Новата Европска комисиja

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Најновото издание на недемократски избран картел на криминалци и шарлатани кои ќе им попуваат на стотици милиони луѓе за тоа како да си ги водат сопствените држави во наредните 5 години.

Најџел Фараж уште не се приземјил, сеуште е во облаци откако неговата Партија за Независност на Обединетото Кралство победи на европските парламентарни избори во Велика Британија во мај 2014 и откако го освои своето прво пратеничко место во британскиот Парламент во октомври 2014, па дури и раскажува бајки за тоа дека неговата партија ќе биде во идната владина коалиција после наредните редовни парламентарни избори во Велика Британија кои треба да се одржат во мај 2015.

Достигнувајќи нови психолошки врвови во својата политичка кариера, Фараж предвидува дека ова ќе биде последната Европска Комисија која ќе и командува на Велика Британија за тоа како да ги води сопствените внатрешни и надворешни политики, бидејќи во наредните 5 години Велика Британија ќе излезела од ЕУ.

Па уште и побараа Велика Британија да даде повеќе пари за европскиот буџет, бидејќи добро стоела на економски план, а Дејвид Камерон, свесен за се поизвесниот изборен пораз на него и на неговата Конзервативна партија за помалку од 8 месеци, единствено можеше да каже НЕ на ваквото барање на ЕУ.

И пак цитираш лажгото и популиста Фараж. :icon_lol: Брановите от 30 милиони бугари и романци уште патуват ком родината му?
Кое е недемократско? Дали комисиjaта е гласана от парламентот? Дали парламентот е избран на заеднички европски избори?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.484
Поени од реакции
11.539

Најџел Фараж е претежно циркузант, но сепак има доста вистини во се што тој кажува, па затоа вреди да се види и слушне што има да каже.

Воопшто не се сомневам дека Британците ќе го приземјат во мај 2015 кога ќе освои само неколку пратенички места, а не па да биде во идната владина коалиција.

Дали Европската Комисија ја бира Европскиот Парламент ?
Да.

Дали пратениците во Европскиот Парламент се избрани на фер и демократски избори ?
Да.

Дали на пратениците во Европскиот Парламент им е дадено правото индивидуално да гласаат за комесарите во Европската Комисија, бидејќи сепак сите тие комесари се од различни држави и со различно минато ?
Не.

А бесмислено е на некој од Грција да му се дозволува да им попува на останатите 27 држави членки на ЕУ за тоа како да ги регулираат миграцијата и внатрешната политика, кога токму во Грција оваа година на суд беа ослободени работодавачи кои малтретирале и убивале - да да - убивале странски работници, кои се осмелиле да побараат хуман третман, 40 часовна работна недела и навремено исплаќање на нивните плати.

Јас лично мислам дека за голема меѓународна организација како Европската Унија, мора секој функционер со поголеми овластувања да се бира индивидуално, а не целата комисија со едно гласање.

И да, како што вели Фараж, Европската Комисија функционира на антидемократски начин, исто како што рекол Лав Николаевич Толстој:

" Злото не престанува да биде зло бидејќи мнозинството го прифатиле " .

Европската Комисија е избрана од страна на Европскиот Парламент на демократски начин - за волја на вистината, на наместен демократски избор - но вредностите и политиките кои Европската Комисија ги негува, ги брани и ги промовира се тотално антидемократски, а со тоа по автоматизам и самата Европска Комисија е антидемократска.
 
Последно уредено:

Значи со пиштол на глава гласат?
Дали вашите пратеници гласат за министри индивидуално? Не. Гласа се за цела влада.
Пак ке повторам, Фараж е само един лажго и популист. Ништо повеке.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.484
Поени од реакции
11.539
Значи со пиштол на глава гласат?
Дали вашите пратеници гласат за министри индивидуално? Не. Гласа се за цела влада.
Пак ке повторам, Фараж е само един лажго и популист. Ништо повеке.
Види вака, ти слободно плукај по Фараж колку сакаш, но останува фактот дека тој ја говори вистината и Британците гласаат за неговата партија бидејќи веруваат во вистините кои тој ги говори.

А кога сме кај државните влади, нивните членови се сите од прв до последен државјани на државата во чиј што Парламент се бира владата.

Од друга страна, Европската Комисија е мешавина од евробирократи - од кои добар дел се со криминално минато - од сите држави членки и во ниту една држава кога се кандидираат кандидати за пратеници во Европскиот Парламент, не им се понудени на граѓаните кандидати за членови на Европската Комисија и на Европскиот Совет, туку политичките партии меѓусебно се договараат за тие позиции.

И како што вели Фараж, Мартин Шулц е губитникот, бидејќи го планираа за претседател на Европската Комисија, но бидејќи неговите социјалисти ги изгубија изборите за пратеници во Европскиот Парламент во мај 2014, утешна награда за Шулц е втор по ред претседателски мандат во Европскиот Парламент.

Уште една од вистините кои ги говори Фараж, е дека во Европскиот Парламент не се бира нова Европска Комисија, туку се бира нов менаџмент на едно исто корумпирано и антидемократско тело, кој продолжува таму каде што застанал претходниот менаџмент.

Кристално истото Фараж го говори и за наредните редовни парламентарни избори во Велика Британија, кои треба да се одржат во мај 2015, а за кои Фараж вели дека пратениците кои ќе бидат избрани на тие избори нема да гласаат за нова влада, туку само ќе гласаат за нов менаџмент на истата британска влада, и како што сегашниот менаџмент на конзервативците на чело со Дејвид Камерон сака Велика Британија да остане во ЕУ, така и наредниот менаџмент - без разлика кој ќе управува со истиот тој менаџмент - ќе го даде максимумот од себеси како знае и умее, да ја задржи Велика Британија во ЕУ.
 
Не,само цитирам факти за господинот,коjто заигрува со страховете на британците и печели поени. Тоа се вика популизам. Тоj jaсно и сознателно лажеше своите британски сограгани за 30-те милиона емигранти от 1 Jaнуари 2014 година. Кога тоj датум доjде, заборави за таа лажна теза и намери нова за да можи да продолжи да игра со страховете на британците.
Што за теб е евробироктрат? Што за тебе е мешавина от евробироктрати? Дали Фараж не е исто дел от тиja евробирократи?
Зашто Еврокомиjaва не е евродемократско тело и со што таа ти се разликува от твоjaта влада?
Извини, како сакате да се бира нова комисиja? Лесно е да се плука, но не кажувате како?
 
Веќе ти спомнав како треба да се бираат повисоките функционери - членовите и претседателите на Европската Комисија и на Европскиот Совет, и нивните заменици - на истите избори на кои се бираат пратениците во Европскиот Парламент.

Европската Комисија се разликува од мојата влада со тоа што членовите на мојата влада се граѓани на Република Македонија и добар дел од нив се поранешни пратеници во македонскиот Парламент. Всушност, од актуелната влада на Република Македонија, барем 4-ца министри беа избрани на последните парламентарни избори кои се одржаа во април 2014, но поднесоа оставки од пратеничките позиции бидејќи влегоа во владиниот состав.

За разлика од македонската влада, сегашните членови на Европската Комисија воопшто не биле избрани на изборите за пратеници во Европскиот Парламент во мај 2014, граѓани се на различни држави, а со тек на време ќе дознаеме дали и како нивните претходници имаат криминално минато.

Најџел Фараж е избран на фер и демократски избори за пратеник на Велика Британија во Европскиот Парламент. Познат е по тоа што е евроскептик и е анти-ЕУ и Британците гласале за него како таков и дефинитивно не е во ист кош со неизбраните членови на Европската Комисија и на Европскиот Совет и бројни други неизбрани евробирократи.

Фараж си има право на грешки како и сите останати смртници, исто како и јас и ти.

Тој веруваше дека Велика Британија ќе биде преплавена од имигранти од Бугарија и Романија откако ќе бидат укинати британските визи за нивните граѓани, а ваквото негово верување потекнува од самиот факт дека Бугарија и Романија се поранешни социјалистички држави исто како Полска, од каде што - откако Полска стана полноправна членка на ЕУ - се случи бран на стотици илјадници полски имигранти кои ја преплавија Велика Британија.

Човекот виде што се случува кога поранешна социјалистичка држава како Полска станува полноправна членка на ЕУ, па дојде до заклучок дека истото ќе се случи и откако Бугарија и Романија ќе станат полноправни членки на ЕУ и откако ќе бидат укинати визите за нивните граѓани.

Според официјалните бројки на имигранти од Бугарија и Романија кои влегле во Велика Британија, Фараж згреши.

Во ред, тоа е еден минус за него, но дефинитивно не згреши во повеќе наврати кога спомнуваше дека еврото е една голема лага и еден голем неуспех кој со себеси ќе повлече повеќе држави, однапред спомнувајќи ги Ирска и Шпанија како држави кои ќе бидат директно зафатени од кризата која еврото ја донесе со себеси.

А за Италија која е основачка членка на ЕУ па воопшто не ни помислуваше дека ќе биде зафатена од кризата која оваа лага и овој неуспех наречен евро ја донесе со себеси, а уште помалку па веруваше дека евроскептиците ќе го освојат 2-то место, освојувајќи двоцифрен број на пратеници во Европскиот Парламент на европските парламентарни избори во Италија во мај 2014, ниту пак можеше да претпостави дека новоформирана партија како Подемос на Пабло Иглесијас, основана во јануари 2014 во Шпанија воопшто ќе успее да освои не едно пратеничко место, туку цели 5 пратенички места во Европскиот Парламент на европските парламентарни избори во Шпанија во мај 2014.

Како што веќе спомнав, слободно можеш да плукаш по Фараж и по евроскептиците како него колку сакаш, но едно е тоа што го мислиш ти, а друго е тоа што го мислат граѓаните на нивните матични држави кои гласале за нив.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Веќе ти спомнав како треба да се бираат повисоките функционери - членовите и претседателите на Европската Комисија и на Европскиот Совет, и нивните заменици - на истите избори на кои се бираат пратениците во Европскиот Парламент.
Зашто?
Дали ти бираш коj да е министар,коj заменик министар? Зашто сакаш да си покатолик от папата?

Европската Комисија се разликува од мојата влада со тоа што членовите на мојата влада се граѓани на Република Македонија и добар дел од нив се поранешни пратеници во македонскиот Парламент. Всушност, од актуелната влада на Република Македонија, барем 4-ца министри беа избрани на последните парламентарни избори кои се одржаа во април 2014, но поднесоа оставки од пратеничките позиции бидејќи влегоа во владиниот состав.

За разлика од македонската влада, сегашните членови на Европската Комисија воопшто не биле избрани на изборите за пратеници во Европскиот Парламент во мај 2014, граѓани се на различни држави, а со тек на време ќе дознаеме дали и како нивните претходници имаат криминално минато.
Да,сите без изклучок са европски грагани от Европската комисиja и што?
Тоа е наполно небитно,кога си експерт и кога имаш солидра работа за грб со резултати. Ти можеш и 5 пати да си биран и пак нула работа да не завршиш,а да бидеш демагог.
Извини, дали вашата влада е дложна да биде от пратеници? Силно се сомневам.

Најџел Фараж е избран на фер и демократски избори за пратеник на Велика Британија во Европскиот Парламент. Познат е по тоа што е евроскептик и е анти-ЕУ и Британците гласале за него како таков и дефинитивно не е во ист кош со неизбраните членови на Европската Комисија и на Европскиот Совет и бројни други неизбрани евробирократи.

Фараж си има право на грешки како и сите останати смртници, исто како и јас и ти.
Фараж ако толкова плука по европскиот парламент и ЕУ, зашто е внатре? Може би за да ужива от привилегиите си на депутат тамо?
Не грешки, Фараж прави сознателни фарсови.

Тој веруваше дека Велика Британија ќе биде преплавена од имигранти од Бугарија и Романија откако ќе бидат укинати британските визи за нивните граѓани, а ваквото негово верување потекнува од самиот факт дека Бугарија и Романија се поранешни социјалистички држави исто како Полска, од каде што - откако Полска стана полноправна членка на ЕУ - се случи бран на стотици илјадници полски имигранти кои ја преплавија Велика Британија.
Човекот виде што се случува кога поранешна социјалистичка држава како Полска станува полноправна членка на ЕУ, па дојде до заклучок дека истото ќе се случи и откако Бугарија и Романија ќе станат полноправни членки на ЕУ и откако ќе бидат укинати визите за нивните граѓани.
Според официјалните бројки на имигранти од Бугарија и Романија кои влегле во Велика Британија, Фараж згреши.
ПАЗИ ВЕРУВАЛ!!!
Зашто замолча за 30-те милиона емигранти сега? Каде е Фараж сега или тезата му пукна како сапунен меур? Ако беше вистински британски дженталмен, ке излезеше и ке се извинете за тоа.
Извини, тоа е предетска работа,ако само верувал и немал ни една нарачена анализа или не направил сам една анализа(во кое се сомневам дека има капацитет да направи),тогава подобро да замолчи. Со два збора излажа британците и создаваше една лажна пропаганда. Тоа се виде от авион.
Ке завршам овде вака - врз база на мало податоци, г-н Фараж направи мегаломански заклучоци, затоа му пукна приказката со емигрантите,па се проба и Хрватска да замеша,на не му помина и тоа.

Во ред, тоа е еден минус за него, но дефинитивно не згреши во повеќе наврати кога спомнуваше дека еврото е една голема лага и еден голем неуспех кој со себеси ќе повлече повеќе држави, однапред спомнувајќи ги Ирска и Шпанија како држави кои ќе бидат директно зафатени од кризата која еврото ја донесе со себеси.
А за Италија која е основачка членка на ЕУ па воопшто не ни помислуваше дека ќе биде зафатена од кризата која оваа лага и овој неуспех наречен евро ја донесе со себеси, а уште помалку па веруваше дека евроскептиците ќе го освојат 2-то место, освојувајќи двоцифрен број на пратеници во Европскиот Парламент на европските парламентарни избори во Италија во мај 2014, ниту пак можеше да претпостави дека новоформирана партија како Подемос на Пабло Иглесијас, основана во јануари 2014 во Шпанија воопшто ќе успее да освои не едно пратеничко место, туку цели 5 пратенички места во Европскиот Парламент на европските парламентарни избори во Шпанија во мај 2014.

Како што веќе спомнав, слободно можеш да плукаш по Фараж и по евроскептиците како него колку сакаш, но едно е тоа што го мислиш ти, а друго е тоа што го мислат граѓаните на нивните матични држави кои гласале за нив.
О,Боже! Заради Еврото стаса кризата? Па толкова плитка памет мисли г-н Фараж имаме,дека кризата става во Европа от САД (наjголемиот соузник на Велика Британиja) во Европа?
Еврото не е причината за кризата. Тоа е поредниот обит на демагогиja.
Не плукам по него,а покажувам вистинското лице на човекот,коj зборува само за да трупа политички поени на лугето и не вистината,а тоа што те сакат да чуjaт.[DOUBLEPOST=1414290524][/DOUBLEPOST]
Новата Фашистичка комисија.
И во што е фашизмот? Jaс можам да кажам дека е комунистическа и...?
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725

Германија, Италија, Шпанија, Австрија, Грција, Бугарија, Словенија, Хрватска.
Како беше таа за волкот...?

Комунистическа неможе да е, тие новите од источниот блок немаат некое влијание.

п.с. Велика Британија и Франција се добро познати фашисти уште пред Итлер.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.484
Поени од реакции
11.539
Зашто?
Дали ти бираш коj да е министар,коj заменик министар? Зашто сакаш да си покатолик от папата?

Да,сите без изклучок са европски грагани от Европската комисиja и што?
Тоа е наполно небитно,кога си експерт и кога имаш солидра работа за грб со резултати. Ти можеш и 5 пати да си биран и пак нула работа да не завршиш,а да бидеш демагог.
Извини, дали вашата влада е дложна да биде от пратеници? Силно се сомневам.

Фараж ако толкова плука по европскиот парламент и ЕУ, зашто е внатре? Може би за да ужива от привилегиите си на депутат тамо?
Не грешки, Фараж прави сознателни фарсови.

ПАЗИ ВЕРУВАЛ!!!
Зашто замолча за 30-те милиона емигранти сега? Каде е Фараж сега или тезата му пукна како сапунен меур? Ако беше вистински британски дженталмен, ке излезеше и ке се извинете за тоа.
Извини, тоа е предетска работа,ако само верувал и немал ни една нарачена анализа или не направил сам една анализа(во кое се сомневам дека има капацитет да направи),тогава подобро да замолчи. Со два збора излажа британците и создаваше една лажна пропаганда. Тоа се виде от авион.
Ке завршам овде вака - врз база на мало податоци, г-н Фараж направи мегаломански заклучоци, затоа му пукна приказката со емигрантите,па се проба и Хрватска да замеша,на не му помина и тоа.

О,Боже! Заради Еврото стаса кризата? Па толкова плитка памет мисли г-н Фараж имаме,дека кризата става во Европа от САД (наjголемиот соузник на Велика Британиja) во Европа?
Еврото не е причината за кризата. Тоа е поредниот обит на демагогиja.
Не плукам по него,а покажувам вистинското лице на човекот,коj зборува само за да трупа политички поени на лугето и не вистината,а тоа што те сакат да чуjaт.
Вистина е тоа дека ние во Македонија не ги бираме министрите на непосредни избори, но останува фактот - како што веќе спомнав - дека добар дел од денешните министри всушност биле избрани за пратеници во македонскиот Парламент, или со други зборови кажано, ја освоиле довербата на граѓаните на непосредни избори, додека денешните членови на Европската Комисија воопшто не биле избрани за пратеници во Европскиот Парламент.

Кога би биле избрани за пратеници во Европскиот Парламент, барем би имале некаков легитимитет како Најџел Фараж, кој е избран на непосредни, фер и демократски избори, наместо да го уживаат статусот на недемократски избрани евробирократи.

Прашај го Фараж што бара во Европскиот Парламент, јас не знам. Неговиот став е дека како што американските револуционери своевремено првично се обидувале да издејствуваат реформи од страна на британската влада пред да започнат вооружена борба за независност на американските колонии, така и тој се обидел да издејствува реформирање на ЕУ, а сега кога не успеал, ја турка идејата за излегување на Велика Британија од ЕУ.

Фараж исто како и јас и ти, е човек и како таков има право да греши. Разликата помеѓу Фараж и евробирократите е во тоа што Фараж признава дека има направено грешки во својот живот и не ги крие своите маани, за разлика од евробирократите, кои жртвуваат цели држави, цели економии и нивните граѓани, за да го одржат еврото во живот, притоа непризнавајќи ги сопствените грешки.

Токму одржувањето на еврото во живот со нови задолжувања на сметка на граѓаните говори доволно дека еврото е коренот на европската должничка криза.

Ако им беше дозволено на Португалците, Ирците, Италијанците, Грците и Шпанците да ги вратеа своите стари национални валути, нивните држави полесно ќе ја претрпеа европската должничка криза и ќе излезеа посилни, исто како што и Исланд излезе посилен после својот банкрот.

Но има огромна разлика помеѓу државите свињи PIGS (Португалија, Ирска, Италија, Грција, Шпанија) од една страна, и Исланд од друга страна.

Разликата е во тоа што државите свињи ги спасуваа банките и банкарите врз грбот на сопствените граѓани и сето тоа со цел да го спасат еврото, додека Исланд од друга страна, ги испоапси и ги испозатвори банкарите и политичарите кои ја доведоа државата до банкрот и ги спаси сопствените граѓани од последиците од банкротот.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Германија, Италија, Шпанија, Австрија, Грција, Бугарија, Словенија, Хрватска.
Како беше таа за волкот...?

Комунистическа неможе да е, тие новите од источниот блок немаат некое влијание.

п.с. Велика Британија и Франција се добро познати фашисти уште пред Итлер.
Германиja,Словениja,Хрватска, Бугариja исто имаха комунистички режими и ?[DOUBLEPOST=1414350224][/DOUBLEPOST]
Вистина е тоа дека ние во Македонија не ги бираме министрите на непосредни избори, но останува фактот - како што веќе спомнав - дека добар дел од денешните министри всушност биле избрани за пратеници во македонскиот Парламент, или со други зборови кажано, ја освоиле довербата на граѓаните на непосредни избори, додека денешните членови на Европската Комисија воопшто не биле избрани за пратеници во Европскиот Парламент.
Ако не ги бираш на непосредни избори,зашто сакаш тоа да е вака за ЕК?
Извини, дали имате правило вашите министри прво да били бирани за народни представители па после да стасат до министри? Ако тоа се дешава,тоа не значи дека е пракса и не сите са вакви,а да не зборуваме дека лугето гласат не за личност,а за партиja,а таа партиja наредува листите ;) Со два збора не гласаш за ликот, а за партиjaта :) Молам ти се да не зафркаваш со вакви плитки проби на изкривуване.

Кога би биле избрани за пратеници во Европскиот Парламент, барем би имале некаков легитимитет како Најџел Фараж, кој е избран на непосредни, фер и демократски избори, наместо да го уживаат статусот на недемократски избрани евробирократи.
Се уште ми е интересна дефинициjaва евробирократи... што за тебе е тоа?!

Прашај го Фараж што бара во Европскиот Парламент, јас не знам. Неговиот став е дека како што американските револуционери своевремено првично се обидувале да издејствуваат реформи од страна на британската влада пред да започнат вооружена борба за независност на американските колонии, така и тој се обидел да издејствува реформирање на ЕУ, а сега кога не успеал, ја турка идејата за излегување на Велика Британија од ЕУ.
Па да го стават на референдум прашането за излез на Велика Британиja от ЕУ,па да видиме.Ако сакат да напуштат...вратата е отворена или се плашат от излегуването и последиците после тоа?

Фараж исто како и јас и ти, е човек и како таков има право да греши. Разликата помеѓу Фараж и евробирократите е во тоа што Фараж признава дека има направено грешки во својот живот и не ги крие своите маани, за разлика од евробирократите, кои жртвуваат цели држави, цели економии и нивните граѓани, за да го одржат еврото во живот, притоа непризнавајќи ги сопствените грешки.
Кога политик греши,мора да сноси отговорност, уште повеке кога засегнува интереси на цели држави. Се уште не сме чули Фараж да признае дека нема бран,а тивко заборави за тоа. Поне да има муда и излезе и да речи - сгрешив драги грагани.

Токму одржувањето на еврото во живот со нови задолжувања на сметка на граѓаните говори доволно дека еврото е коренот на европската должничка криза.
Не еврото е проблема, а немате но регулации,кои веке беха поставени при форсмажорни околности.

Ако им беше дозволено на Португалците, Ирците, Италијанците, Грците и Шпанците да ги вратеа своите стари национални валути, нивните држави полесно ќе ја претрпеа европската должничка криза и ќе излезеа посилни, исто како што и Исланд излезе посилен после својот банкрот.
Дали Ирците излезаха от еврото, како тиja можаха да се спасат со брзи интервениции,а другите не можат? Тоа покажува,дека не еврото е проблемот,а желбата за одлуки.
 
Последно уредено:

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Германиja,Словениja,Хрватска, Бугариja исто имаха комунистички режими и ?.
Да бе одкако изгубија па беше поставен "комунистичестки" поредок... (пак наликуваше на фашизам, едноставно на некој тоа му е во крвта)

Нема везе. Не е само тоа што го прави ово режим кхм... организациа фашистичка (бивши колонијалисти и фашисти во сојуз со тиранијата т.н. САД).

Но тоа не е се !
Дали знаеш дека големите империи кхм... организации/системи ја имаат таа тенденција, Фашистичка. Да не набројуваме, општо познати факти...

Пљус, не сме официјално под тоа робствто кхм... (аман тој бронхитот) во таа заедница и незнам зошто ваква тема овде, во земјата која и се дискриминирани основните човекови права од едни институции таму каде што работи Џастин Тимберлејк...
 
Последно уредено:

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346

Од каде на твојата листа Словенија и што беше Тито ?[DOUBLEPOST=1414359261][/DOUBLEPOST]
Види вака, ти слободно плукај по Фараж колку сакаш, но останува фактот дека тој ја говори вистината и Британците гласаат за неговата партија бидејќи веруваат во вистините кои тој ги говори.

А кога сме кај државните влади, нивните членови се сите од прв до последен државјани на државата во чиј што Парламент се бира владата.

Од друга страна, Европската Комисија е мешавина од евробирократи - од кои добар дел се со криминално минато - од сите држави членки и во ниту една држава кога се кандидираат кандидати за пратеници во Европскиот Парламент, не им се понудени на граѓаните кандидати за членови на Европската Комисија и на Европскиот Совет, туку политичките партии меѓусебно се договараат за тие позиции.

.
Убаво ти вика фми, каде народот ги бира членовите на владата ?
Никаде.
Така е и во ЕУ.

Фараж сере само колку да сере.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.484
Поени од реакции
11.539
Германиja,Словениja,Хрватска, Бугариja исто имаха комунистички режими и ?

Ако не ги бираш на непосредни избори,зашто сакаш тоа да е вака за ЕК?
Извини, дали имате правило вашите министри прво да били бирани за народни представители па после да стасат до министри? Ако тоа се дешава,тоа не значи дека е пракса и не сите са вакви,а да не зборуваме дека лугето гласат не за личност,а за партиja,а таа партиja наредува листите ;) Со два збора не гласаш за ликот, а за партиjaта :) Молам ти се да не зафркаваш со вакви плитки проби на изкривуване.

Се уште ми е интересна дефинициjaва евробирократи... што за тебе е тоа?!

Па да го стават на референдум прашането за излез на Велика Британиja от ЕУ,па да видиме.Ако сакат да напуштат...вратата е отворена или се плашат от излегуването и последиците после тоа?

Кога политик греши,мора да сноси отговорност, уште повеке кога засегнува интереси на цели држави. Се уште не сме чули Фараж да признае дека нема бран,а тивко заборави за тоа. Поне да има муда и излезе и да речи - сгрешив драги грагани.

Не еврото е проблема, а немате но регулации,кои веке беха поставени при форсмажорни околности.

Дали Ирците излезаха от еврото, како тиja можаха да се спасат со брзи интервениции,а другите не можат? Тоа покажува,дека не еврото е проблемот,а желбата за одлуки.
Во мојата држава јас можам на референдум да отповикам било кој министер од мојата влада, но тоа не важи и за членовите на Европската Комисија и на Европскиот Совет.

Во мојата држава - Република Македонија, министрите се граѓани на мојата држава - Република Македонија, и еднакво сносат одговорност пред македонските закони исто како и јас, но тоа не важи и за членовите на Европската Комисија и на Европскиот Совет.

Некој си таканаречен комесар кој никогаш не ни бил во мојата држава, а ниту е државјанин на мојата држава и појма нема каква е реалната состојба во мојата држава, од Брисел да ми диктира како јас да си ја водам мојата држава ?

Не, фала.

Кои се евробирократите ?

Сите вработени во било кое организационо тело од Европската Унија, а не се избрани на непосредни избори.

Да, такви ги има и во Македонија, но во Македонија барем можам да поднесам пријава доколку сум незадоволен од некој од нив, па дури и да организирам петиција за нивно разрешување.

Бараш одговорност од Најџел Фараж поради тоа 1 (ЕДНО) погрешно мислење од негова страна за миграцијата од Бугарија и Романија во останатите членки на ЕУ ?

Па дај биди фер кон сите, Фараж единствено треба отворено и јавно да се извини бидејќи згрешил, како и сите обични смртници, вклучувајќи не и мене и тебе, но затоа евробирократите кои ја изрежираа европската должничка криза треба не да се извинуваат, туку пред суд да сносат одговорност за своите постапки.

Се согласувам со тебе делумно за ова последново - да, прашање е на одлучност како Ирска или било која друга држава би се спасила од должничката криза.

Во случајот со државите свињи PIGS (Португалија, Ирска, Италија, Грција, Шпанија), корумпираноста на политичарите и нивниот копнеж за да се спасат од кривично гонење за своите постапки, доведоа до погрешни одлуки - задржување на еврото и останување во евро-зоната, наместо поздравата одлука - враќање на националните валути и излегување од евро-зоната.

Околу ова да, се согласувам, прашање е на одлучност, а не на тоа што ти велат некои евробирократи во Брисел.

Убаво ти вика фми, каде народот ги бира членовите на владата ?
Никаде.
Така е и во ЕУ.

Фараж сере само колку да сере.
Па да, во право си, барем јас лично не познавам држава во која граѓаните на непосредни избори ги бираат членовите на владата.

Но едно е бирање на владата со седиште во Скопје, која секогаш можеш на референдум да ја смениш, а друго е бирање на бирократски тела со седиште во Брисел, над 2.000 километри оддалечен од Македонија.

Луѓе со такви овластувања, за да имаат легитимитет, мораат да бидат бирани на непосредни избори, во спротивно ќе имаш гејец кој ќе ти диктира за внатрешни политики и за миграција, додека токму во неговата држава судовите ослободуваат убијци на мигранти.

Знам дека звучи и делува тешко изводливо - и на мене ми звучи и ми делува така - но едноставно толкава власт и моќ не смее да се стави во рацете на луѓе кои не се избрани на непосредни избори.

Алтернатива на непосредните избори, е неприфаќање на одлуките и на препораките од истите тие евробирократи во Брисел доколку имаат негативен ефект врз државата и врз нејзините граѓани, а истовремено без било какви последици врз членството на државата во ЕУ и врз парите кои државата (ќе) ги прима од европските фондови.

Лично мислам дека ниту едно од понудените решенија не е прифатливо за нелегитимните евробирократи во Брисел, бидејќи и едното и другото решение ги ставаат во позиција да можат само да дрдорат без притоа нивните дрдорења да имаат некаков ефект.

Јас не сум никаков обожавател на Најџел Фараж, пред се бидејќи не сум ама баш никаков обожавател на Британците како народ, но сепак го почитувам неговиот евроскептицизам и според моите лични видувања, над 80% од се што кажува на крајот испаѓа точно и вистинито.

Говореше за европската должничка криза дека ќе зафати и други држави после Грција и Ирска, но сите му се смееја.

Говореше дека најдоброто нешто што и се случило на Велика Британија со членството во ЕУ, е фактот дека Велика Британија не го прифатила еврото како своја валута, туку ја задржала британската фунта, а како тргнале работиве, делува дека и за тоа е во право.

И до денешен ден излегува со секакви предлози за реформирање на британската економија и на британската надворешна политика, кои не само граѓаните на Велика Британија, туку и останатите политички партии како Конзервативната и Лабуристичката партија, се обидуваат да ги копираат, бидејќи им станува јасно дека граѓаните ги прифаќаат предложените реформи на Фараж.

Но истовремено и конзервативците и лабуристите плукаат по Фараж и по неговата партија нарекувајќи ги лудаци и расисти - додека токму Фараж и неговата партија промовираат црнци и припадници на други малцинства како свои кандидати на локални и на парламентарни избори во Велика Британија. Или конзервативците и лабуристите применуваат тотално погрешни тактики против Фараж, или неговото лудило веќе почнува да зема заразлив замав, па почнува да ги заразува Британците бидејќи гласаат за Фараж и за неговата партија.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom