ВМРО
Loved By Few, Hated By Many, Respected By All
- Член од
- 12 септември 2005
- Мислења
- 1.863
- Поени од реакции
- 26
Во ДУИ се децидни дека никогаш нема да дозволат македонското судство да им суди на Али Ахмети, Гзим Острени, Рафиз Алити или на друг поранешен припадник на ОНА. Премиерот Владо Бучковски најави дека очекува четирите судски предмети од Хашкиот трибунал да почнат да се враќаат до крајот на годинава. Станува збор за случаите "Водство на ОНА", "Насилството врз киднапираните градежни работници на ?Маврово'", "Затворањето на браната на Липковско Езеро", поради што Куманово остана без вода, и "Гробницата кај Непроштено".
- Нема суд во Македонија што ќе ми суди мене, на Ахмети или на кој било друг припадник на ОНА, бидејќи ние се изборивме да се донесе Законот за амнестија. Само Хашкиот трибунал оценува дали треба да отвори постапка за дела против човештвото. Ако Хаг ме обвини, уште утре ќе се појавам таму. И цела Македонија да се крене на нозе во моја одбрана, јас ќе мора да одам, но тука нема кој да ни суди. Видовте како заврши случајот "Раштански Лозја", со свирки и песни. Тоа докажува дека домашното судство е некомпетентно да суди за такви случаи - изјави Рафиз Алити, потпретседател на ДУИ.
Премиерот Владо Бучковски завчера изјави дека треба сериозно да се сфатат препораките на Меѓународната кризна група да не се преземат четирите предмети од Хаг се додека македонското судство не ги заврши реформите. Тој најави дека очекува предметите да почнат да се враќаат до крајот на годинава.
Гарет Еванс, член на МКГ, во средата во Скопје изјави дека е најдобро предметите да се решаваат во Хаг. Тој додаде дека ако не е можно тоа, важно ќе боде тие да не бидат вратени се додека судството во Македонија не се реформира целосно. Според него, во Македонија сега нема услови за фер и демократско судење. Спротивно на ова, министерката за правда Мери Младеновска-Ѓорѓиевска во истиот ден изјави дека Македонија е подготвена за враќање на четирите предмети и дека македонските судови имаат капацитет да решаваат за предметите. (М.Т.)