Под претпоставка дека не си трол, ќе одговорам.
Да, подобро е развод отколку детето да расте во нездрава средина и со несреќни родители. Дали ќе дојде до развод размисли убаво, дали има шанси да се спаси бракот, љубов, колку време трае ова итн.
Ако веќе дојде до развод, МНОГУ, ама МНОГУ внимание и работа со детето, и од двајцата. Не да го делите детето, не да си се одмаздувате еден на друг преку него и не вие на прво место, туку детето, за било што. Понатаму ако најдете други партнери, пак детето приоритет и никој друг. За децата на разведени родители потребна е посебна нега, особено во општество каде разводот не е сеуште целосно прифатен.