Не си го видела?

C

Cool Hand Luke

Гостин


Исак Њутн – Генијален научник. Основоположник на класичната Њутнова механика. Познат е по трите Њутнови закони. Малкумина знаат дека Њутн има напишано повеќе христијански дела, отколку научни.

„Сите мои откритија беа резултат на молитва."
Молитва со вистинска посветеност, или силна концентрација како Никола Тесла, или нешто измеѓу, сеедно му доаѓа. Битна е работата на себеси, да си помогне човек најпрвин себеси. А не со заспани изјави од типот - постои, не постои. :)
 
Член од
11 април 2010
Мислења
20
Поени од реакции
0
a sto ke kazis za tie sto se vernici samo koga se vo frka i veruvaat vo boga koga se ocajni i nemozat da go istrpat pritisokot na sopstvenata nemok
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Не мораш јавно да ме убиваш во поим.
Или не мислеше на мене? :)
 
B

Borg_Drone

Гостин
http://www.veronauka.com.mk/biblijata/biblijata2.html#3

А еве и од каде е превземено тоа.Во ред Чорбаџија ништо немам против, јас можам да ти посочам личности од минатото кои биле и подетални во претскажувања од самата Библија, па не се прогласени тие луѓе за големото Чудо.
Но, јас и тие луѓе не ги сметам за нешто посебно, зошто во нивните претскажувања, предвидувања и.т.н. не се и они којзнае колку конкретни, во секој случај подетални од Библијата да.За мене тоа се глупости искрено.
Ти ако сметаш дека е така во ред, јас не те разубедувам да си го смениш ставот.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Младите денес ја имаат загубено верата во Бог, затоа што се` уште се потпираат на своите моќи, мислејќи дека им се доволни. За нив верата е жртвување на секојдневните навики, ставање на своето јас на второ место...

Ним им е страв од посветувањето на својот живот и на своето делување на некој повисок од нив, зашто го немаат примено во себе поведението кое го налагаат светите книги. Било која вера (што учи на морални вредности, не ги вклучувам сектите што пропагираат криминал) е подобра од невера.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Borg Done, линкот што го посочуваш е сајт кој јас го јас го одржувам, пишувам. (види го мојот потпис) Затоа не се чуди ако најдеш многу сличности меѓу тој сајт и моите коментари.

Тешко дека ќе посочиш личности од минатото што дале какви било пророштва за иднината, а камо ли пак слични на оние во Библијата. Нострадамус е речиси единствен пример што го посочуваат како некој небиблиски пророк, но сепак неговите „пророштва“ се толку општи, симболични, неконкретни, а таму каде што се конкретни - тие се погрешни. Земи го само примерот за Нострадамовото пророштво за крајот на светот во 1999г или пак 2000г. (зависно од толкувањето)

Додека, ако имаш време да разгледаш, Библиските пророштва се многу поразлични, конкретни, детални, раумно непредвидливи во времето кога биле објавени од пророците. Во Библијата има над 6000 пророштва. Само за Исус Христос има над 300 пророштва (јас имам листа од 315) кои предвидуваат неверојатни детали од Неговиот живот, раѓање, смрт, служба. Тоа човечка мудрост не би можела да го предвиди. Зад таа мудрост може единствено да стои Бог и само Бог.
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Пророштвата се јака работа, и не ги гибајте.

Младите денес ја имаат загубено верата во Бог, затоа што се` уште се потпираат на своите моќи, мислејќи дека им се доволни. За нив верата е жртвување на секојдневните навики, ставање на своето јас на второ место...

Ним им е страв од посветувањето на својот живот и на своето делување на некој повисок од нив, зашто го немаат примено во себе поведението кое го налагаат светите книги. Било која вера (што учи на морални вредности, не ги вклучувам сектите што пропагираат криминал) е подобра од невера.
Види, не секој Бог, според Чорбаџијата е релевантен и вистинит.

И не за секого Богот на Чорбаџијата е релевантен и вистинит.
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Чарлс Дарвин - измислител на теоријата на еволуцијата.

“The mystery of the beginning of all things is insoluble by us; and I for one must be content to remain an Agnostic.” (Autobiography)

“In my most extreme fluctuations I have never been an atheist in the sense of denying the existence of a God.” (Letter to John Fordyce, May 7 1879)


Алберт Ајнштајн - Генијален научник, физичар, филозоф, основоположник на теоријата на релативитетот.

"Сакам да знам како Господ го создал универзумот. Сакам да ги знам Неговите мисли; се друго се детали."
"Мојата вера се состои од понизно восхитување на еден неограничен и супериорен ум кој се открива себеси во ситните работи кои ние можеме да ги набљудуваме со нашите ограничени и слаби умови. Ова длабоко и емотивно убедување за постоењето на една сила со разум, која се открива во несфатливата вселена, го сочинува мојот поим за Бог."

"Секој што сериозно сака да се занимава со научни истражувања, може да се увери дека во законите на вселената доаѓа до израз еден дух, многу посупериорен од човечкиот, дух пред кого нашата скромна сила мора да се чувствува понизно."


Исак Њутн – Генијален научник. Основоположник на класичната Њутнова механика. Познат е по трите Њутнови закони. Малкумина знаат дека Њутн има напишано повеќе христијански дела, отколку научни.

„Сите мои откритија беа резултат на молитва."
„Имам темелна вера во Библијата, која ја сметам за Божја реч, напишана од луѓе што биле боговдахновени. Библијата ја проучувам секојдневно."
„Атеизмот е бесмислен. Набљудувајќи го Сончевиот систем, гледам дека Земјата е поставена на оптимална оддалеченост од Сонцето, за да добива соодветна количина топлина и светлина. Ова не се случило случајно!"


Јохан Кеплер
– Основоположник на современата астрономија; ги открил законите за планетарните движења , познати како прв, втор и трет Кеплеров закон.

"Сакав да станам теолог, но сега гледам дека преку моите трудови Бог се прославува и во астрономијата, зашто ...небесата ја искажуваат Божјата слава, небото ги објавува Неговите дела" (овде Кеплер го цитира библискиот Псалм 19, стих 1.)
"Јас верувам единствено и исклучиво во службата на Исус Христос... Во него е секое прибежиште, секоја утеха."
"Бог е љубезен Создател, Кој од ништо ја создал целата природа."


Роберт Бојл
- Пионер на модерната хемија, физика, метерологија, а своевремено и претседател наздружението за дистрибуција на Светото Писмо.

„Запознавајќи ги Неговите дела, ќе Го запознаеме Него ( Господ )."
„Верувам во Христовата смрт, воскресение и вознесение, како и во сите Негови чудесни дела што ги извршил додека бил на Земјата, за да го увери човештвото дека Тој е и Бог и човек."


Мајкл Фарадеј
- Хемичар, но и пионер во истражувањата на електрицитетот, конструктор на електричниот мотор, на генераторот, трансформаторот, волтметарот,електролизерот и др. Величината ,,фарад" за електричен капацитет е такаименувана според неговото име.

„Немам никакви претпоставки! Јас се потпирам само врз сигурни работи, па ви велам : "Јас знам во Кого верувам и убеден сум дека Тој ќе ми го запази она што сум Му го доверил. " (Ова е цитат од Библијата, 2. Тимотеј 1:12 ).
„Најпрво, Му благодарам на Бог за сите Негови дарови."


Луј Пастер
- Ветеран областите на бактериологијата, пастеризацијата, вакцинацијата иимунизацијата. Го формулирал и законот за биогенеза. (Живот настанува само од живот).

,,Колку што повеќе ја проучувам природата, толку повеќе Му се восхитувам на делото на Создателот."
,,Науката ги доближува луѓето до Бог."


Вилијам Томсон (ткн. Лорд Келвин) - Еминентен физичар, заслужен за термодинамичките закони, за скалата на келвинови степени и апсолутната нула. Имал 70 пронајдоци.

„Околу нас има изобилство од докази дека се е создадено интелигентно и со дизајн... атеизмот е толку бесмислена идеја што немам зборови да го искажам тоа!"
„Во врска со потеклото на животот, науката... цврсто потврдува дека зад тоа стои сила на Творец."


Сер Амброз Флеминг
– Популарен професор на Лондонскиот колеџ. Пронаоѓач на вакуум диодите.

„Има изобилство од докази дека Библијата, иако ја пишувале луѓе, не е производ на човековиот ум. Безброј луѓе во сите времиња ја почитувале Библијата како комуникација на Создателот на вселената со нас.“


Вернер фон Браун
-конструкторот на ракетата Сатурн 5, која ги однесекосмoнаутите на Месечината.

„Има луѓе што тврдат дека вселената еволуирала преку случајни процеси; но какви случајни процеси можат да произведат човечки мозок или човечко око!?"
„Не можам да ги разберам научниците коишто не признаваат дека зад постанокот на вселената стои еден супериорен ум."
„Вселенските летови со луѓе се чудесно достигнување, но досега отвориле само едно мало прозорче, за да ѕирнеме во зачудувачките димензии на просторот. Овој поглед... треба само да ни ја зацврсти верата во недвосмисленото постоење на Творецот .“
Слушај Чорбаџи, ова шо си го постирал, покрај ситото на автентичност кое не го врват, многу битно, да знаеме на кој Бог мислел рецимо Ајнштајн? На Исус како Бог, или оној другиот наречен татко, старозаветен, континуиран во Исламот.

Пошо Ајнштајн како јудео-ционист, традиционално е да го нејќел Исус и да сматрал дека е еден добар шарлатан. Така?

Јас не ги спорам другите вери, сите водат кон едно те исто.
Чорбаџијата не мисли исто. И не сите "вери" водат кон едно исто, и не сите религии, се вери, и не сите вери се религии, и не сите религии и вери го дигат квалитетот на животот на единката, како општествено така интерно (во однос на битието, како посебен ентитет од космосот), и не сите религии носат до исти Едемски градини.
 
T

theTinule

Гостин
Претскажани???Од кога Библијата претскажува работи?Чудо, јас ова не сум знаел. И од каде знаеш ти дали јас ќе поверувам или не дека постои Господ ако јас лично го видам Господ на пример? Не ме прочита поназад што напишав?Следи ја темата од почеток, па давај коментари.
Да не ја предвидуваш иднината случајно?
Во Библијата нема предвидувања и претскажувања; Библијата не ја предвидува иднината, во Библијата пишува за работи кои се случиле во минатото, а тие може да се напишани од било кој со текот на годините.Колку што знам и предвидувањата а и дејноста на предвидувачите, претскажувачите се забранети од христијанската религија.Многу не предвидувај и претскажувај не е според христијанските обичаи тоа.

Случајно е пронајдено ова на Марс:

http://science.nasa.gov/science-news/science-at-nasa/2001/ast24may_1/

И случајно се говореше дека со Аполо мисиите видени се вонземјани:


http://www.ufocasebook.com/moon.html

Дали ти сега ќе поверуваш дека навистина на Месечината имало вонземјани, и дека на Марс имало живот?
Случајно сите од нас многу работи виделе што наликуваат на нешто, но на крајот пак се сведувало на тоа дека за тие работи немало конкретни докази.
Гледаш, ти пример ги сведуваш своите верувања на случајни работи.Јас пример ги сведувам на конкретни работи како на пример: пронаоѓање на череп прободен во око со римски шкорпион, скелет со знаци на исекотини од Ескалибур меч, шлемови, грнени садови и.т.н.

И еве, ќе додадам нешто на темата:

http://news.bbc.co.uk/2/hi/europe/8613258.stm

И пак на крај каменувајте ме зошто гледам на работите реално, а не од од вашата или нечија друга перспектива.
Има и видео на страната, убаво е објаснето.
Дискусијава ја следам од почеток и јас не ти претскажувам како ќе реагираш, туку тоа веќе е претскажано, не од мене.

За да одиш против нечие мислење треба прво да го знаеш. Тоа што го пишува во Библијата е моето мислење. Очекувам од тебе да знаеш што пишува внатре и да ми образложиш зошто мислиш дека тоа не е така. Ти го скокаш делот „да знаеш што пишува внатре“ - веднаш се префрлаш на бранење на твоите ставови и одење контра моите. Се сомневам дали воопшто имаш некогаш отворено Библија, туку твоиве знаења за неа се базираат само одоколу, што ти кажувале домашните што пишува во неа. Срамота е да незнаеш дека има пророштва и претскажувања во Бибилијата.

За линков што си ми ги пратил за „лицето“ на Марс,, ако тебе и на научниците тоа ви личи на лице, мене не ми личи, ама воопшто!

А и прилично сум убедена дека не сме единствените паметни суштества во целиот Универзум. Постојат еден куп други, само не ги знаеме, како што и тие не не’ знаае нас, ама тоа е веќе друга тема, остај тоа.

И мислиш дека верувам на последниов линк (дека пола и повеќето христијани веруваат нели) дека тоа е Исусовата наметка? Како што веруваат дека нашле клин и мислат дека тој е еден од клиновите со кои Исус бил распнат? Не сум до толку наивна, извини.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Јас не ги спорам другите вери, сите водат кон едно те исто.
Христијанската вера не се согласува со оваа изјава. Христијанството е многу тесноградо и тврди дека само верата во Христос води кон добро место, а другите кон лошо.

„Влезете низ тесната врата, зашто широка е вратата и простран е патот, што водат кон пропаст, и мнозина се, кои влегуваат низ неа. Зашто тесна е вратата и тесен е патот, што водат во живот, и малцина се кои го наоѓаат.“ (Исус Христос во ев. Матеј 7:13-14, Библијата)

Вистината е една, а има многу лаги. Христос е вистината, патот и животот. Можеби звучи некако тесноградо, ограничено и нетолерантно, ама тоа е тоа, Бог е суверен. Неразумно би било оној кој се дави да го бира начинот на кој што сака биде спасен и да мрчи зошто му пратиле кајче, а не хелихоптер да го спаси :)
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Христијанската вера не се согласува со оваа изјава. Христијанството е многу тесноградо и тврди дека само верата во Христос води кон добро место, а другите кон лошо.

„Влезете низ тесната врата, зашто широка е вратата и простран е патот, што водат кон пропаст, и мнозина се, кои влегуваат низ неа. Зашто тесна е вратата и тесен е патот, што водат во живот, и малцина се кои го наоѓаат.“ (Исус Христос во ев. Матеј 7:13-14, Библијата)

Вистината е една, а има многу лаги. Христос е вистината, патот и животот. Можеби звучи некако тесноградо, ограничено и нетолерантно, ама тоа е тоа, Бог е суверен. Неразумно би било оној кој се дави да го бира начинот на кој што сака биде спасен и да мрчи зошто му пратиле кајче, а не хелихоптер да го спаси :)
Замислија контрадикцијата сега, и во однос на темава, демек не мора да се види за да се верува... ОК...

Онда зошто морал таткото да се отелотвори во синот (карамбол :) ), да го реализира "планот" за спасение, и да им покаже (визуелно) дека Бог постои, а се бара вера без да се види.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Христијанската вера не се согласува со оваа изјава. Христијанството е многу тесноградо и тврди дека само верата во Христос води кон добро место, а другите кон лошо.

„Влезете низ тесната врата, зашто широка е вратата и простран е патот, што водат кон пропаст, и мнозина се, кои влегуваат низ неа. Зашто тесна е вратата и тесен е патот, што водат во живот, и малцина се кои го наоѓаат.“ (Исус Христос во ев. Матеј 7:13-14, Библијата)

Вистината е една, а има многу лаги. Христос е вистината, патот и животот. Можеби звучи некако тесноградо, ограничено и нетолерантно, ама тоа е тоа, Бог е суверен. Неразумно би било оној кој се дави да го бира начинот на кој што сака биде спасен и да мрчи зошто му пратиле кајче, а не хелихоптер да го спаси :)
Знам, ама карактерно сум либерална, особено кога не можам да делувам на веќе воспоставеното плурално општество во поглед на религиите. И што сега? Да ги осудувам другите? Не ми паѓа на памет.

Тоа е во најмала рака НЕПОЧИТУВАЊЕ КОН ДРУГОСТА. И има многу работи од христијанството што не би ги прифатила никогаш. Не ме интересира религија и црква, ме интересира вера. Куранот ми е исто така предизвик за читање, особено откако го имам во пе де еф па не мора да ги правам обредите...
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Слушај Чорбаџи, ова шо си го постирал, покрај ситото на автентичност кое не го врват, многу битно, да знаеме на кој Бог мислел рецимо Ајнштајн? На Исус како Бог, или оној другиот наречен татко, старозаветен, континуиран во Исламот.
Поздрав до тебе пријателе :)

Јас никаде не реков дека Ајнштајн бил христијанин, ниту ќе речам такво нешто. Ниту па тоа би го рекол за Чарлс Дарвин :)
Јас само цитирав некои нивни теистички изјави, како и теистички изјави на познатите врвни научници во светото за да го разбијам митот на неинформираните атеисти кои тврдат дека науката и теизмот се две спротивни нешта.

Исламскиот бог „Аллах“ нема никаква врска со старозаветниот (а воедно и новозаветниот) Бог Јехова. Библискиот Бог е наречен Татко. Исламскиот Аллах има 99 имиња, но, како што знаеш, ниедно од тие имиња не е „татко“ :) Луѓето што ќе се покајат и вратат кај христијанскиот Бог се наречени „синови и ќерки“, а во Исламот тие се наречени „робови и робинки“. Тоа е многу важна разлика во природата на Бог и нашата врска со Него во христијанството и исламот. Христијанскиот Бог има драстично поблиска врска со луѓето, отколку исламскиот.

Исламскиот бог Аллах нема никаков континуитет со старозаветниот Бог, ниту пак со целата Библија воопшто. Тоа што Мухаммед сакал да си се надоврзе на старозаветниата линија на пророци и да се накалеми на нив, тоа воопшто не ја тангира еврејско-христијанската вера. И ти можеш да речеш дека си пророк и дека ти се објавил некаков ангел додека си работел у подрумот, ама тоа не значи дека и христијаните ќе ти веруваат :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom