Нова кампања: Добри домаќини за подобар туризам

Член од
5 август 2007
Мислења
3.586
Поени од реакции
2.608
Никој не го имитира директно Стив Ирвин. Со сила се праете паметни и писмени, ама за чудо никој од вас не знае дека емисии за животни, природа итн. кои што се доста популарни има барем уште 10-на кои исто така ги водат австралијанци.

Плус, кампањата не е за промоција на туризмот туку има за цел да го смени овој заковарен менталитет (пример: истите тие што кењаат дека рекламите се срање).
Искрено се надевам дека ќе се снимат уште толку каде ќе се опфатат сите јебани социјални структури: кафанџии, шмизли/кремци, шоферите што се паркираат на сред улица, џандар што не сопира бемве што вози 200 итн.

Ова е првиот позначаен потег за културна свест, и крајно време беше нешто да се направи во врска со ова. За самите нас станува срамота што живееме тука не па за некој од страна да дојде. Со кое право истите што пљукаат по рекламиве после продаваат мозок тука само не ми е јасно:гомце:
Ај молимте објасни ми како рекламиве ќе го смени овај закоравен менталитет, жити очи? Освен што ќе ни се смеј цел свет со видеава, а и че се курчат некој ко тебе, демек така му треба, друг ефект не гледам од рекламава.
За да се смени менталитетот, има милион начини, спомнав некој погоре. Ова не само што не е начин, туку е исмејување на сите келнери, таксисти, издавачи на апартмани и тн, во Македонија. Ти сакаш да ми кажиш дека сите келнери или сите таксисти можиш во еден кош да ги ставиш?

Пак ќе речам, да беше ова некоја емисија ко Зевзекманија, ко Еднооки, ајде, хумор, сатира, ама ПРОЕКТ НА ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, да плука по сите таксисти, келнери и тн.. демек ендемски вид биле е ДЕБИЛНО.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Не плукаат по сите, туку по глупите и тие што не си ја вршат добро работата, а со тоа го расипуваат односот помеѓу нив и туристите (без разлика дали се таксисти, келнери, пансионски газдарици и тн...). Ако се добри домаќини, не знам зошто би се возбудувале на кампањава. Ако се такви ко од видеава (а такви ги има премногу) - нека си знаат како изгледаат во очите на другите. Ако си се нафатил да го „играш орото“ - играј го како што треба. Или биди добар домаќин, или најди си друга професија. Можеби нешто со кое нема да имаш директен контакт со луѓе.
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Ме нервираат преувеличувања како што има во клиповиве, место за забелешки има, ама ова повеќе прилега на некое заебантско шоу како К-15 отколку на сериозна кампања која ќе поттикне некакви промени.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.586
Поени од реакции
2.608
Acid Сепак е кампања, со као демек, цел да се смени односот спрема туристите. Целта со оваа капања тврдам дека нема да ја постигнат. Со кампањава само ќе ни се смеј цел свет, ништо фазла. Во најмала рака, зошто е на англиски? Ако му е таргет група македонците.
Ова ти е исто ко сега да направат кампања, Explore Macedonia, и рекламиве да бидат: Да снимат кај мене пред зграда сега, кал до колена, улициве ископани целите, вода нема за пијање 3 месеци, шутка да прошетаат...ме разбираш.
За тие глупите и тие што не си ја вршат добро работата, си има семинари, обуки, каде што ќе се учи кодекс на однесување и еден куп други начини, што ем ќе има каде каде подобри ефекти, ем нема да ни се смеј цел свет.
Па на англиски ги направиле бе :facepalm:
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.816
Поени од реакции
7.128
Се нагласува промената на цените кога ќе дојдат странци да нарачуваат, а во музејот на вмро за странци е 300 денари, за македонци 100... Прилично доследна политика, а?
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Acid Сепак е кампања, со као демек, цел да се смени односот спрема туристите. Целта со оваа капања тврдам дека нема да ја постигнат. Со кампањава само ќе ни се смеј цел свет, ништо фазла. Во најмала рака, зошто е на англиски? Ако му е таргет група македонците.
Ова ти е исто ко сега да направат кампања, Explore Macedonia, и рекламиве да бидат: Да снимат кај мене пред зграда сега, кал до колена, улициве ископани целите, вода нема за пијање 3 месеци, шутка да прошетаат...ме разбираш.
За тие глупите и тие што не си ја вршат добро работата, си има семинари, обуки, каде што ќе се учи кодекс на однесување и еден куп други начини, што ем ќе има каде каде подобри ефекти, ем нема да ни се смеј цел свет.
Па на англиски ги направиле бе :facepalm:
Од каде си толку сигурен дека нема да ја постигнат целта? Зошто да не биде на англиски? Има некој тука што не знае англиски? Дали треба некој од туристичките „работници“ во Македонија да не знаат англиски? Како ќе се објаснуваат со туристите, со гестикулации и со „држ“ и „сикс јурос“? Да не се разбереме погрешно, не сум љубител на кампањи, особено не на тие кои ја празнат државната каса. Но, сметам дека уште од првиот ден на прикажување оваа кампања почна да ја постигнува својата цела. Со самото тоа што ние веќе дискутираме тука за подобрување на туризмот, кампањата ја постигнува целта. Со самото тоа што „езерските“ (читај - охридските) угостители добиваат ремет на Facebook, кампањата ја постигнува својата цел. Со самото тоа што овие фаци, претставени во видеата, стануваат свесни дека „целиот свет ќе ни се смее - зошто кампањата е на англиски“ - целта е постигната. Следен пат, ќе се подразмислат дали својот однос кон туристот е за потсмев или за пофалба.

И на крај, самокритиката, па дури и потсмевањето на сопствена сметка е доблест и прв чекор кон подобрување на работите. За да решиш проблем, прво треба да го дефинираш. Работата беше што овие фаци воопшто не се свесни за своите грешки. Епа, можеби сега ќе станат. И да, кампањата е далеку од совршена. Но, добро ја доловува вистинската слика што им ја оддаваат домаќините на туристите.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.586
Поени од реакции
2.608
Како бе не се самокритикува за работине јас што ги кажав погоре во примерот со explore Macedonia?
Ај сега стави се ти во улога на странец, и види ги видеава? И што мислење ќе имаш за Македонија. Кога ќе дојдиш во Македонија?
Еве, замисли странец го гледа клипов? Што ќе помисли?
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Значи глупиот ќелнер ја гледа рекламава и се просветлува или домаќинката ја гледа и станува домаќинка од скандинавски тип.
Ова ако има некаков позитивен ефект тоа ќе е врз рекламниве агенции и телевизии газдите им да си купат некоја S класа и викендица во Охрид за да си немат работа со лошите некултурни газди:)
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Како бе не се самокритикува за работине јас што ги кажав погоре во примерот со explore Macedonia?
Ај сега стави се ти во улога на странец, и види ги видеава? И што мислење ќе имаш за Македонија. Кога ќе дојдиш во Македонија?
Еве, замисли странец го гледа клипов? Што ќе помисли?
Ако ја гледа странец, ќе помисли:
- „У пизду матер, ако идам во Македонија, подобро внимателно да одберам место за сместување зошто ич нема да се наспијам“.

Ако ја гледа охриѓанец кој изнајмува соба во сред чаршија, ќе помисли:

Разумна верзија:
- „У пизду матер, затоа ли двајсе дена немам човек во собата? На копиљацине им заврши распустот, па сега идат луѓе кои уствари сакаат и да поспијат. Ако пак претераат со музика овие од карши, утре ќе идам да им кажам да олабават со музиката. Ако не реагираат, ќе им пуштам полиција.“

Неразумна верзија:
- „Море мамицата впичка да вибам, ак не ви чинит - не идајте!“.

Дај другите видеа, ако сакаш детално ќе ти објаснам што ќе помисли странец, а што наш чоек.


Значи глупиот ќелнер ја гледа рекламава и се просветлува или домаќинката ја гледа и станува домаќинка од скандинавски тип.
Ми се чини дека тоа е идејата.
А ако одлучи да биде глуп (без разлика дали е газда или келнер), тогаш и понатаму нека се чуди зошто некако „крцка“ туристичкиот бизнис.
Ова ако има некаков позитивен ефект тоа ќе е врз рекламниве агенции и телевизии газдите им да си купат некоја S класа и викендица во Охрид за да си немат работа со лошите некултурни газди:)
Ова воопшто не го негирам, но тоа не е предмет на дискусија.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Добро бе дали се овие нормални???
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.586
Поени од реакции
2.608
Или ќе речи:
„У пизду матер, каква Македонија, какви бакрачи, кизнај шо се случува ваму.“

Али ајде, секој со својте гледишта.

Пак че речам. Да беше ова, к 15, еднооки, зевзекманија... прв ќе бев што ќе речев БРАВО, чиста 10ка.
Ама проект на Влада на Република Македонија. :facepalm:

Едит:

Ами нели рековме, дека ова не се однесува до разумните личности, туку на тие глупите, што ќе речат: Ак не ви чини не идајте.
Значи пак иди на моето. Дека нема да се постигни целта.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Ај молимте објасни ми како рекламиве ќе го смени овај закоравен менталитет, жити очи? Освен што ќе ни се смеј цел свет со видеава, а и че се курчат некој ко тебе, демек така му треба, друг ефект не гледам од рекламава.
За да се смени менталитетот, има милион начини, спомнав некој погоре. Ова не само што не е начин, туку е исмејување на сите келнери, таксисти, издавачи на апартмани и тн, во Македонија. Ти сакаш да ми кажиш дека сите келнери или сите таксисти можиш во еден кош да ги ставиш?

Пак ќе речам, да беше ова некоја емисија ко Зевзекманија, ко Еднооки, ајде, хумор, сатира, ама ПРОЕКТ НА ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, да плука по сите таксисти, келнери и тн.. демек ендемски вид биле е ДЕБИЛНО.
Ова како што нагласив е првиот чекор, тој нема да смени ништо но ќе го започне процесот.
Јас не се курчам туку се обидувам да објаснам дека ова е добра работа.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.586
Поени од реакции
2.608
Ова како што нагласив е првиот чекор, тој нема да смени ништо но ќе го започне процесот.
Јас не се курчам туку се обидувам да објаснам дека ова е добра работа.
Кој се другиве чекори?
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Се сетив дека уште лани или пред 2 години, веќе имаше спотови како треба домаќините да се понашаат подобор со туристите, може ќе се сети некој, беа во некој формат на цртан филм и што е најлогично беа на македонски јазик.

И какви резултати даде таа кампања, од каде излезе потребата на сминање на овие дебилни спотови освен да се испрере уште некои милион, бидејќи е очигледно дека овие спотови се далеку поскапи од тие.

А што се однесува до прикажаното, се работи за стереотипи и не мора да значи дека е баш така. Во секоја држава може келнер или таксист да се испонаша, па сите ли прават понижувачки спотови. А во Охрид толку години сум бил во приватен смештај па никогаш ништо лошо не сум доживеал од газдите каде сум бил.
 
B

BBlisto

Гостин

А баш во моментов треба на учам, задутре полагам, ама не можам затоа што во кафанава до мене што е ечи Мајка на Марика...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom