Не е точно тоа.
Тоа е само затоа што ја доведовме ситуацијата да се мора да се бира. Или си со нас или против нас. Очекуван е нивниот избор кога некој ке ставиш пред свршен чин.
--- надополнето: 28 август 2012 во 01:11 ---
Па како што се вака поставени работите не ни можат да се решат, а секако некој ке се најде да ја искорити ситуацијата. Луѓето не спијат, најдват начин да ја искористат ситуацијата.
Земи само пример со спорот со Грција, толку е наелектризирано населението таму да политичар само да гукне нешто умерено или така да биде протолкувано одма на нож се дочекува. Едноставно нема клима за тоа, но тоа не значи дека не треба да се створи( мислам за тука). За директно укинување на рамковниот договор сега како што е ваква ситуацијата не станува ни збор, на сон да ти излези да не веруваш а не пак во јаве.
Директен пристап на решавање на оваа ситуација едноставно не е можен, нема маж кој тоа би го извел. Но затоа пак постојат и други начини не толку директни. Какви би биле тие можеме да си шпекулираме до утре, но едно е јасно. Од директен пристап на решавање на моменталната ситуација посебно со климата како што е сега треба да се дува и бега. Никој нема да се нафати, а и ако се нафати ништо добро нема да излези од тоа. Едноставно невозможна мисија е тоа.