"Не си ја играл играта" ако не...

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
21.137
Поени од реакции
44.840
Дајте бе идеја за подобар наслов :D

Поентата на темава е да споделуваме работи што веројатно секој еден ги правел во одредена игра, а е надвор од мисијата, приказната, барањето на играта.
Ваква тема не може да пројде без една игра која се вика ГТА (и сличните како неа). Таму глупостите и црните мисли кои може да ти паднат на памет немаат граници :D

Како за почеток еве некои примери кои набрзина ги одвоив од ГТА Сан Андреас

Не си ја играл ГТАСА ако не си влечел барем 3-4 трактори
1.jpg
Не си играл ГТАСА ако не си пробал дали ќе преживее СиЏеј ако скокнеш без падобран од највисоката зграда во Сан Фиеро
2.jpg
Ако не си пукал возејќи се на некој пик-ап или камион
3.jpg
Ако не си пукал со тенкот наназад за побрзо да се движиш
5.jpg
Ако твојата такси кариера не си ја завршил фрлајќи ја колата во море (со патници нормално) :D
6.jpg
Ако не си однел автобус полн мафијаши да те бранат од разни бандити како што се таксисти или Елвис во Лас Вентурас
4.jpg
Ако не си ја турнал колата во море, која секогаш стои паркирана над аеродромот во Сан Фиеро
7.jpg
Ако со Хидра авионот не си пошол да го бараш повторно снежниот остров. Изгубен пола саат-саат во НИШТО!
9.jpg

Ако со истиот авион не си пробал да минеш и низ најниските мостови
8.jpg
Ако не си се симнал од планината "по скратениот пат"
10.jpg
Ако барем еднаш не си возел ваков болид (рачна изработка на СиЏеј)
12.jpg 11.jpg

А има и едно нешто што веројатно никој не го направил.
Ја прошетал со кола Ломбард стрит :D
 
B

beaverknight

Гостин
Не си играл CS:GO / DotA ако не си се карал со руси, idi nahuy blyat...
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
13.966
Поени од реакции
29.575
Не си играл Кантер, ако не си ги скинал сите заложници онака од кеф :D

Не си играл Симс, ако на некој од ликовите му се серело, а ти намерно не си му дозволил да се олесни, колку да гледаш кај шо се нервира.

Не си ја играл тенковите на нинтендо, ако ја немаш сам испукано птицата.
 
Последно уредено:

Have an ice day

Get Free
Член од
26 јануари 2014
Мислења
498
Поени од реакции
959
Не си играл CS ако не си менувал на Q нож/weap едно 8-9-10 пати при секое почнување.
Не си играл CS ако не си ги заглавувал во агли играчите од твојот тим.
Не си играл Дота ако не си фидал ко луд после rage со 5 годишно дете што ќе те учи како се игра.
Не си играл WoW ако немаш скршено тастатура после 5h собирање за raid и сте направиле wipe поради afk играчи.
Не си играл ГТА ако немаш искцано проститутка и после ја газиш за да си ги вратиш парите :cool:
 
Последно уредено:
Член од
9 јуни 2016
Мислења
503
Поени од реакции
378
Не си играл кантер, ако не си ги чул зборовите: Оваа прилика ја користам да кажам дека џандарите тепаа и тато поздрави го.:rolleyes:
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.027
Поени од реакции
7.112
Суха Бљат!
Давајјј!
 
Член од
15 јануари 2011
Мислења
3.234
Поени од реакции
6.368
Не си играл WoW, ако не си дремел пред Stormwind city или пред Orgrimmar за да правиш дуели
Не си играл WoW, ако не си му побарал дуел на некој со помал левел и да го убиеш намерно
Не си играл WoW, ако си бил алијанса и не си го напаѓал кампот на хордите во Stranglethorn vale
Не си играл WoW, ако не си начекал некој со многу помал level и да тепаш додека не му скурчи и да се исклучи од играта
Не си играл WoW, ако утепаш некој и до неговиот труп напишеш /dance
Не си играл WoW, ако не си влегол во некој гилд и си им ја испразнил банката :icon_mrgr:
 
Член од
25 јули 2015
Мислења
245
Поени од реакции
95
не си играл дота 2 ако не си купил 10+ курира и ги пратиш мид да умрат
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.228
Поени од реакции
5.782
Не си играл ГТА ако не си изигрувал вистински шофер што ги почитува знаците и семафорите.
Не си играл ГТА ако не си возел со глисер до бескрај.
Не си играл ГТА ако не си фрлал бомби место петарди по улицата.
Не си играл ПЕС/ФИФА ако не си направил максимален број црвени картони.
Не си играл ПЕС/ФИФА ако не си скршил тастатура/џојстик
Не си играл СИМС ако не си го запалил домот.
 

EDCer

No Kitty, this is my pot pie!
Член од
19 ноември 2015
Мислења
1.027
Поени од реакции
804
Не си ја играл играта ако не си ги јадел противниците со 4 круга (без читови).
Toyeca vs. Cougar.jpg [DOUBLEPOST=1468034509][/DOUBLEPOST]Исто не си играл Анриал Турнамент 2004 ако не си ги местел нишаните на пушките по пола саат.
25_2k4XHairOptions.png
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
На врв Bottom