- Член од
- 3 декември 2007
- Мислења
- 3.718
- Поени од реакции
- 772
Темава ја отворам инспирирана од Велигден и многуте атеистично - провокаторски искази што кружат по интернет зоната. Сите се темелат на единственото на кое што и можат - на исказот „Не си го видела Господ, зошто веруваш?“. Уште од старт да ве потсетам дека ни воздухот не го гледате па сепак го чувствувате. Самата поставеност на Земјата во однос на другите планети и Сонцето, овозможува само овде да има живот, што би било преголема случајност по пат на Биг Бенг да се случи. Понатаму, постои една пропорција, божја, section aurea според која се градени сите објекти во светот. Случајност?
И секако, не може еден атеист да зборува за тоа дали Господ постои, бидејќи за да се „види“ Господ, треба да се поверува во него и неговите моќи, да се прими во срцето, да се сфати дека животот ни е во негови раце. На тој начин ќе го ослободиме телото од сите земни глупости со кои секојдневно се оптоварува и ќе се препуштиме на Господ, зашто тој го има најдобриот план за нас.
Тешко е да си верник, тешко е да се откажеш од земните „моќи“ што ти се дадени, тешко е да прифатиш дека не си највисоката сила што постои.
Дали на атеистите воопшто може да им се дозволи да кудат нешто кое не го искусиле? Нешто во кое не веруваат? Нешто што за нив не постои?
Како ќе постоеше македонската писменост ако не е христијанството?