Си имате врска (не е важно колку време), но ете доаѓа момент да изневерите (без разлика од која причина). Значи, некоја мала авантура која не ви оставила некој посебен впечаток, па сте ја продолжиле врската и речиси сте заборавиле на личноста со која сте изневериле. Не знае за авантурата партнерот, а таа/тој со кој сте изневериле не знаел/а дека сте во врска.
Арно ама, по некоја случајност се среќавате на улица (или кафуле или дискотека, пример) после некое време, а вие сте со партнерот со кој сте биле и тогаш кога дошло до неверството. И од нигде - никаде, доаѓа кај вас да се поздрави, па ве прашува зошто (после авантурата) ве снемало, што се случува со вас и слично.
Е сега. Можеби е тешко да се ставиш во таква ситуација ако си од оној тип луѓе кои не изневеруваат, но обидете се да се сконцентрирате на ситуацијата, а не наверството. Како би реагирале? Би и дале некаков знак на личноста дека не сте сами, па да внимава што зборува? Што ако партнерот цело време е до вас додека се одвива оваа ситуација? Како би се оправдале?
Или што ако кај вашиот партнер дојде некој со такви изјави и сфатите дека скрил нешто од вас? Дали би се обиделе да дознаете зошто го направил тоа и да разговарате за тој период кога се случило за да ги дознаете причините? Или уште веднаш ќе бидете иницијатор за раскинување?
Ве молам само воздржете се од коментари како: „Никогаш не би изневерил/а, па не можам да кажам“. Обидете се да ја замислите ситуацијата.
Уште еднаш да напоменам, не ми е целта да се дискутира зошто дошло до неверство (за тоа има друга тема), туку оправдувањето и начинот на кој би објасниле или како би реагирале доколку дознаете на ваков начин.