Нихилизам

bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
Па не баш.Не мора да си депримиран од животот да ја прифатиш оваа филозофија.
Мене ми дојде на пример кога размислував во колку свери од животот можам да стекнам знаење т.е целта уште од мал ми беше да знам се.(е сега знам ќе речете никој не знае се ама ете жед за знаење сум имал тоа не е лошо)Е кога пораснав увидов дека за стекнување огромно знаење скоро било кој вид едукација(музика,информатика,економија бла бла) би требало просечно еден човечки живот и вообичаено можеш да се остручиш за еден или два различни правци.(Пр.Учиш правен факултет а паралелно идеш на курс теорија на музика)
И на крај дојдов до заклучок дека не можеш да дознаеш се во еден просечен човечки живот и дека и тоа што ќе го научиш ќе исчезне,т.е 70 години не се доволни да направиш се.Вака поставено животот ми изгледа прилично апсурден и безвреден:toe:
И кога веќе ги согледав овие факти си поставив друга цел:Ако не можам се тогаш ќе научам колку што можам иако нема смисла ќе терам инает:icon_lol:
Водеќи се по нихилизмот ти си постави цел, а основа на твоето учење е дека се е без цел. Супер битно ја имаш основата.:wink:
 
Г

Господ

Гостин
Всушност тоа што го правам јас е (сега малце глупо ќе се изразам)поништување на тој нихилизам,на таа безсмисленост.Јас не сум нихилист затоа што сакам напротив стварно го мразам тоа што се е без смисла и затоа со поставање на цел која можам да ја исполнам му давам...ај да ја наречеме вештачка смисла:icon_lol:
Повеќето нихилисти целиот живот го минуваат во апатија и затоа и го презирам нихилизмот не како филозофија туку како факт за апсурдноста во која живеам
 
А

Антоние

Гостин
Јас сум голем обожавател на Чак Паланик (Chuck Palahniuk), барем што се однесува на неговиот минималистички стил на пишување, и на неговите циркуларни заплети.

Не сум, меѓутоа обожавател на нихилистичката перспектива на неговите наратори.

Гледам дека си истражувал што е нихилизам.. а нихилизмот е често примамлив (особено за младите дечки во тинејџерските години, или пак рани дваесетти) пред се заради неговиот суров, in-your-face став, но ултимативно тоа само претставува :

Глорифициран песимизам.

Ако мислиш дека животот е шега, и дека ништо нема никаква вредност, тогаш ти си во тажно, темно место. Време е да ја најдеш радоста и убавината на животот одново.
Нема да ја најдеш читајќи ги Чак Паланик или Ниче. Тие само ќе те однесат уште надоле во дупката на зајакот.
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.130
Поени од реакции
795
Ама значи сеедно е што ќе направам?Не одговарам за ништо?Безцелно живеам?

Веројатно најдобар и најсликовит пример за човек-нихилист (ако имате проблем да си го замислите) е Мерсо, главниот лик на најпознатото дело на Албер Ками "Странецот". Кој сака подетално да го увиди психолошкиот профил на нихилистот нека ја прочита книгата, па и оние што ја прочитале нека ја прочитаат уште еднаш... бидејќи таквите книги заслужуваат повеќекратни суштински проучувања.

За Мерсо сеедно беше дали неговата мајка е жива или мртва, дали Арапот е жив или мртов, дали ќе биде зад решетки или на слобода...
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Бидејќи животот е роба со ограничен рок на траење не е баш најпаметно да се губи време во анализи од типот `дали треба или не треба да се живее`......`ахххх...ила ли смисла животооооооот аххххх`...
Надвор од религиозните утехи за рајот (или пеколот:tapp:) имаме определен рок на години во ова тело кое сме го запоседнале и толку.Никој нема да дојде и да ве праша дали сакате уште еден живот или да ви наоѓа смисла во него.Еднаш засекогаш навикнете се на фактот дека имаме ограничен ресурс на егзистенција и терајте понатаму без сувишни заглибувања во филозофии како што е нихилизмот (исклучок руските нихилисти ама тое е друга тема...борбени копилиња биле...).Ниту ќе ви дадат смисла ниту ќе ви го продолжат животот за барем 5 секунди настрана што нихилизмот е обичен беден мазохизам маскиран во високопарна филозофија за залудноста за се и сешто...

Како што рече еден тип од филмот `Бегството од Шошенк`...

GET BUSY LIVIN`...
OR GET BUSY DYING...

Ете ви цела ебена филозофија во 7 збора...

P.S. Или типовите кои пишувале нихилистички теории и филозофии страдале од недостаток на серотонин или ендорфин...:vozbud::vozbud::vozbud:
 
S

smart ass

Гостин
Веројатно најдобар и најсликовит пример за човек-нихилист (ако имате проблем да си го замислите) е Мерсо, главниот лик на најпознатото дело на Албер Ками "Странецот". Кој сака подетално да го увиди психолошкиот профил на нихилистот нека ја прочита книгата, па и оние што ја прочитале нека ја прочитаат уште еднаш... бидејќи таквите книги заслужуваат повеќекратни суштински проучувања.

За Мерсо сеедно беше дали неговата мајка е жива или мртва, дали Арапот е жив или мртов, дали ќе биде зад решетки или на слобода...
Полека,но он цело време бил ладен,и немал мака,но после смртната пресуда во него се буди револтот,открива дека грешел цел живот,нели мајкаму почината-он бело кафе,па со марија...но сепак тоа е поентата...да не сватиме на крајот-кога нема излез:toe:
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Првиот нихилист бил Горгија тој тврдел дека ништо не по(стои), а и да постои не може да се спознае а и да се спознае не може да се пренесе на друг (секој живее во свој свет и различно сфаќа).
Потоа биле познати руските нихилисти кои биле против традицијата, Базаров е лик нихилист од Романот „Татковци и деца“ од Тургењев.
Ниче бил нихилист исто има доста кај Штирнер кој вели јас својата ствар ја ставив на ништо, значи ништо над мене.
Не треба нешто да те разочара, самиот факт што се ќе помине и ќе биде како да не постоело, и да си најсреќен ќе бидеш дупло несреќен оти ќе имаш што да изгубиш. А времето го сведува целиот наш живот на НИШТО!
Значи, живеј, но знај дека се ќе биде како да не било, се ќе се уништи и се ќе биде како никогаш да не било.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.677
Поени од реакции
34.161
Целава оваа идеологија има своевидна реалност, се додека остане во рамките на свесното и нормалното размислување. Значи континуирано потење колку животот нема смисла е индикатор дека сте клинички случај. Синоним за ситуацијава би искористил депресија. Клинички дефинираната. Но, нема ништо страшно every now and then да се размислува за животот, онака, за генералната линија и дали навистина има некоја смисла. Секако, очајните еventually ќе си најдат утеха во рајот, додека реалните сфаќаат дека ќе се само храна за црви два метра под земја. И дека на крајот и не останува некоја понта или поголем план. Значи тоа е нихилизмот. Една сурова реалност.
 
F

FilipMacedon

Гостин
Првиот нихилист бил Горгија тој тврдел дека ништо не по(стои), а и да постои не може да се спознае а и да се спознае не може да се пренесе на друг (секој живее во свој свет и различно сфаќа).
Потоа биле познати руските нихилисти кои биле против традицијата, Базаров е лик нихилист од Романот „Татковци и деца“ од Тургењев.
Ниче бил нихилист исто има доста кај Штирнер кој вели јас својата ствар ја ставив на ништо, значи ништо над мене.
Не треба нешто да те разочара, самиот факт што се ќе помине и ќе биде како да не постоело, и да си најсреќен ќе бидеш дупло несреќен оти ќе имаш што да изгубиш. А времето го сведува целиот наш живот на НИШТО!
Значи, живеј, но знај дека се ќе биде како да не било, се ќе се уништи и се ќе биде како никогаш да не било.
Малку пофилозофско(поопширно) за Горгија.
Горгија бил родум од Јужна Италија,чест гостин во тогашна држава Атина каде што се и прославил.
Горгија по однесување бил многу сличен на кумановскиот батко Ѓорѓија,толку биле слаткоречиви што дури и куќа да им подариш би ти било мило,барем така велеле запишувачите.
Патем Горгија не настапил баш толку сигурно дека ништо не постои,тој кажал првин ништо не постои,па потоа се корегира и да постои нешто неможеме да го видиме,па на крајот и да можеме да го видиме(приметиме) неможеме да го објасниме.
Значи тој сам себе се демантирал.
Како што споменав во Атина бил многу почитуван,кога доаѓал тој во градот било како празник,како и со сите попознати филозофи.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.030
Морален Нихилизам:Морален или етички нихилизам расправа дека моралот како општествена вредност и норма не постои така да ниедно дело добро или лошо не е санкционирано.
На пример Морален нихилист смета дека убиството не е ниту добар ниту зол чин.
Океј, значи ја спаѓам во овие.
Сметам дека ништо не е лошо или добро, ние луѓето му даваме такво значење на настанот, но тоа не значи дека навистина е таков.

Интересен е нихилизмов, само шо не ти дава воља за живот.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Ништо нема смисла? Ништо не вреди?

Епа тогаш зошто се раѓате, растете, одите во школо и трпите некои исфрустирани фаци, сакате пари, моќ, слава,јадете во мекдоналдс, пиете скопко, слушате Геј Геј, се заљубувате, се сексате, раскинувате, стапувате во брак, зошто живееме едноставно?

Ако бев јас нихилист не би си го трошил времето, ќе се фрлев од највисоката кула - just to make sure.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Јас не го прифаќам сопствениот нихилизам, свесен сум дека е последица на личната исфрустрираност. :wink:
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Идејата дека скоро сите од нештата околу кои толку се трудиме и нервираме (као материјални поседи, статус, приказните за себе што ги продаваме на другите итн.) се во суштина толку небитни, минливи и неизбежно завршуваат ко прав и пепел (како и самите нас) е сосема во ред, и цврсто сум убедена во истата.

Но,остатокот од учењето, е крајно деструктивен, квази-бунтовнички и конвинира едино на пубертетлии (нека ми опрости таа возрасна група што толку често ја експлоатирам и напаѓам низ постови, али ние луѓето, кога сме у пубертет, имаме особена тенденција да се понашаме и резонираме ко кретени).

Поинаку, моралот е суштински за човекот. Не заради некои регулативи и општествена контрола, туку за мир, среќа и вистински развој на личноста.
А, ако телата ни завршуваат како прав и пепел, тоа не се случува со љубовта која сме ја оставиле. Таа не изчезнува (а, нихилистите го забораваат тоа)
 

The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Идејата дека скоро сите од нештата околу кои толку се трудиме и нервираме (као материјални поседи, статус, приказните за себе што ги продаваме на другите итн.) се во суштина толку небитни, минливи и неизбежно завршуваат ко прав и пепел (како и самите нас) е сосема во ред, и цврсто сум убедена во истата.

Но,остатокот од учењето, е крајно деструктивен, квази-бунтовнички и конвинира едино на пубертетлии (нека ми опрости таа возрасна група што толку често ја експлоатирам и напаѓам низ постови, али ние луѓето, кога сме у пубертет, имаме особена тенденција да се понашаме и резонираме ко кретени).

Поинаку, моралот е суштински а човекот. Не заради некои регулативи и општествена контрола, туку за мир, среќа и вистински развој на личноста.
А, ако телата ни завршуваат како прав и пепел, тоа не се случува со љубовта која сме ја оставиле. Таа не изчезнува (а, нихилистите го забораваат тоа)
Токму така.Оваа филозофија Нихилизам е всушност тоа.Да им објасни на луѓето дека работите за кои се плашат и грижат се непостоечки.Живите суштества имаат една моќ која е суштинска за животот а тоа е да си ја одбереш својата сопствена цел.Треба да бидеме свесни кои сме и што сме.Ништо на светот не е постоечко освен свесноста која ќе ја осознаеме само преку неизмерна љубов кон секого.
За малку и ќе заборавев.Све на овој свет некој ден ќе умре освен ние.Живите суштества се бесмртни.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
post mortem nihil est-или по смртта ништавило!
Нихилизам е ставање акцент на критичкото мислење кое го превреднува владеачките вредности како лажни и лицемерни, невистинити. Сите зборат за човекови права, а немаш работа на пример, значи ти е загрозено основното човеково право да можеш да заработуваш, ама тоа било право де јуре а не де факто, па тогаш нека сфатат дека и јас плаќам сметки и даноци де јуре но нека не бараат де факто да го сторам тоа дур правото ми е само де јуре.
Еден егзистенцијалист рекол дека нихилизмот е единствен одговор за поштен човек.
Факт е дека бракот е софистицирана проституција, дека сите зборат за љубов права и правда, а секаде има корупција, безобзирност и подлост, сите само зборат демагогија, а кога ќе алудираш на проблемот со критичка свест, а приори те стигматизираат како некој од бес сакал да сврти внимание на себе. Тоа ви е исто како некоја силувана жена да ја обвините дека она не е силувана него дека таа само сака да сврти внимание кон себе. Глупости.
Нихилизмот највеќе дава волја за живот, но ти кажува сам си, никој не го гледа твојот интерес, околностите се против тебе, овој свет е веќе запоседнат, има аристократи, богати фамилии, нееднаквост, сиромаштија, омраза, предрасуди, стереотипи...Значи прави што можеш Господот што може да ти помогне си ти самиот а пак на крај нема ништо смисла но животот треба да се одживее затоа токму затоа што нема крајна смисла вреди да се побуниш, да направиш нешто, затоа што неговата смисла е за еднократна употреба!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom