Новата Европска комисиja

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Вчера беше представен предлогот за новата Европска комисиja. Еве и местата.


Еве како са разпределени по држави постовите:
Ирска - комисар по земеделие и развитие на селските региони.
Шнапиja - Климатските промени и енергетиката
Данска- комисар по конкуренциjaта
Германиja - Дигитална икономика и обштество
Франциja - комисар по финансики прашаниja, даноци и царинскиот соуз.
Унгариja - комисар по образованието,културата и младината и држанството
Белгиja - Социални прашаниja, квалификациите, трудовата мобилност.
Малта - Околна среда, морски прашаниja и риболов.
Австриja - европеjска политика за добрососедство и прошируване.
Британиja - финансова стабилност, финансови услуги и капиталови пазари.
Литваниja - здравство и безбедност на храните
Кипар - хуманитарна помошт и управуване со кризи.
Полска- внатрешен пазар, индустриja, предприемачество и малки и средни фирми.
Хрватска - комисар по мегународно сотрудничество и развоj
Чешка- правосудство, потрошувачи и равенство мегу половите.
Грциja - миграциja и внатрешен ред
Романиja - регионална политика.
Португалиja - наука и иновации
Шведска - трговиja
Словачка- транспорт и космос
Италиja - врховен представител на ЕУ за надворешната политика
Естониja - единиот дигитален пазар
Бугариja - буджет и човешки ресурси
Латвиja - еврото и социалниja диалог.
Словениja-комисар по енаргиjниот соуз.
Финска - работните места, растеж и инвестициите
Холандиja - регулациja, мегуинституционални односи,врховенство на закона и права.

Заменик председатели на Jнкер ке бидат комисарите от Холандиja, Бугариja, Словениja,Финска,Латвиja,Естониja и Италиja.

За сите држави, кандидатки, останува може би наjбитен и интересен комисарот Хан, па еве една анализа за него.

Проширувањето нема да остане без еврокомесар, но во овој мандат на Европската комисија од приоритетно, тоа стана прашање на задното седиште на агендата на ЕУ. Според она што го објави новиот претседател на ЕК, Жан Клод Јункер, на оваа функција ќе се најде Австриецот Јоханес Хан, кој и досега беше комесар во Комисијата на Жозе Мануел Баросо во ресорот регионална политика.

Новата титула на Хан ќе се вика „комесар за соседска политика и преговори за проширување“ и таа треба да го рефлектира она што го најави Јункер неодамна - дека наредните четири години ниту една земја-кандидат од регионот нема да биде примена во ЕУ. Дали пресудија притисоците од надвор или, пак, беа избрзани најавите, се' уште не е јасно, но балканските земји и со вака деградирана агенда, добија добар комесар.

Хан доаѓа од земја која важи за еден од најсилните поддржувачи на проширувањето, која има и државен интерес за тоа, која има широка мрежа на тинк-тенкови кои го туркаат процесот, инвестира многу пари во Балканот и, што е најважно, го разбира и менталитетот и состојбите на земјите во регионот. Хан, исто така, доаѓа од силна земја членка на ЕУ, од земја чија политичка елита е блиска и пријателска со нашата, а политички е од најсилниот блок на народни партии во ЕУ, така што неговиот збор ќе се слуша во политичкото семејство во Европа.

Тежина на новиот комесар му дава и фактот што и досега беше комесар, па нема да му треба време да се приспособи на новата функција, односно ќе може уште еднаш со полн капацитет да се вклучи во остварување на агендата. Хан, според концептот на Јункер, ќе добие и дополнителна силна улога, бидејќи ќе биде неформален заменик на новата шефица на дипломатијата Федерика Могерини, нешто што немало досега, а целта е да се обезбеди силен и флексибилен надворешнополитички тим кој во целина ќе им приоѓа на процесите и кризните прашања.

Австрија ќе биде и следниот домаќин на балканската конференција со ЕУ, како таа во Берлин и е еден од трите столба на овој процес за регионот - покрај Германија и Франција.

Хан има 56 години, доктор е по филозофија, а зад себе во Австрија има министерска функција за наука и истражувања, при што во таа сфера добил награда што важи за австриска „нобелова награда“, а колку е значајна говори сумата што ја следи - милион и пол евра.

Иако објавувањето на листата на комесари ја потврди лошата вест за деградирањето на ресорот на проширувањето, составот на новата комисија дава логика на тоа. Целта на Јункер, очигледно, била да скрои тим за промена, кој ќе ја врати довербата во ЕУ, ќе покаже дека Унијата може да се справи со кризата, да овозможи раст, да отвори нови работни места, да покаже дека може да се справи со имиграцијата, ќе обезбеди кредибилна надворешна политика и ќе осигура дека ЕУ ќе си го врати приматот.

Јункер има, всушност, тешка задача да го исправи сето она што падна во криза за време на „владеењето“ на Баросо, а пред се' да испорача позитивен резултат и тимска работа со прелевање на ресорите. Во тимот што го предложи има петмина експремиери, четири заменик-премиери, 19 бивши министри, седум досегашни комесари и осум поранешни членови на Европскиот парламент, од кои дури 11 со солиден економски бекграунд, а осум со силно искуство во надворешната политика. Во неа за првпат ќе има седум потпретседатели, при што Франс Тимерманс од Холандија ќе носи титула „прв“, а медиумите го нарекоа „финансиски цар“.

За нас е битно дека како десна рака Тимерман ќе биде одговорен, меѓу другото, и за почитување на фундаменталните права, што е првпат ова прашање да се издигне толку високо во ЕК, уште повеќе што оваа сфера се појави во Брисел не многу одамна. Од соседството, Кристалина Георгиева од Бугарија го доби ресорот потпретседател за буџет и човечки ресурси, а вистинска премија доби грчкиот ексминистер Димитрис Аврамопулос, кој ќе биде одговорен за имиграција и внатрешни работи.

За Хан стои дека ќе работи на засилување на соседската политика (пред се', политиката кон бившите советски републики) и на „ преговорите за проширување што се во тек“, при што не е јасно дали Македонија спаѓа во тоа, бидејќи нема одлука за почеток на преговори со ЕУ. Во објавените политички насоки Јункер повтори дека на ЕУ и' треба пауза од проширувањето за да може да го консолидира она што било постигнато со 28-те земји членки. „Западниот Балкан треба да ја задржи европската перспектива, но нема да има натамошно проширување идните пет години“, стои во пораката на Јункер.

Самото инсистирање за повторување на ваквиот категоричен и крут став во програмата на Јункер е сигнал дека на новиот шеф на ЕК наместо проширувањето, приоритет му станува непроширувањето. А, тоа е најлошата вест за нас. (С.Ј.)
http://utrinski.mk/?ItemID=B73A72E75D59BA439EFFD0B389384B88
Следука изпрашуване пред комсии и гласане во европскиот парламент. Наредните 5 години вака ке бидат разпределени местата.
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.155
Поени од реакции
25.637
Заменик председатели на Jнкер ке бидат комисарите от Холандиja, Бугариja, Словениja,Финска,Латвиja,Естониja и Италиja.

За сите држави, кандидатки, останува може би наjбитен и интересен комисарот Хан, па еве една анализа за него.
Најинтересно овде е што Бојко добил министер за финансии, што воопшто не е работа за потценување.

За комесарот за проширување нема потреба од анализа. Доволно е да се каже дека доаѓа од Австрија, држава во која евроскептичната и неофашистичката ФПО расте со огромна брзина. Плус доаѓа од редовите на демохристијаните, кои и онака немаат некој интерес за проширување.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Најинтересно овде е што Бојко добил министер за финансии, што воопшто не е работа за потценување.

За комесарот за проширување нема потреба од анализа. Доволно е да се каже дека доаѓа од Австрија, држава во која евроскептичната и неофашистичката ФПО расте со огромна брзина. Плус доаѓа од редовите на демохристијаните, кои и онака немаат некој интерес за проширување.
Австриja е клучна држава во ЕУ и ако е мала има големо влиjaние. Познава Балканите и проблематиката, има сериозни интереси овде со децении,па уште от времето на империjaта. Има и доста солидните инвестиции во регионот.
Интересно е дека Словениja получи комисар по енергетскиот соуз, коjто многу луге го отричаха и не веруваха па дури и овде.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.155
Поени од реакции
25.637
Австриja е клучна држава во ЕУ и ако е мала има големо влиjaние. Познава Балканите и проблематиката, има сериозни интереси овде со децении,па уште от времето на империjaта. Има и доста солидните инвестиции во регионот.
Интересно е дека Словениja получи комисар по енергетскиот соуз, коjто многу луге го отричаха и не веруваха па дури и овде.
Воопшто не ја спорам дипломатската моќ на Австрија, затоа што би излегло дека ја спорам дипломатската моќ на Германија. :) Јасно е дека тие ќе го проектираат својот интерес на Балканот и тоа е одлична вест за Србија и Црна Гора, а лоша за Босна, Албанија, Косово и Турција. Македонија сеуште не е дефинирано во која категорија ќе влезе, ама демографски сме се поблиску до втората.

Аленка Братушек е многу битно име во сите политички превирања што се случија во Словенија во последниве 2-3 години. Ништо чудно тоа да е награда.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Воопшто не ја спорам дипломатската моќ на Австрија, затоа што би излегло дека ја спорам дипломатската моќ на Германија. :) Јасно е дека тие ќе го проектираат својот интерес на Балканот и тоа е одлична вест за Србија и Црна Гора, а лоша за Босна, Албанија, Косово и Турција. Македонија сеуште не е дефинирано во која категорија ќе влезе, ама демографски сме се поблиску до втората.

Аленка Братушек е многу битно име во сите политички превирања што се случија во Словенија во последниве 2-3 години. Ништо чудно тоа да е награда.
Грешка е да споредуваш надворешната политика на Германиja и Австриja. Различни са и не зашто сметаш,дека тоа е добра новина за Србиja и Црна Гора,а не е добро за една Босна и Херцеговина или Косово?

Немав предвид за ликот на Братушек,а за ресорот што беше даден. Нешто,што луге овде отричаха дека ке се деси,а за да има комисар денес за тоа прашане, тоа значи дека се работи jaко за един заеднички енергетски соуз,а може би и пазар.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.155
Поени од реакции
25.637
Грешка е да споредуваш надворешната политика на Германиja и Австриja. Различни са и не зашто сметаш,дека тоа е добра новина за Србиja и Црна Гора,а не е добро за една Босна и Херцеговина или Косово?

Немав предвид за ликот на Братушек,а за ресорот што беше даден. Нешто,што луге овде отричаха дека ке се деси,а за да има комисар денес за тоа прашане, тоа значи дека се работи jaко за един заеднички енергетски соуз,а може би и пазар.
Не е грешка, само е поедноставување. Кога станува збор за Балканот, Германија обично ги потврдува ставовите на австриската политика, која е позапознаена со случувањата во регионов. Всушност, во почетокот на 90тите, Австрија била таа која ги пренесувала тешките вести до македонските политичари, а Германија само потврдувала. Тоа го има кажано Денко Малевски во неколку наврати.

Другото, заради неоотоманизмот. Нема Австрија да се бави со држави во кои Турција пробува да протне влијание. Особено нема со такви како Босна, во кои може да има надворешно влијание и преку Србите и преку Хрватите. Прашањето тука е дали тие да го превземат проблемот или да им го остават на Турците. Јас би го правел второто. И Албанија, Косово и Македонија се слично срање.

Секако дека од интерес на сите држави на Европа е да бидат третирани како еден пазар. Без разлика што внатре има структури кои се против тоа, од лукративни или идеолошки причини.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Европскиот парламент изграса состава на новата Европска Комисиja.
423- за
209- против
67- се воздржаха

Европскиот совет ке назначи новата комисиja от 1 Ноември.
Интересно е дека Jнкер jaсно изрази,дека соуза нема да се проширува во наредните 5 години. Мандатот на новата комисиja не предвидувала ново прошируване.
До краja на 2014 Jнкер ке представи план за 300 милиарда евра за засилване на иконмскиот раст во соуза.
Новите приоритети на идната комисиja са:
- Пакет от 300 милиарда евра за инвестиции
- Заеднички пазар на цифровите услуги
- Нов енергетски соуз во рамките на ЕУ со претензиja да направи ЕУ номер едно во светот по зелена енергиja.
- Нов пазарен соуз на капитали

http://news.ibox.bg/news/id_196328643
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.367
Поени од реакции
19.930
Јас па баш се надевав на Грција да земе финансии и финансиска стабилност.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Најновото издание на недемократски избран картел на криминалци и шарлатани кои ќе им попуваат на стотици милиони луѓе за тоа како да си ги водат сопствените држави во наредните 5 години.

Најџел Фараж уште не се приземјил, сеуште е во облаци откако неговата Партија за Независност на Обединетото Кралство победи на европските парламентарни избори во Велика Британија во мај 2014 и откако го освои своето прво пратеничко место во британскиот Парламент во октомври 2014, па дури и раскажува бајки за тоа дека неговата партија ќе биде во идната владина коалиција после наредните редовни парламентарни избори во Велика Британија кои треба да се одржат во мај 2015.

Достигнувајќи нови психолошки врвови во својата политичка кариера, Фараж предвидува дека ова ќе биде последната Европска Комисија која ќе и командува на Велика Британија за тоа како да ги води сопствените внатрешни и надворешни политики, бидејќи во наредните 5 години Велика Британија ќе излезела од ЕУ.

Па уште и побараа Велика Британија да даде повеќе пари за европскиот буџет, бидејќи добро стоела на економски план, а Дејвид Камерон, свесен за се поизвесниот изборен пораз на него и на неговата Конзервативна партија за помалку од 8 месеци, единствено можеше да каже НЕ на ваквото барање на ЕУ.

 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom