со стварноста. Дистописката визија на Хаксли нè соочува со заканите пред кои е исправено човештвото, со надеж дека ќе нè освести пред нивната можна опасност.
Ова од Толкин делува доста интересно и може да се земе, има читано некој да потврди или демантира?
Na koj fb profil potochno? Na ovoj shto go najdov jas posledna objava im e 22 ili 23 godina.И... од денеска е веќе во продажба Барем така вели нивната фејсбук страница
Прегледај го приврзокот 403676
Na koj fb profil potochno? Na ovoj shto go najdov jas posledna objava im e 22 ili 23 godina.