Новиот Ајфон на Епл

  • Креатор на темата Креатор на темата deXterche
  • Време на започнување Време на започнување

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Момците од Гизмодо тврдат (а ние немаме зошто да не им веруваме) дека дошле до новата верзија на Ајфонот. На прв поглед некако ист е како минатиот ама скроз различен. Повеќе не е заоблен, туку е комплетно коцкаст, но и понатаму остануваат сите оние елементи кои ги имаа претходните Ајфони. Ново е што има и предна камера, задната камера е подобрена, додаен му е флеш, копчињата од страна се метални и наместо стандардна користи микро-СИМ картичка.



0796B82356D918499890BE683B3E3EA8.jpg

051D56C9CAD4534C9260F30ED935942F.jpg

E5B1CDD9D955E140A985E2B6D738A072.jpg

DFB584FD69E84743933DD0D1D572D4AD.jpg

многу повеќе за телефонот тука

извор: Он нет
 
Aко е ваков каков што е на сликиве, ќе бидам пресреќен со мојов 3G. :)
 
Да не е кинеско гомно ова бе а? Не ми личи дека Apple ќе направи полош дизајн од претходниот.
 
не е лош бе зашо, по "мачо лук" има сеа :)

има поголеми димензии на екранот.
 
Еве уште повеќе детали како се случило да дојдат до новиот прототип

Извор ИДИВИДИ

Пијан програмер од Apple го изгубил новиот iPhone

Безгрижното ноќно излегување на 18 март се покажа кобно за дваесет и седумгодишниот програмер на Apple, Греј Повел. Таа ноќ Повел во пивница го изгубил својот iPhone, но еден месец покасно неговото излегување се покажа како кобно, бидејќи наместо некој од постоечките серии на iPhone, тој го изгубил новиот iPhone, кој на пазарот треба да излезе тек во текот на летото.


apple.bmp
Apple е прилично строг кога се однесува за „протекување“ на информации околу новитетите и поради тоа сигурноста во компанијата може слободно да се мери со онаа на светските тајни служби. Сепак, не постои таков сигурносен систем кој би можел да спречи едноставна човечка грешка.

Во текот на вчерашниот ден, екипата од Gizmodo објави детали и рецензија за мистериозниот iPhone кој завршил во нивната редакција. Уредот дефинитивно визуелно наликува на постоечкиот модел на iPhone, но од него се разликува во многу технички новитети.

Утрово и ИДИВИДИ го претстави новиот iPhone, но сепак во текстот оставивме простор дека може се работи за лажен уред. Сепак, денеска на адреса на Gizmodo се јавил службеник од Apple кој загубениот телефон си го побарал назад. Ова беше само доказ дека сепак се работи за вистински производ од Apple.
iPhone_1618903c.jpg
Во моментов не знаеме каква е судбината на несреќниот Греј Повел кој по една пијана вечер го изгуби својот прототип на iPhone.
 
лелее очекувајте сеа предвремена навала на кинески створеења...
ради овој копуков, Стив Џобс ќе треба да го одложи излагањето на Ајфон со изменет дизајн :tv:
 
Веќе користам еден, од првите... не сум нешто премногу задоволен од него, сепак Нокиа си е Нокиа бтв.. трампам Ајфон 3г, прва серија,, за Нокиа н96.. ако се најде некој нека пише.. :back:

едит: ако треба ќе му доплатам :vozbud::smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom