Пирло>Чави
There it is I said it
Според мене Пирло е подобар играч од Чави. Причини можам еден куп да набројам, па ќе почнам со некои основни работи. Пирло беше мајстор за прекини, таков мајстор што Чави во оваа категорија не може ниту на скала да биде ставен и да биде рамнет. Има постигнато околу 50 голови од слобеден удар во кариерата и тоа слободни удари од кои повеќето го оставаат човек со отворена уста мислејќи се како е можно топката такво движење да добива после нечиј удар
![Зелен :icon_mrgr: :icon_mrgr:](/styles/default/xenforo/emot/icon_mrgr.gif)
. Исто така според мене Пирло е поквалитетен поради улогата во средината на теренот која Чави ја немаше. Чави играше поголем дел на кратки топки, неговите пасови се базираа на игра по земја, додека Пирло го играше многу потешкиот дел во фудбалот користејќи ги долгите топки пратени зад одбранбените фудбалери на противникот, многу често наоѓајќи ја својата вистинска цел. Онака најсубјективен дел од споредбата сметам дека е тоа што според мене гледајќи го Пирло како игра беше право уживање, многу поголемо од играта на Чави. Некако тоа што Андреа го правеше на теренот е единствено онака со тие чудните движења со главата со кои исфрлаше играчи од колосек и ги праќаше по бурек.
Друго мислење што мислам дека само миланезите ќе го оспорат во врска со Пирло е тоа што сметам дека ако ја немаше играта во Јуве која ја имаше тој немаше да се смета за таква легенда за каква се смета сега.
Друга споредба на играчи од средината за која ќе се запалат фанови на Ливерпул е онаа меѓу Лампард и Џерард. Лампард според мене е поквалитетен фудбалер и повеќе покажа во текот на кариерата. Џерард многу повеќе симпатии добиваше заради играта во Ливерпул и фактот што немаше титула во ПЛ, па ајде повеќето муабети беа дека се жртвува и тие такви ствари.
И за Тоти ќе пишував нешто али ме мрзи друг пат здравје
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)