Неудобна гардероба и чевли

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
885
Сте имале ваков проблем или тоа дури и често ви се случува да имате проблеми со неудобна гардароба и чевли?

Чевли убави на изглед, точни се и супер се додека ги пробувате и после мака ви е да ги носите отечени стапала, плускавци итн. А сте ги посакувале долг период и на крај ви создаваат само проблеми! Ги носите и понатаму додека не се подрашират (иако тоа е болен период а често и несупешен)? Ги фрлате во некое ќоше и не сакате да ги погледнете? Ги подарувате? ...

Исто е и со гардароба. На изглед супер ама фармерките ве стегаат, блузата се растегнала, фустанот ве стега одвај дишите во него, долната облека ви е ужасно неудобна (посебно жените со фижбанот на градниците си имаат проблем :)), купачите за сончање ве стегаат итн.
Што правите со гардароба? Продолжувате да ја носите иако ви создава тоа проблеми или во канта :)
 
KoNtEjNeR

sapun
Член од
19 декември 2005
Мислења
2.306
Поени од реакции
44
Најчесто проблем со патики, на изглед супер, ги носиш 1 ден и сваќаш дека си се заебал, но сепак кога нешто си посакал и си го купил... ниеможеш така лесно да го фрлиш, си ги чувам и понатаму, и ги носам само кога ептен ќе имам желба баш нив да ги облечам иако знам дека ќе ме болат нозете :) :)
 
bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
мене ништо што ќе зеам од старт не ми е удобно, па и најобично капче...

со тек на време гардеробата ти се уклапа у телото, па така можам и фудбал со токсидо да играм :wink:
 
delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
92
Ова зима си купив чизми со штикла:vozbud:
Подолго време се носев полежерно и спортски,не си посвтетував многу внимание,па затоа решив малку да сменам,сакав да изгледам поженствено,поубаво...и ги облеков чизмите и не можев два чекора да направам,нозе ме болат ке паднам.
А порано и трчав со штикли:pipi:
И оти сум упорна,ги носев ама со мака и на крај попуштија малце,ногата ми се навикна и ете ги мкнам цело зимо.
Не сум од оние што се откажуваат.
Сум имала и тесни фармерки и тесни сандали,ама ко ке решам со тие ќе одам и во нив одам.
 
VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.692
Поени од реакции
2.355
Летото 2008 ептен ќејф ми напраја штикли 12 cm.
Ги купив шо ги купив,се дури не излегов со нив..
Ужаси,едвај чекав дома да си дојдам,прв пат во штикли да се осеќав онолку неудобно и за нигде.
Сеа неам појма ни кај се, од таа вечер уш еднаш не ги облеков.
А,баш беа убај..
Со гардероба неам проблем,брзо ми поминува меракот за едно парче облека,така да не сум носталгична по нив многу.
Ако ми е нешо неудобно или смалено или за нигде ми стојт и го давам на брачеда ми..џабе ми фаќат место в плакар.
 
the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Не е гардероба? : )

Неам ја проблеми со гардеробата, све ми стои пасент или па малце поширочко. Фармерки,маици,дуксери,јакни ... све е тоа под конец купено,нема промашај со бројот и величината. За патики па да не праиме муабет.
 
H

^HITMAN^

Гостин
Гардароба ??? :nenene: Инаку сум имал проблем со кондури најчесто. Некои ми прават дури и рани на нозете иако скапо платени, да си пукнеш од мака.
 
Член од
27 јануари 2009
Мислења
1.044
Поени од реакции
40

stiklive mi izgledaat dosta neudobni :pos2:
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
885
Добро де сум го згрешила насловот. Нека поправат модераторите. :)

stiklive mi izgledaat dosta neudobni :pos2:
Па немаш вајда дома вакви!
Темата е тебе да ти е неудобнa гардаробата и чевлите и што правиш во тој случај.
Батали манекенкиве за висока мода, тие за пари ги носат. Не се комерцијални чевливе.
 
Член од
23 август 2008
Мислења
1.754
Поени од реакции
264
Најчесто проблем со патики, на изглед супер, ги носиш 1 ден и сваќаш дека си се заебал, но сепак кога нешто си посакал и си го купил... ниеможеш така лесно да го фрлиш, си ги чувам и понатаму, и ги носам само кога ептен ќе имам желба баш нив да ги облечам иако знам дека ќе ме болат нозете :) :)
Јас баш вака се зезнав прошлата недела :(
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
885
Јас баш вака се зезнав прошлата недела :(
Абе патиките ќе ги носиш неколку пати и ќе се опуштат.
Освен ако веќе не си земала многу помало бројче.
Ама со чевлите е потешко. Некоја кожа не сака ни да чуе да се опушти малце. Ми кажаа кај чевларите имало некоја направа каде раширувале чевли, планирам да однесам една ланска балетанка-сандала која е ептен убава ама лом ме прави. А и плус не се носи на чорапчиња па нема шанси да ја носам 10 пати и да чекам да се прилагоди :)

Aли пред неколку години како јако се заебав со купачи аууу. Купив едни преубави на попуст и некако ме стегаа ама немаше поголемо бројче. И викам ај бе од сонце и вода ќе се растегнат топ ќе се. Како не. Одвај ги носев и ми правеа линии од што ми влагаа у месо седејки на плажа. Не ми беа многу мали ама сепак мразам да се чуствувам неудобно. Не планирам да слабеам и ги баталив.

Ах да и купив зимово кошулка-боди. Немојте да купувате! Понеудобно нешто нема! Бодито кога се носи како долна маичка е памучно и ликра и се тегне. Ова кошулава не се растегнува многу. И ужасно е. Па однесов на шијач да ми го извадат бодито и нормална кошула е сеа :)
 
da da i mene mi se ima istoto sluceno so bodi kosula, epten e neudobno i na kraj istoto go napraviv, sega e samo kosula :)
 
Член од
23 август 2008
Мислења
1.754
Поени од реакции
264
Абе патиките ќе ги носиш неколку пати и ќе се опуштат.
Освен ако веќе не си земала многу помало бројче.
Ама со чевлите е потешко. Некоја кожа не сака ни да чуе да се опушти малце. Ми кажаа кај чевларите имало некоја направа каде раширувале чевли, планирам да однесам една ланска балетанка-сандала која е ептен убава ама лом ме прави. А и плус не се носи на чорапчиња па нема шанси да ја носам 10 пати и да чекам да се прилагоди :)

Aли пред неколку години како јако се заебав со купачи аууу. Купив едни преубави на попуст и некако ме стегаа ама немаше поголемо бројче. И викам ај бе од сонце и вода ќе се растегнат топ ќе се. Како не. Одвај ги носев и ми правеа линии од што ми влагаа у месо седејки на плажа. Не ми беа многу мали ама сепак мразам да се чуствувам неудобно. Не планирам да слабеам и ги баталив.

Ах да и купив зимово кошулка-боди. Немојте да купувате! Понеудобно нешто нема! Бодито кога се носи како долна маичка е памучно и ликра и се тегне. Ова кошулава не се растегнува многу. И ужасно е. Па однесов на шијач да ми го извадат бодито и нормална кошула е сеа :)
имам и јас носено балетанки ама не ми помогна многу, абе кога нешто нечини-не чини, ене ги уште ми стојат дали три пати ги имам носено...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom