Нешто поинаков одмор

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Дали би отишле на одмор кој ни оддалеку не наликува на оној класичниот- море, плажа, сонце, забава до рани утрински саати ......
Наместо тоа, дали би одбрале годинава да речеме да се одморите од секојневието и да заминете на пример во Santo Stefano di Sessanio - Италија или некое друго место по ваш избор или нечија препорака.
Или пак останувате на она“море си е море“ ?

Santo Stefano di Sessanio се наоѓа во Abruzzo на само сто км од Рим и е едно средновековно селце на висина од 1250 м, претставува класичен пример на италијанската архитектура од тоа време кое и до ден денешен останало исто/ нечепнато поради опкруженоста од ѕидини - и неговата запуштеност од местните жители кои заминале на заработувачка по градовите ,Всушност тоа и била единствената причина што модернизацијата го одминала.

Albergo Diffuso Santo Stefano di Sessanio – е уникатен селски хотел каде е зачуван уникатниот карактер на месноста Материјалите, мебелот, текстилот – се’ што е во старо-новиот хотел е автентично и било собрано од блиските села во Абруцо. Зачувани се селските традиции, возродена е и местната кујна.

ПА?!o_O

повеќе на http://hqroom.ru/srednevekovyiy-otel-v-italyanskih-gorah.html
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Моментално да имам доволно пари за ваков одмор, со трчање ќе заминев.
Не верувам дека посоти човек што не сака одмори.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Моментално да имам доволно пари за ваков одмор, со трчање ќе заминев.
Не верувам дека посоти човек што не сака одмори.
не , дали сакаат или не одмори
прашањето ми беше дали наместо одмор на море некој би одбрал ваков одмор- ова погоре беше ко пример само.
Дали ти- својот летен одмор би го поминал на вакво место и ваков начин - или би отишол на море , во хотел со 5 * со тутма народ, гужви преполни плажи и бучни места?
 
S

Shellshock nam67

Гостин

jas bi odbral Kazan trip na Odesa :pipi:
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
не , дали сакаат или не одмори
прашањето ми беше дали наместо одмор на море некој би одбрал ваков одмор- ова погоре беше ко пример само.
Дали ти- својот летен одмор би го поминал на вакво место и ваков начин - или би отишол на море , во хотел со 5 * со тутма народ, гужви преполни плажи и бучни места?
Недоразбирање, се извинувам.
Па да секако би го заменил, јас сум авантурист никогаш не одам на одмор на истото место, секогаш сакам да видам нешто ново. Би одел и на море и во планина и на езеро, и во град и во село..... секаде.
Кога станува збор за дестинациите, од преголема љубов за шетање, имам и список направено каде сакам да одам и што да посетам.
Списокот е долг но не и невозможен:D
Го сметам како една замислена цел во животот што треба да ја направам пред да.....:place:
Еве само една замисла од мојот список ,како би сакал да ми изгледа одморот.
Се разбира не се сите идентични. Секоја дестинација со свои благодети и со мои посебни желби и идеи.
http://forum.kajgana.com/threads/Ирска.56839/#post-4644529
Малку и си фантазирам, ама тоа е како резултат на:vozbud:
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
- за ваков одмор не треба да се трошат пари по светот
и кај нас има вакви “заврлени“-преубави,нечепнати,заборавени места
во цело Мариово-Тиквешијата покрај Црна па до височините на Кожув
во цело Порече од Суводол до Здуње а сега и со прекрасното езеро
во цела Осоговија- Козјачијата до Подржикоњ и Огут па до Малеш
е ама нашинецот е вакциниран, т.с. алергичен на природен “селски“
туризам, тој и самиот се симнал од тие предели па сега без асфалт,
Веро и Рамстор не можат.Заборавија на опинок,самар и бакардан.
 
што може да понудат тие места- освен нечепната природа? ама освен природата и ништо друго не е чепнато со децении
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
За мене најпосакуван вид одмор се туристички патувања со разгледување на историски споменици и знаменитости.
На пример, би сакал да ги посетам остатоците на Стар Египет, Вавилон, Персеполис ....
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
што може да понудат тие места- освен нечепната природа? ама освен природата и ништо друго не е чепнато со децении
- нечепнатата природа е нашето богаство
- точно нема ни патишта до некој од овие места
но замисли и да е све О.К. дури и подобро од сликиве
кога ќе се вратиш од одмор и кога ќе те прашаат каде си бил,
одговараш: во Герман,Конско,Козбунар,Инче,Бенче,Калуѓерец и сл.
кој срам ќе го претрпиш од тие што те слушаат а поколенија од таму
а од нив ќе чуеш: Грекос,Туркеш,Туништен,Египштен,Хаваиштен и сл.
 
Член од
2 ноември 2011
Мислења
68
Поени од реакции
81
Го сакам морето, но би отишла и на некое планинско место особено на некое такво место како што е прикажано погоре на сликите. Многу сакам ( се надевам ќе го оставарм тоа) да си го ставам ранецот на грб и со ВОЗ да ја прошетам цела Европа.
- нечепнатата природа е нашето богаство
- точно нема ни патишта до некој од овие места
но замисли и да е све О.К. дури и подобро од сликиве
кога ќе се вратиш од одмор и кога ќе те прашаат каде си бил,
одговараш: во Герман,Конско,Козбунар,Инче,Бенче,Калуѓерец и сл.
кој срам ќе го претрпиш од тие што те слушаат а поколенија од таму
а од нив ќе чуеш: Грекос,Туркеш,Туништен,Египштен,Хаваиштен и сл.
Ќе претрпиш срам затоа што си бил кај што си сакал ?! Тоа е проблемот кај нас што сакаме да се покажеме ете кај сме биле, ако отидеме на Миконос или во Шпанија сме фраери, а ако отидеме во некое наше село ќе трпиме резил... во состојба сме да отидеме на одмор па и по цена од кога ќе се вратиме да немаме што да јадеме...мислам, немам зборови навистина...
 
Член од
2 август 2011
Мислења
383
Поени од реакции
653
Ќе претрпиш срам затоа што си бил кај што си сакал ?! Тоа е проблемот кај нас што сакаме да се покажеме ете кај сме биле, ако отидеме на Миконос или во Шпанија сме фраери, а ако отидеме во некое наше село ќе трпиме резил... во состојба сме да отидеме на одмор па и по цена од кога ќе се вратиме да немаме што да јадеме...мислам, немам зборови навистина...[/quote]

Тоа е нашиот малограѓански менталитет, подобро со пиперки и домати (оттука однесени) во Грчка отколку да кажеш дека си бил на село за одмор. Мизерна е македонската психологија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom