Неписменоста на форумот

Д

ДаркхарТ

Гостин
Мене највеќе ме нервира пишување на дијалект.Си го тупам мозокот додека да сфатам шо сака писателот да каже.И во оваа прилика ги замолувам сите шо пишуваат на дијалект да го сменат тоа.Затоа шо не ги разбира секој.
 
zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.427
Поени од реакции
6.073

Прво ти почни да не пишуваш на дијалект па потоа замолувај некого. :tapp:
 
С

Спенсер

аииии...хахахаха.... не спомнувај, кога ги читам штипјани,струмичани,гевгелилани (без навреда), се кинам од смеење... ептен јак дијалект имаат..:vozbud:
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
- моја поддршка до членовите на форумот кои пишуваат на дијалект . искрено , многу од мислењата би го изгубиле шмекот ако би биле напишани строго литературно :toe:.
- затоа не им мрсете на луѓето , важно е да имаат што да кажат а како ? епа сега...
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772

Дијалектите се дел од литературниот јазик. Не се дел од стандардниот. Литературата е широко поле на израз, каде доколку би се скратила зборообразбата и употребата на колоквијални изрази, би се загубиле во исцементиран бирократски јазик, роботски и едноличен. Сите кои не знаете дека дијалектите се богатство на јазикот, од каде впрочем тој се збогатува, можете некоја лектира да прочитате. Препорака: Крпен живот.
Понатаму, постои огромна разлика меѓу неписменост и употреба на дијалект. Неписменоста вклучува незнаење правописни правила. Пример: сфати, а не свати, се` уште, а не сеуште и слично. Да не беа дијалектите, немаше да постои ниту стандардниот јазик. Ценете.
Немањици, не го сфаќај ова лично. И` се обраќам на изнервираната стандардна ШО-девојка.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Едно е да пишуваш на дијалект, друго е да покажуваш дека си неписмен. Едни од најчестите грешки што ги имам сретнато низ постови се: МакедонИА, без Ј помеѓу И и А, потоа наместо дајте ми, гледајте ме, некои членови пишуваат дај те ми, гледај те ме, српските презимиња на Ч наместо на Ќ. Си имаме своја азбука, си имаме буква за тој глас и таа буква е Ќ, не е Ч. :smir:
 
ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Мене највеќе ме нервира пишување на дијалект.Си го тупам мозокот додека да сфатам шо сака писателот да каже.И во оваа прилика ги замолувам сите шо пишуваат на дијалект да го сменат тоа.Затоа шо не ги разбира секој.

Ако подзапниш.
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Мене највеќе ме нервира пишување на дијалект.Си го тупам мозокот додека да сфатам шо сака писателот да каже.И во оваа прилика ги замолувам сите шо пишуваат на дијалект да го сменат тоа.Затоа шо не ги разбира секој.
Значи дијалектите терба да се забранети на форумот а и плус тоа не се македонски:pos2:

Овој е слободен и демократски форум и не ми пречи кој како пишува.
Битна е поентата во постот.
 
Д

ДаркхарТ

Гостин
Прво ти почни да не пишуваш на дијалект па потоа замолувај некого. :tapp:
Моето ШО не е ништо у споредба со некои од Охрид Прилеп и сега да не набројувам од кои градови без навреда.Башка тоа 90% од членовиве го користите зборот ШО сигурно не сте толку културни ко на форумов. А и за типката ШТО ми намали репутација поради мојот пост и ми порача да научам дијалект,сигурно јас нема да седнам сега и да учам сите дијалекти ШТО постојат.Нека се научат други да пишуваат литературно па после нека викаат јас да учам дијалекти.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Арни ни се дијалектите, утре задутре ке појдиш во Струмица нема да разбериш шо сакаат да ти кажат. Учи троа на форумов и не го тупи многу.

Него ме нервира во последно кога гледам пост од 9-10 реда, можеби и повеќе, а никаде точка, запирка или некој интерпукциски знак. Треба едно 7-8 пати да го прочиташ постот за да сватиш што сакал да каже авторот.

Дајте да му се сневиди откако ке го напишеш постот застани и прочитај го. Стави се во ситуација на некој трет што воопшто не те познава. Треба да му дадеш доволно информации за да може да ти одговори. Во спротивно ке добиваш смајлиња :)
 
Член од
12 октомври 2008
Мислења
1.945
Поени од реакции
89
Дијалектите не се никаков проблем и лесно се разбираат во пишувана форма. Туку мене најмногу ме нервираат постови на латиница. Онака кога разлистувам некоја тема најчесто латиничните текстови ги прескокнувам.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Моето ШО не е ништо у споредба со некои од Охрид Прилеп и сега да не набројувам од кои градови без навреда.Башка тоа 90% од членовиве го користите зборот ШО сигурно не сте толку културни ко на форумов. А и за типката ШТО ми намали репутација поради мојот пост и ми порача да научам дијалект,сигурно јас нема да седнам сега и да учам сите дијалекти ШТО постојат.Нека се научат други да пишуваат литературно па после нека викаат јас да учам дијалекти.
Од кога културата има врска со употребата на дијалектот?:tapp: Ти не треба да се срамиш од употребата на твоето ШО. Тоа е скопски дијалект, групација зборови по кои се препознаваме и идентификуваме. Срами се ако ,,кужиш" и останати бљувотини на 21-виот век те обземале. И никој не те ни процени како толку способна за да можеш да ги научиш сите дијалекти. Реков да ги цениш. Само ако се поразлични од скопскиот дијалект, не се помалку вредни. Не постојат сиромашни и богати јазици, ниту сиромашни и богати дијалекти. Сите тие се развиле, според потребите на општеството и населението.
П.С. Уште постојат такви што кукаат за репутација? ЗоЖто?:(
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Ај тука на темава дијалекти, говори, говорни подрачја и правила. Жалби и поплаки, како и детални дискусии за репутација да си извршувате по профили.
Не е тука местото за овие работи. Бек ту д трид.
Гуд лак...:сепредавам:

Во однос на темава, си го имам кажано ставот некаде поназад, но еве ќе истакнам уште еднаш.
Иако по правило форумов би требало да биде место каде секој може да се изразува како сака, сепак мислам дека поубаво е кога сите до некаде би се труделе да пишуваме на некој стандардизиран македонски јазик за да би можеле полесно да се разбереме.
Воопшто не ми пречи кога ќе прочитам некој пост кој е напишан на дијалект. Баш напротив, тоа ми дава до знаење колкава разновидност има македонскиот јазик.
А тоа за еден јазик е и повеќе од убаво.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Крајно вулгарно е да се коментира пишување на друг дијалект! Зборуваме за еден голем дел кој е воглавном млада популација и немале многу „разговорни“ можности за вежбање на литературно говорење.
Зборуваме на наши сограѓани, за кои сепак е најбитно како и на сите нас тука да имаме можност и доблест да се сослушаме еден со друг, научиме нешто ново и согледаме дека работите можат и од друг агол да се набљудуваат.

Да си ја почитуваме слободата на мислата. Да си го почитуваме јазикот во сите свои нијанси и да се трудиме да го совладаме. (не понижувајќи се меѓусебно за тоа)

Зошто да не се размислува дека токму Кајгана е поле каде што ќе се поттикнат луѓето да примат од „писменоста“ на другите постови?
 
zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.427
Поени од реакции
6.073
Моето ШО не е ништо у споредба со некои од Охрид Прилеп и сега да не набројувам од кои градови без навреда.Башка тоа 90% од членовиве го користите зборот ШО сигурно не сте толку културни ко на форумов. А и за типката ШТО ми намали репутација поради мојот пост и ми порача да научам дијалект,сигурно јас нема да седнам сега и да учам сите дијалекти ШТО постојат.Нека се научат други да пишуваат литературно па после нека викаат јас да учам дијалекти.
Во стандардниот јазик се влезени говорите од Велес,Битола,Прилеп и Охрид затоа што имале најмало влијание од соседните јазици.Барем да кажеше за овие од куманово или од струмица ај ке те разберев ама за охрид и прилеп.(добро ај во Охрид има некој дијалект али најчесто употребуван од лица кои сакаат да се покажат (пуваат) дека се од охридов)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom