Никогаш нема да го заборавам моментот кога...

Д

Демијан

Гостин
Првиот секс
Првото пијанство
Одморот во Несебар
Голот на Шакири
 

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
21.09 2002-кога ми се роди првото внуче(од братучетка) ах да знаев дека волкав гад ке биде кога ке порасне ич немаше да се радувам:)
18.06.2007-хмм убав ден:icon_roll
16.10.2007-кога мајка ми ми кажа кого сме загубиле:cry:

23.05.2007- кога скокав низ бисер дека милан освои лига на шампиони:vozbud:
02.12.2007-кога Кака ја освои златната топка..ах што среќа беше тоа:pipi:

кога ме отпишаа од градинка и нема да заборавам кога истепав дете во забавиште зошто го закачаше братучед ми:pos:
да надополнам:smir:
*кога возев точак три пати поголем од мене и затоа убаво си паднав и ја дупнав главата
*05.10.2007 кога за прв и последен пат ја видов неговата насмевка:cry:
*кога се возев на мала луда железничка со татко ми и мислев ке умрам од страв
*запознавањето со најдобрите другарки...со една од нив во прво оделение и со близначките во прва година:)
* кога од мост се пуштав на смрзнат снег:vozbud:
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
788
Поени од реакции
23
никогаш нема да го заборавам првиот бакнеж од дечко ми 21 август 2008 после полноќ
 

Јоулин<---

Играорка
Член од
25 февруари 2009
Мислења
186
Поени од реакции
3
никогаш нема да го заборавам моментот кога ми се роди првото внуче (од братучедка)...срцка најубава :back:
 
Член од
27 септември 2007
Мислења
1.028
Поени од реакции
440
Бев за првпат надвор од државава :nesvest:
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
Никогаш нема да го заборавам моментот кога помислив дека си најдов вистински - најдобар другар, исто и моментот кога ме разочара кога го изгубив како таков . . .

Моментот кога му ја видов фацата на тренерот кога очекуваше да фрлам контра напред а јас си дадов гол :pos2:

Моментот кога во забавиште толку многу ми се мочкаше што кога станав се згужвав и не знам како до веце стасав :) :pos2:

И меѓу другото нема да го заборавам моментот што ќе се случи по околку 45 мин кога полнам 21 година :)
 
Член од
9 мај 2009
Мислења
605
Поени од реакции
400
...Кога бев помала и на денот на мојот роденден паднав од велосипедот, косата ми се наполни со трње,а мајка ми одвај ја исчисти.
... Кога ми кажаа дека сум добила сестра.
...Првиот бакнеж
... Кога бев кума и го крстев најубавото бебе Теа...:pipi:
 

Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.360
Поени од реакции
58
Koga go donesoa sin mi prv pat da go vidam. Imase samo 15-20 minutki.
 
М

Мрак

Гостин
Денот кога почнав да тренирам кошарка и почетоците.Се сеќавам на се!Дојдов покасно во салата и сите останати веќе се загреваа..не ми беше срам,но ми беше страв како ќе ме прифатат децата затоа што бев единствено девојче..
Прво сите ме гледаа како:Што бара оваа тука? или Девојче?!
Така беше неколку тренинзи..во втората недела од кога почнав да тренирам, шутиравме по 10 пати сите и тој што најмногу ќе погодеше ќе беше победник.. и иако никој,дури ни тренерот,не очекуваше да направам нешто..ги победив.. и од една страна бв многу среќна што победив, но никој не ми честита, освен тренерот..сите мислеа дека било на среќа..ама 8/10????Ми беше многу лут тој најдобриот од машките и многу глупо се увствував..неможев да се израдувам..
Ама добро..полека почнаа да ме почитуваат и ме прифатија,па со тоа додјоа и дружење,зезање,глупирање..ех..убави денови..повеќето од нив ми станаа најдобри другари..ооо безброј моменти незаборавни сум поминала со таа група машки,секое враќање и одење на тренинг беше посебна приказна..

е овие моменти никогаш нема да ги заборавам:)
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
...те запознав! Ти беше толку срам, беше толку мило и невино!!!! И сакам да останеш со истата чиста душа којашто ме натера да се вљубам во тебе...:love2:
 
Член од
24 мај 2009
Мислења
131
Поени од реакции
6
Никогаш нема да го заборавам денот кога ми кажаа дека починал дедо ми - единствениот човек кој ме разбирал без да кажам било што....
Никогаш нема да го заборавам денот кога ја бутнав братучетка ми од точак - плачеше тоооолку гласно!
Никогаш нема да го заборавам денот кога се измочав во градинка - ми се мочкаше и ми беше срам да кажам!:pipi:
Никогаш нема да го заборавам денот кога дознав дека мојата најдобра другарка ме лажела цело време, за се!
Никогаш нема да го заборавам денот кога ме заебаа за Barcelona - Levski во Бугарија - се се враќа!
Никогаш нема да го заборавам денот кога загубив другарка во сообраќајка...
Никогаш нема да го заборавам денот кога почувствував како боли љубовта...
Никогаш нема да го заборавам денот кога Barcelona освои Лига, со 2 гола во последни 15 минути од второ...да....со Арсенал! :vozbud:
Никогаш нема да го заборавам денот кога научив да возам кола!
Никогаш нема да го заборавам денот кога летав со падобран!
Никогаш нема да го заборавам денот кога сфатив дека многу работи во животот едноставно нема да се случат....
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
24.9.2006;
26.9.2006;
31.12.2007;
6.7.2008;'
1.9.2008.

- На сите овие датуми ми се случија работи кои од корен променија некои нешта кај мене, било да е тоа кон добро или кон лошо, и било да е тоа само со мене, или и со некои други личности кои во тој момент бескрајно ми значеле.
 

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
09.06.2009 некаде околу 00.35 минути кога прочитав дека Кака отишол во Реал:)
Мислам светот ми се струши во тој момент:):)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom