Незнаев каде да ја ставам темава. Шо е работава со местово , само тука несреки се случуваат:uvo:
Во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера утро околу 7 часот на автопатот Брегана-Липовац кај Нова Градишка, смртно настрадал 36-годишниот државјанин на Србија, Љ.М., а 30-годишна Австријка со иницијали М.А. била повредена, пренесе хрватската телевизија Нова.
Несреќата се случила кога автомобилот “пасат“ со австриска регистрација што го возела М.А. во еден миг налетал на возило со полуприколка со бугарска регистрација, што возел пред неа. Австрискиот автомобил со својот преден дел удрил во задниот лев дел од полуприколката, како се превртел и лизгал по автопатот.
Во несреќата смртно настрадал совозачот во автомобилот, додека возачката М.А. била повредена и пренесена во новоградишката болница, се дознава од истражниот судија во Жупанскиот суд, Стјепан Франиќ.
Конкретната причина за несреќата се уште се утврдува.
Оваа несреќа, пренесува ТВ Нова, се случила на истото место каде што загина и македонската музичка ѕвезда Тоше Проески.
Извор: Нетпрес